Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
K.
"Стојам, да не би достојал пред не знам чија врата.
И пак проверувам, буден сум или сонувам, созерцувам или прелестувам, кој ѓавол ќе го знае..."

Абе Кајгана, ситe плачат како е ладно и смрзнале, а јас му се радувам на времево. Колку знам само да сум чуден понекогаш, арно викаше баба ми "Сите на јан, он на терсене" :D
 
Си има некоја убавина овој октомври, конечно почна да се намалува фрекфенцијата на луѓето по улиците, се стивнува полека, иде зима - ох диар :icon_lol:

AХ TAA УБАВИНА (А. Шопов)

Ax таа убавина, ax таа убавина,
тоа диво во крвта завивање.
Кине, граба, сече, носи како лавина,
вечна е притаеност и вечно откривање.
Не, не треба починка, не треба смирување,
сето поле пукнало од здравина,
па крвта е моја светло разденување
од таа разгаленост, од таа убавина.
 
Дали од кока колата или од топло-ладно каменот си прснал сеа е по добро ама уште има болки,замарат сеа со чаеви,ама ич не ги сакам.
И да бе ладно е еј замисли ! :нинџ:
 
Кајгано,
да не те натера маката да идеш у Стопанска, а ако ја имаш таа несреќа да идеш таму тој ден планирај го да го поминеш у Стопанска.
 
Во последно време највеќе сакам кога ја отварам вратата од фрижидерот. Ќе ме прашаш зашто ? Затоа што единствено таму го нема малиот дебел кореец со неговиот гангам стајл. Од милијарда песни, илјадници музички групи, стотици музички жанрови мора ли бе со него да замараат во автобус, такси, дома, кафичи, радио, комшии ??? Не се трпи тоа веќе мајке ми.

Поздрав до племето Makua и поглаварот Forrest :icon_mrgr:
 
Друго Кајгано,
абе ми текнуа порано имавме министерство за правда, сега шо се десило го укинале ли?
 
Драга,
зошто бе сите песни имаат вакви делчиња, право в мозок мава ! (од 1:15 до 1:30)
Aбе толку не можат ли да смислат нешто друго. Нема песна шо нема ваков звук!
Глупи. :гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце::гомце:
 
Кајганче!
Прв коментар сабајле кога станав во 7ипол: Ладно нек си ибе мајката!
Што е најтрагично, ладново време го дочекав неподготвена, во летни пижами и ќебе кое несвесно го тргам од себе секоја вечер.
Затоа сеа ќе си патам, ќе си шмркам и повремено ќе кивам.Мислев дека нема да има потреба од чаеви, а уште помалку од апчиња.Со чаевите почнав, се надевам нема да стигнам до апчињата.
Чудна ствар приметив кај мене денес.Со настинкава, од време на време ме фаќа страв додека седам во просторија со повеќе луѓе.Па уште некој од нив ако се закашла или сака да извади шлајм од пета, ух, спремам ташната и низ врата:eek:.
Ради тоа и на зумба не отидов, и знаеш што, тапа ми е сеа:cautious:.
 
Драга Кајганџлак


Пред два петока изгубив мобиљката (ми ја украдоа де па ти...). За некое чудо, освен мали потешкотии во комуникација и договарање излез, никаков позначаен импакт отсуството на мобилен телефон не остави врз мојов социјален живот. Се снајдов што се снајдов, ама очекував дека ќе биде покатастрофално. Очигледно можеме без модернава технологија, не ни е до толку нужна. Али проклето нека е, има(в) пораки на мобилниот од одредена особа кое има одредено високо значење за мене (се уште, иако односите се оладени џоа Антарктикот), и јебига, само ради тоа ми недостига телефонот и го жалам, ништо друго.



Anyway, on to the more cheery and eerie news for today ...



Не знам по кој пат помалава, (женска) мачка, Лејди ми исчезнува и се појавува повторно, таман кога ќе ја избришеме од листата работи кои се уште сметаме дека дишат кислород. А не е тип на мачка која шета, значи дреме пред двор или внатре во куќата и чмае, не разгледува многу наоколу или да истражува, мрзла со други зборови. Ама од каде тогаш исчезнувањава по недела дена и пак да се појавува? Кајг, дарлинг, да не ми е мачката вонземјанин? :вонзем: Да не се телепортира? Се чини како да игра танго меѓу она што постои и она што не постои.

.... Абе Кајг, да не ја присвоив ко љубимец Schrödinger-овата Мачка јас? :cautious: Да се чуди човек, стварно.



Инаку, it just so happens, во последно време, се ми се врти околу филмови нешто животов. Наидов на серија филмови кои не сум ги гледал од дете уште, а се отепав барајќи ги (кога наслови не сум запамтил, тоа ти е). Потоа, едни од најдобрите филмови што сум ги гледал во животов ми ги предлагаат блиски пријатели, кои, just so happens, се филмомани/филмофили. После, го затекнувам Милчо Манчески на ѕидче покрај кеј, делот што е кај МКЦ, кога беше забавава со музика од 90те, како тотално е посветен на people-watching. Веројатно или скенираше фаци за нов филм или вадеше инспирација за некој карактер(и), пак, за некој негов иден проект. Беше навистина интересен феномен, да ме обзервираат другарите како јас го обзервирам Манчески како обзервира луѓе. Observeception, а? :cool:

И да, на крај, се погодува на братучетка ми некој другар, кој работи на филмски проект. Некоја аудиција имало. Викам на заебанција ај ќе дојдам, да видам сам со свои очи како иде кастинг и аудиција за филм, не она што на ТВ ми се сервира. И како по обичај, останав до 5 ипол вечерта, едвај станав да стигнам до 12 ипол на аудицијата. Ваљда дека каснев, ми дадоа лик од две реченици да го одработам. Повеќе беше околу заебанција, забава, ново искуство и сл., и мислев дека тотално flop ефект постигнав со глумата. Арно ама, братучетка ми вика .... те бараат назад за следната.... What!? Каснам, две реченици карактер, несериозно глумење, аnd you want me back? UNIVERSE, Y U NO MAKE SENSE!? :eek:

Али ајде, нека биде. Чим решиле. Следниов пат, I shall not disappoint. (y)


Тоа е тоа Кајг. Ајде, толку за денес, јас морам да одам. Имам ептен згоден дејт за вечер :P. I will have to bring my A-game to the table (..... if I want to get to the bed eventually :D )


Се читаме, поздрав.
 
Драга,
Имав тежок работен ден. Знаеш од оние денови кога ништо не ти оди од рака и кога излегува се наопаку. Навремена информација чини пари, секоја грешка се плаќа. Но каде бре ова со неписмена раја можеш да го разговараш. Друга работа е што луѓето мислат дека сега можат вака да кажат за пола саат обратно. Демек се заебаваме и кој ќе испадне поинтересен. Епа за да не помисли дека само он се шегува си доби фактура да си ја плати шегата и после не му беше смешно, штета.
Таман кренав раце и отворив Кајгана да се релаксирам гледам тема дали треба да ги делиме оние кои се вериле и раскинале од „нормалните“ луѓе. И веднаш ми дојде идеа да се спакувам, да си го земам пасошот и да заминам во Африка да живеам.
Ме гуши менталитетот, непрофесионалноста и посраната економија во земјава. Уште малце, одбројувам денови.
За крај да не биде патетичен постов еве ти една релаксирачка песничка:
 
Кајгана,

Марфи ме је*е, анално, и диво, без вазелин. Грубо копиле, без милост!


Нервно осакатена.та, алијас Тошо Малерот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom