Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
150222_427111937358592_1068625326_n.jpg
 
Винце мое убаво црвено, што би јас без тебе ?
Биваше да си ги заборавам д слипинг пилс во Скопје, ама винце е секогаш до мене.
Поздрав до винце.

Поздрав и до сите браќа и сестри инсомнијаци.
Убава музика со надеж за долг сон :sleep:

п.с. се наредив со поздравиве како на зона фм да сум пишала смс :facepalm:
 
Денов почна тоБ, колегава од срце ме изнасмеал сабајлево. Влегувам, уште капутот на мене, добро утро, добро утро, и ме прашува, брат ми ќе ја пари кучката, да не сакаш кученце за чување? Знаејќи ме, прашањето беше вакво :eek: Во истиот момент се срушив од смеење, не дека не сакам, ама кој ќе дава пари за папучи. :pos:
 
Ех моја кајганче, камо ли ти еднаш да можеш да проговориш. Да ја отвориш устата и да им одговориш на сите оние што ти пишуваат и исповедаат за своите грешки, туѓите, копнежи,стравови, бедови, јадови, па да слушнеме навистина дали било така или само нивната страна од приказната.

Ех иако си само виртуелна, понекогаш те чуствувам како да имаш душа и доволно големо срце за да не ислушаш сите нас. :)
 
Исчитав се! Малце каснам, ама кога ќе размислам и ланскиот календар уште ми стои, па не е толку страшно ова. :oops:

едит: 2 пати на една страница, нешто не е арно.
 
Кајганче,
Спие ми се, плаче ми се... А требе да пишам. Можам убаво да пишам. Ама нејќам да пишам.

Поздрав,
Луки.
 
Д.К

Приметувам во последно време една позитивна работа во ЈСП. Се повеќе луѓе кои патуваат од точка А до точка Б читкаат книги во бус. Тоа ми прави ептен ќејф и ме радува, има некоја промена има. :)
 
"Какво вежбање какви теретани и фитнеси - какви глупости, оди насади 5 декари тутун... не да ослабиш и мускули да напрајш, нема да можиш на нозе да застаниш!"
 
Одлично поминав на денес ! И двата предмета ги скинав од корен. 8миците со во џеб, а ако се смилуваат проф. може и 9ки :D. Ќе ми беше ептен криво ако го одложев вториот за крајот од месецот, боза беа прашањата денес. Самодовербата е ѕверска работа у вакви моменти.


ПС - Се видов со дамнешно другарче, стидиите не' разделија ептен. Добро беше, али останува за викендот да се видиме .. Од блиску ! ;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom