Драга Кајганџлак
Пред два петока изгубив мобиљката (ми ја украдоа де па ти...). За некое чудо, освен мали потешкотии во комуникација и договарање излез, никаков позначаен импакт отсуството на мобилен телефон не остави врз мојов социјален живот. Се снајдов што се снајдов, ама очекував дека ќе биде покатастрофално. Очигледно можеме без модернава технологија, не ни е до толку нужна. Али проклето нека е, има(в) пораки на мобилниот од одредена особа кое има одредено високо значење за мене (се уште, иако односите се оладени џоа Антарктикот), и јебига, само ради тоа ми недостига телефонот и го жалам, ништо друго.
Anyway, on to the more cheery and eerie news for today ...
Не знам по кој пат помалава, (женска) мачка, Лејди ми исчезнува и се појавува повторно, таман кога ќе ја избришеме од листата работи кои се уште сметаме дека дишат кислород. А не е тип на мачка која шета, значи дреме пред двор или внатре во куќата и чмае, не разгледува многу наоколу или да истражува, мрзла со други зборови. Ама од каде тогаш исчезнувањава по недела дена и пак да се појавува? Кајг, дарлинг, да не ми е мачката вонземјанин?

Да не се телепортира? Се чини како да игра танго меѓу она што постои и она што не постои.
.... Абе Кајг, да не ја присвоив ко
љубимец Schrödinger-овата Мачка јас?
Да се чуди човек, стварно.
Инаку, it just so happens, во последно време, се ми се врти околу филмови нешто животов. Наидов на серија филмови кои не сум ги гледал од дете уште, а се отепав барајќи ги (кога наслови не сум запамтил, тоа ти е). Потоа, едни од најдобрите филмови што сум ги гледал во животов ми ги предлагаат блиски пријатели, кои, just so happens, се филмомани/филмофили. После, го затекнувам Милчо Манчески на ѕидче покрај кеј, делот што е кај МКЦ, кога беше забавава со музика од 90те, како тотално е посветен на people-watching. Веројатно или скенираше фаци за нов филм или вадеше инспирација за некој карактер(и), пак, за некој негов иден проект. Беше навистина интересен феномен, да ме обзервираат другарите како јас го обзервирам Манчески како обзервира луѓе. Observeception, а?
И да, на крај, се погодува на братучетка ми некој другар, кој работи на филмски проект. Некоја аудиција имало. Викам на заебанција ај ќе дојдам, да видам сам со свои очи како иде кастинг и аудиција за филм, не она што на ТВ ми се сервира. И како по обичај, останав до 5 ипол вечерта, едвај станав да стигнам до 12 ипол на аудицијата. Ваљда дека каснев, ми дадоа лик од две реченици да го одработам. Повеќе беше околу заебанција, забава, ново искуство и сл., и мислев дека тотално flop ефект постигнав со глумата. Арно ама, братучетка ми вика .... те бараат назад за следната.... What!? Каснам, две реченици карактер, несериозно глумење, аnd you want me back? UNIVERSE, Y U NO MAKE SENSE!?
Али ајде, нека биде. Чим решиле. Следниов пат, I shall not disappoint.
Тоа е тоа Кајг. Ајде, толку за денес, јас морам да одам. Имам ептен згоден дејт за вечер

. I will have to bring my A-game to the table (..... if I want to get to the bed eventually

)
Се читаме, поздрав.