Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Ајде турчинот да ме тажи малку....

 
Драга,
Лузер на денот:
51% попуст на влезница за концертот на Влатко Илиевски во Универзална сала на 10 Декември во вредност од 200 ден. по цена од 99 ден.


2953.17d2f1407ff953e57287edea403a4ff9.jpg
 
Кајгано,
кога ќе фатам и јас спортска бе?
До толку и да се немало среќа, ама шо да ми праиш никој не ми е крив шо играм против Валенсија, моја екипа. Си требаше патриотски да си ја изиграм па да имав екстра кеш деноиве.
 
Знаеш она кога цел ден ти е тиња, и све те нервира и најпосле те викаат да излезеш, а ти не си за излегување, ама ипак прифаќаш зашто таму постои една прекрасна личност која зрачи со позитивна енергија и те прави да се осеќаш најубаво на свет, знаеш? А ќе одбиев за малце! Ех, ја сакам, ја сакам највише на свет!

And babe the longer I stare, the funnier it gets :D
robindancing.gif
 
Eh. Meh.

Среќаваш пипл on and off, на Форум и „на Форум“ ко Lion и компанија, во време when routine bites hard, and emotions grow low, оn age 2_, when it's the time to ... do what society thinks иц д бест, и само ти текнува на продуктивна ствар.

Суисајд.
 
ДК

Овоа е најтажната приказна некогаш напишана

Дечкото: Ќе ми спржеш ли јајца?
Девојката: Не!

(Нека удрат Лајк сите шо се расплакаа)
 
ДК

Овоа е најтажната приказна некогаш напишана

Дечкото: Ќе ми спржеш ли јајца?
Девојката: Не!

(Нека удрат Лајк сите шо се расплакаа)
not gonna happen
 
Passed down to you...
etiquettes. etiquettes everywhere... Од тоа си пати општеството.... од поседување на премногу самолеплива хартија. А притоа неспособноста да си ја пукне у лице и да си каже „јбг џо, време е да сменам перцепција на нештата“.

So says Saladin
 
Драга толку ли не е фер...
Се заљубив ,а чувствувам и она во мене.Се изгледа навидум прекрасно и почеток на нешто многу убаво.Но зарем различна националност треба да биде причина за вакво нешто да не успее,за вакво нешто кое ветува нешто убаво да не се оствари.Колку само е не фер.Боли самата помисла.
 
НАЈДРАГА.

Седам на бледо – белите плочки и гледам во новородената рѓа на керамиката на кадата.
Се што постои на светов поминува низ истите фази. Било ново и посакувано, па ново и малку клише, па старо и клише, па старо и досадно, се додека не го снема. Така е и со луѓето.
Во текот на животот има такви,и пак такви, па онакви, некакви, никакви и секакви.
На секој му било лошо, и добро, и уште полошо па за на крај да биде најлошо... или пак најдобро.
На крајот `се се сведува на себеприфаќањето, самосожалувањето,самообвинувањето, самозакрепнувањето.
На крајот `се се сведува на ништо и ништо се сведува на `се. Само доколку им дадеш подеднаква важност.
Имав паднато и порано, и порано го имав допрено дното. И сите ние на некој начин.
Претходните пати излегував од нештата програмирајќи се себеси дека МОРА, и механички продолжував да одам се додека не дојдам до изгрејсонце.
Ама никогаш како овај пат. Никогаш како сега.
Неодамна се сретнав со едно прашање : доколку го запознаеш ТИ, дали ќе ти се допадне ТИ?
Ќе си одговорев НЕ, без размислување, не поради недостаток на самодоверба, ами поради некој себеобвинувачки механизам кој владее и функционирал отсекогаш. И ќе ги обвинев и другите затоа што ТИ е такво какво што е .
Мислев дека процесот на преродба е дотука, до самообвинувањето или обвинувањето на другите или на нешто, ама заборавив дека безразлика како е , треба да го сакаш ТИ , и да му се даде целата љубов на светот која му недостигала целиот тој процес т.н живот
И да те сака цел свет, и да треперат сите кога ќе бидат до тебе, `се добива смисла кога ТИ е сакано од ТИ.
Не му го должам ова закрепнување на таквите, ни на онаквите , ни на секаквите, некаквите...
Му го должам на ТИ.
Си ги прегрнувам колената со рацете, седам онака детски.

Осеќам притисок на зборови, значајни, безначајни, непотребни и потребни, потребно и непотребно кажани. Сите ме притискаат и не ме оставаат да станам и да излезам од вратата, да излезам од тој свет во кој сум изолирана.

И сега знам.
Додека поминував низ ходникот со цел да седнам и да ги исфрлам зборовите кои ме мачат неколку години, се решив еднаш во животот да не ги посветам на лошата среќа , на сјебаните луѓе, на привремениот недостаток на мозок, луда храброст... Туку на ТИ.
482981_4484009230824_608400202_n.jpg
 
Драга ...

моментот кога читаш како некој серел и кога се избришал немал ништо ... аха, да, зборувај ми за тоа :гомце:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom