Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Дали е можно кога поминат е возот да се вратиш дали текстов допира до тебе дали ти значи како за бегство начин од светов кажи а бедот е од сите страни кога сите висиме заробени во тајни секој за себе макар и да бидеш на подобро сменет никој нејке да те види среќен се ќе направи да бидеш последен се ќе се сведе на колку пари ќе земеш ти толку ке бидеш и ценет сите зборови ко делови од тебе но за кого за џабе нема труд на друг а цениш ти си луд глуп публика ко суд но за кој кур?! Еве ви тема на муабет зборете да бидам појасен па срце ли во градите носите дали боли што виделе очите касно во ноќите со сивило под корите на кожите и очајно е кога тешко е ги нема пријателите ти разбираш отвори се а треба лек ко некад вака ли стојат работите не да ни треба екипа нека самите висат од инат ти на бина самиот снимаш со целата сила харизма дис за туѓа мисла флоу дис ма признај ви фали искра и страст чиста кристал и текст и израз свети во душата триста и нека сите знаат зошто сме на дно зошто се што е почнато уште не е готово а секој е на своето и снимано е се од поново на поволно на подобро го знаеш поводот е прејак и откажување нема ни сега ни по година дена навлечен на ова песна по песна без страв слушни ја веста за спортов прескап кој просто блеска со сто посто завист и заработка на денар кој ви рекол дека тука иднина нема во градов трема никој не ја гледа само на себе можеш да сметаш сега зошто ни фалат средства не сме родени ко среќна звезда а шанса нема ниту една а тука боли секој здив што го дишеш а телото ти пука ко од пиштол истрел кога ти е преку од сите преку од целиот систем преку од цело мало преку од проби преку од лесни дроги патеки тешки долги нема фрка ако не си се пробил па поздрав и до сите деца нови!

Мака ми е запирки да клавам и точки и секакви интерпункциски знаци..тек тук по некој..
Копи -- Пејст.
 
Ако знам што правам...Битно тие што ги сакам ме сакаат. Ке си удрам едно туфкање за некој што не треба. Јасно си кажав што смеам, а што не. Секако си ја тестирам психата до кај можам, па да видиме што ке стане со ова. Успеав со храната, успеав со алкохолот, ке успеам и со ова. Ке си докажам дека можам се што ке наумам, а после можам со тоа да одам у к*рац. Ништо не добивам. Само ке знам дека ке можам и ке си останам у бедови.
Како бе, по ѓаволите, I am not special for anyone?
 
Тешко да најдам зборови да го пренесам ова чудно предчувство во мене......некој микс од рамнодушност и немир во исто време......кој плива на површина, под која се наоѓа прикриен гнев.
Сите дијалози, сите муабети кој ги читам ми изгледаат смешно и безсмислено. Како некој да ми ставил очила од презир!
Несомнено дека нешто ќе се случи, никогаш не ме излажало ова чувство....да видиме само што.
 
Драга Кајги,
Не знаев дека фалам на форумот ама мило ми е и ме прави среќна. Поздравче се читкаме. :)
 
Ми заврши диетата, а јас се уште не си купив вага за да се измерам. :pos:И мене не ми е лесно... Убаво ми е. Баш таман некако. На лично ниво. Полека, полека... почнав да се смеам. Се натаму е лесно да се постигне. Ми се врати насмевката, тоа е битно, пошто едно време скрос ја имав изгубено. :love:
 
Momentot koga u 4 sabajle ti se jade blago, i sluchajno naogjash 250 gramska milka u kujna... Bezceneto.
Inache kajgano, sve me mrzi da ti eam ..

 
Добро утро драга, како е?
Не се секирај, не си сама... ќе останам со тебе додека не дојде некој друг да те чува, па ја да одморам малце. Уште некој саат, убаво да се раздени и ќе бегам да дремнам малку.
Да ти се пофалам дека во недела дена добив две понуди за работа, па ќе видиме што ќе биде... Искрено, со ова факултетов малку тешко ќе е ако нема да можам од дома да работам.
И за експресни 9 саати успеав да искуцам проектов со документација и све остало и многу сум хепи...
И кога веќе секој нов ред почна да ми почнува со и... и пред да кликнам испрати мислење, и го видов потписот на членот над мене, и се кинам од смеење, и почна да се разденува, и нешто перницава ме вика, ладно и било...
И чао Кајгич, се читаме кога ќе станам.
 
Немој да мислиш дека ако поминав преку тоа, значи дека сум заборавила... Не, не!
А ти.... зарем не се умори секогаш да бидеш на второ место? Зарем толку се цениш и сакаш себеси што се задоволуваш со толку малку, со трошки, со споредна улога.... И не те мразам...баш напротив, те сожалувам.
Толку сакав да кажам драга...и за тоа што ме ислуша, иако тоа не се однесуваше на тебе, ќе те поздравам со една песна
 
Драго кајганче,
денеска сакам да споделам некој момент поминат со тебе, бидејќи за разлика од мнозинството за мене ова не е обичен ден, именно ова е мојот последен тинејџерски ден, утре полнам 20 години и на се гледам поразлично!
Но ветувам дека нема да дозволам мојата младешка бунтовност и желба за промена на нештата да избледнеат!
Можеби звучи носталгично и глупаво но тоа сум јас и ме боли што ова е мојот последен тинејџерски ден!
Морам да излезам и да направам нешто бунтовно :ROFLMAO:
 
Се чуствувам како Crazy in Love во Фебруари на Д.К. Ич не ми се бендисува тоа. :вонзем:

 
Баба ми ко ќе дојде некоја тешкотија има навика да рече: Маки со оки. Сега ми е јасно што сакала жената да каже. Денов тежок како планина, може и потежок.
Крај нема ова.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom