Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,

Знаеш што?
Ми фали љубов, да ја чуствувам. И да ја земам и да ја дадам. Ми фали некој во сонот да ме разбуди и да ми каже дека ме сака! Каде го изгубивме тоа?
Фала чао.
 
Драга,

Знаеш што?
Ми фали љубов, да ја чуствувам. И да ја земам и да ја дадам. Ми фали некој во сонот да ме разбуди и да ми каже дека ме сака! Каде го изгубивме тоа?
Фала чао.


Чудна работа, истото сакав да го кажам.:cuc:
--- надополнето: 16 јули 2012 во 04:52 ---
Драга,

Знаеш што?
Ми фали љубов, да ја чуствувам. И да ја земам и да ја дадам. Ми фали некој во сонот да ме разбуди и да ми каже дека ме сака! Каде го изгубивме тоа?
Фала чао.


Чудна работа, истото сакав да го кажам.:cuc:
 
Драга,

која будала си прави нескафе со 3 лажички во 7 саат?
НИКОЈ. Само ја....
Морам да си го вратам стариот режим на спиење, оти од одморот нишо нема да се види...
 
Драга,
Back to the Dothraki Sea!
Шалтери - печурки, гужва, топло, топло, топло, "нежен" мирис на скапани јајца во Хиподром, дупките на улицата кај бензинската во Автокоманда, атмосфера како во каменолом кај Мавровка, потсеќање на Робо-Лавовите на мостот, пак топло, моето уличе раскопано...
And, yet, there's no place like home!
tumblr_m4uykxMFft1qezk6n.gif
 
Се радувам како мало дете.

Заради одржување на ментална хигиена, добро е одвреме-навреме човек да си пушти провев низ ушите.
Синоќа направивме социјален екперимент, имаше многу :cautious: и :eek: фаци, а ние бевме :LOL:... понекогаш треба да се биде на места каде знаеш дека не припаѓаш - чисто заради сеир :)

 
Драга,

Знаеш што?
Ми фали љубов, да ја чуствувам. И да ја земам и да ја дадам. Ми фали некој во сонот да ме разбуди и да ми каже дека ме сака! Каде го изгубивме тоа?
Фала чао.
Чудна работа, истото сакав да го кажам.:cuc:
Епа ете, си се најдовте :love:
 
ДК, станат сум од 7 саатот и еден куп работи завршив до сега... 4-5 саати спиење, убавини и ни малку не се осеќам заморен. Многу ми е топ кога за неколку саати ќе си ја завршиш работата и после уживаш цел ден. И се избричав, конечно... со толку кратка коса и без брада никад се немам замислено. :D И нека иде август, њњаааааааааааааааааа! :icon_lol:

KvjOO.jpg
 
Ако ме видат со геј, одма ме прават геј,
ако ме видат со наркоман одма се збори дека сум наркоман
ако ме видат со алкохоличар,одма велат еве го се пропи
ако ме видат со некој од опозиција,позицијата ме мрзи
ако ме видат со некој од власта,одма опозицијата ме напаѓа
ако ме видат сам, одма еве го шета сам како волк самотник...

Па добро бе луѓе, аман...! Што се замарате со мене...?
Можам да бидам со било кој, ама не значи дека сум било што. Јас сум само човек без предрасуди и пријател....

П.с Што ќе ти струја што ќе ти парно
седи без вода, така е арно
што ќе ти бензин, што ќе ти нет
што ќе ти плата, умри за леб.

После П.с Бензинот ќе поскапи, парното ќе поскапи,
струјата ќе поскапи, лебот ќе поскапи... Не се секирајте... Све ќе поскапи само човечкиот живот ќе остане најефтин......

 
Тешко ми е бидејќи нема никој, мада со триста можам да излезам на кафе за да збориме за временските неприлики...

263_496870013672696_1781240765_n.jpg


Башка иам проект од 50 страни кој треба да го едитирам не за подобрување на смислата на речениците, него чисто за македонизирање и индивидуализирање на истиот, демек "таргет" да биде "цел" итн, а башка и сите слики и табели и сваштарии да бидат на македонски.
 
Денеска ми се случи малку комично-непријатна случка што малку ме насмеа по срање претходнава неделата што ја имав.
Се возам со точакот со распуштена косица ѓоа Трендо и зад мене некој туражира со кола и вози пополека. Не се ни вртам и се мрднав најблиску до тротоарот и колата сеуште туражира и чуствувам дека е на блиску до мене. Се качив на тротоар и му отстапувам место да ме претекни, но овој сеуште вози полека зад мене.
Се вртам да не ме драпа некој познат и гледам еден Циго ме маркира со фризура ДиЏеј Крмак, со црно БеЕмВе постар модел кабрио и две паралелни ленти врват низ него како на филм со тркачи од лоша Б продукција.
Подзастанав малку да го прашам што сака ликот, ама одмагли со колата набрзинка.
Не му придадов поголемо значење на тоа се до моментов кога го видов истиот лик ја малтретираше една девојка со велосипед слично како што ми правеше мене, само сега нешто и довикуваше од колата.
Донесов два заклучоци набрзина дека треба да се потстрижам и го намалам малку газот.
 

Sakaaaaaat tugjooooooooo... E SVOETO BATO! SVOETO !!
 
Ветар што дува надвор ме наежи целога, а камо ли па некоја девојка да ме погали. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom