Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга знај шо е нај јако?
Нај јако е да му влезиш на таксист во 00:30 , и да те вози.... и после 5 минутно возење да му речиш: е овде на ова кривина погинав пред 5 години.
 
Драга, зашто животов е толку суров ?

Понекогаш едноставно сакам да се вратам назад кога бев детенце, и ич не ми беше гајле за ништо, кога единствената болка ми беше одраната кожа од колената, а денес каде и да се свртам, секој гледа како може да ти наштети, да ти создаде болка, да те повреди.

Сакам едноставно да избегам некаде, некаде каде што никој нема да може да ме најде, на некое место каде што ќе најдам мир и спокојство.

Од сабајле рано сум станат, едвај и око да склопив, но тоа е што да се прави.

Времево ладно, излегов прееска надвор и за 10 минути фацава ми беше спремна за липосукција, се смрзнав.

Утре на факс, треба потписи да се земаат од професори, и тоа врткање навака - натака, а за една недела почнува и колоквиумска.

Тоа е Драга.
 
За најсветото во животов. За брат ми.

И секако честит именден и слава на сите оние форумџии кои се викаат Ѓорѓи.

колку што разбрав од баба ми денеска е само ден за слава, за ѓорѓија се славело за ѓурѓовден ;)
можи само во прилеп да е така
 
колку што разбрав од баба ми денеска е само ден за слава, за ѓорѓија се славело за ѓурѓовден ;)
можи само во прилеп да е така

Ако пријателе, име си е име. Јас два пати во годината му честитам име и купувам за частење. Така и оваа. :)
 
Драга, денеска мајками ми го прави омиленото јадење, тава, од прееска седам во кујна и уживам во мирисот додека се печи.
Пред малку појдовме до продавница, и ај ќе одиме со мајками без шатор, шо знам кој будали не фатија, дома си дојдовме целите бели, водена коса, патиките водени скрос, палтото го кладов пред камин да ми се суши, абе убавини, од кога си немам вака убаво поминато.

За несреќа чуствувам дека се разболувам а наидува пмс, а и недела за учење, комбинација снова.
Не знам како ќе издржам наредниве 2 недели, кој баксуз сум во учењево годинава.
Одам сеа да јадам, see you later.
 
И замисли,преполна сала,кажувам,кажувам и наеднаш го заборавам текстот. 5 секунди тишина,ми изгледаа ко 5 саати. Ама ако. И на поголеми актери од мене му се случило тоа. Плус и на крајот најголем аплауз добивме. А и мора да сум единствен во се,па така само јас се збунив на сцената :свиркам:
 
Ако си отидам од овој град
ќе биде
како да сум си ја отсекла раката
и сум ја дала
на питачот
со неа, наместо да проси
да напише роман
за поубаво Скопје.

Ако си отидам од овој град
нема никогаш да дознае
како е да се трча по снегот
додека солзите се претвораат
во некои нови партитури
на непознати мелодии
кога чантата ми тежи
од ментол бомбони, стуткани паломи
и кутија со ручек за на работа.

Ако си отидам
Тој никогаш нема да биде ист
А најмалку ќе бидам иста Јас.
Ако си отидам од овој град
Место срце
Ќе имам во себе грутка мраз.


Скопје.
Чекај ме секогаш тука, каде и да сум.
IMG-20121209-00864.jpg
 
Драга ме посла и мене грипот, со затнат нос и фанато грло сум цел викенд. Вчера жими саат време што бев станата од кревет и толку. Ама ако, чајот е тука заедно со макропенот, си се дружиме, поубава вечер здравје. Волку не ми било убаво од кога дознав дека веста за смртта на Зоки Фаци е лажна.
Туку ај да не должам многу, ти имам кажано драга дека многу сакам патриотки од типот на Донатела Версаче. Онакви срциња мали недораснати, ти иде да ги врзеш за еден стол и да ги poke со стапче од далечина бидејќи ако ги допреш со гола рака страв ти е да не ти пренесат глупо врз тебе. :icon_lol:
И така, сега требаше да бидам надвур али тоа е, судбина што би рекле старите. Until next time. :D
 
Kaјганче!
Потапа ден амин:tapp: Се испокарав беспотребно, не ми е јасно домашново што е за утре, се уште ја барам тетратката и почнувам да спиздувам:unsure:.
On the other side, најдов материјали за семинарската и си го најдов усб-то што го погребав пред два месеца.
Главата кај ми е - не знам.Само знам дека ми треба една мирна и спокојна прошетка.
Нажалост таа ќе почека зашо глава не можам да дигнам од книгиве а и тетратката ми е се уште на ум.
И сакам гости да ми дојдат.
И така.

п.с.Се опраи денов, максимум поени Лексикологија! Вриштам!:vozbud:
 
Спремам прв микс за в студентско радио........дилемата е дали да се оди премногу мрачно, или површно мрачно, со македонска рок музика. Врска немам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom