НАЈДРАГА.
Седам на бледо – белите плочки и гледам во новородената рѓа на керамиката на кадата.
Се што постои на светов поминува низ истите фази. Било ново и посакувано, па ново и малку клише, па старо и клише, па старо и досадно, се додека не го снема. Така е и со луѓето.
Во текот на животот има такви,и пак такви, па онакви, некакви, никакви и секакви.
На секој му било лошо, и добро, и уште полошо па за на крај да биде најлошо... или пак најдобро.
На крајот `се се сведува на себеприфаќањето, самосожалувањето,самообвинувањето, самозакрепнувањето.
На крајот `се се сведува на ништо и ништо се сведува на `се. Само доколку им дадеш подеднаква важност.
Имав паднато и порано, и порано го имав допрено дното. И сите ние на некој начин.
Претходните пати излегував од нештата програмирајќи се себеси дека МОРА, и механички продолжував да одам се додека не дојдам до изгрејсонце.
Ама никогаш како овај пат. Никогаш како сега.
Неодамна се сретнав со едно прашање : доколку го запознаеш ТИ, дали ќе ти се допадне ТИ?
Ќе си одговорев НЕ, без размислување, не поради недостаток на самодоверба, ами поради некој себеобвинувачки механизам кој владее и функционирал отсекогаш. И ќе ги обвинев и другите затоа што ТИ е такво какво што е .
Мислев дека процесот на преродба е дотука, до самообвинувањето или обвинувањето на другите или на нешто, ама заборавив дека безразлика како е , треба да го сакаш ТИ , и да му се даде целата љубов на светот која му недостигала целиот тој процес т.н живот
И да те сака цел свет, и да треперат сите кога ќе бидат до тебе, `се добива смисла кога ТИ е сакано од ТИ.
Не му го должам ова закрепнување на таквите, ни на онаквите , ни на секаквите, некаквите...
Му го должам на ТИ.
Си ги прегрнувам колената со рацете, седам онака детски.
Осеќам притисок на зборови, значајни, безначајни, непотребни и потребни, потребно и непотребно кажани. Сите ме притискаат и не ме оставаат да станам и да излезам од вратата, да излезам од тој свет во кој сум изолирана.
И сега знам.
Додека поминував низ ходникот со цел да седнам и да ги исфрлам зборовите кои ме мачат неколку години, се решив еднаш во животот да не ги посветам на лошата среќа , на сјебаните луѓе, на привремениот недостаток на мозок, луда храброст... Туку на ТИ.
