Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Ја украднав колата :vozbud: лелеее па јас Летаааааааааааааааааааааав !!! :vozbud:
 
Кај најдов баш сега да се разболам. Додека сите не се прибираат дома, ја седам замотан во ќебиња, со чај и Фервекси до мене. Среќа во несреќа, барем кога сум болен ги намалувам цигарињата. Друго, имав шанса после долго време повторно да го гледам Fargo, што значи, очекувај рецензија во твојот филмски (за мене најдобар) сектор. Најкриво од се' ми е што овој викенд помина без алкохол.

За крај, тематска песна:
 
Драга кајгана ..

ми се јаде јајце на око.
 
Во недела обичен љубовен пар се мази во кревет и си мекнее.

Јас сум на работа, а мачорот мој сигурно дремка и ми ги душка пижамите.
Капитализмот убива секаква романтика. Затоа си ги слушам Фолтин на работа, си цугам изветреана кока кола, ме чекаат едночудо меилови, и едвај чекам да биде 4 попладне.
Не заради нешто друго, ами да си го гушнам, да му го грицнам увцето, да ручаме заедно и да се смееме од што така ни се сака!

Најдов куп музика што на чуден начин ме прави сентиментална, но не се предавам. Предменструалните змејови и те како ме возат низ небово скопско. Деновиве, како да ги јадам. Со се обвивка. Ми се спие, дреме, како ќофте сум, и се што ми треба е неколку дена море, гол грб и некој да ми ги масира стапалата.
Сакав да кажам дека градов е сивило и тоне во гадост на сопствената младост.
Луѓето стануваат крокодили, алигатори, пеликани, ловат бубачки во локвата наречена Вардар. Мерат туѓи улици и лица. Како да треба да оправдаат некоја своја мака.
Да не биде ова утрински хејт, еве ви ги Нико и Лу.

А, да. Ако има рингишпил на плоштад, сакам да ставам запалени кукли на коњите. Чисто поради ефект.
 
Драга кажи им на Телекабел дека им посакувам да им го начука црнец со се јајца.
:гомце:
 
Што убаво е да го фатиш денот вака посабајлечки, ама да бидеш наспан и одморен ....желбата е поразлична, расположението е сменето и се ти се чини дека е како што треба да биде.
Ме изнасмеа еден твит на мој пријател: "Ако си буден во часот кога се менува саатот дали тоа значи дека патуваш низ времето"....
Секогаш знаел да напише нешто добро, ма да мене и не ми менува нешто тоа ако наместо 9 е 10 часот (ова важеше само кога бев прва смена во средно и те како ми менуваше еден саат помалце спиење), сега ако сум станувала во 10 и сум била наспана, ќе станувам во 11, проста математика.
Одам кај дада на ручек, се надевам спремила нешто вкусно, она си е така по готвењето. Ми фалат нејзините специјалитети :(. Ама па од друга страна топ ми е сама по дома без никој да ми мрчи(y).

 
Што мислиш... ќе успеам ли?
Јас мислам дека да... оти еднаш веќе успеав, што ми ја зголемува веројатноста повторно да победам... или пак ми ја намалува зашто веќе претходно се случило тоа... знаеш не можеш два пати да добиеш на лото. Fuck... не ваља кога размислувам превише.
Вакви сложени работи се моја специјалност.
So... let the game begin!
 
Драга,полека полека се си доага на свое место .Баш сум онака исполнет со позитивна енергија,конечно нешто да биде како што ке посакам јас :))) остани ми поздравена драга си ја лејтер :love:
 
Најмногу што мразам на свет е да зависам од некој/нешто,а да го еам како за инает тоа ми се случува се почесто и почесто.... :mad:

Кајг` многу кренати носиња имаат некои твои членчи-ња.
 
моето расположение е во склоп со временските услови :)
 
Значи колку си тапа у последно време тоа не е могуче..
Ништо да немало еј. Нишо...
Ни да прочиташ некој пријатен монолог, ни некаква дискусија сериозна/несериозна да се развие.. Ништо..
Све некои досадни излишни теми, да незнаеш шо да каеш...

Ај...
Периодчиња се...
 
Скопје 2014.....И МЗТ дел од владиниот проект,нели?? Нема врска....Прашањето ми е зошто сите државни институции инвестираат во Скопје?? Зошто парите на сите граѓани се таму?? И на крај крајева,ако неможат чесно,нормално....политиката игра улога. Нема врска,очекувам некој да ми одговори кој губи има право и да се лути. Но,ова е многу повеќе од тоа. П.с. 1500 пост го пишувам тука...23:23, утре сабајле сум нашколо...Добра ноќ
 
Даде онаа колешкана твоја фудбалски судија ја би нејзе искрено :icon_lol:.....
Остави тоа човек после две големи главици стар лук изедени астрално се проектира :icon_lol:.
Заебано ми беше сабајле ама сега не толку саатот е сменет ама не и чувството за време :icon_lol:.
Утре со колата ќе одам ама скап бензинот брачката вика 200 грама бензин ќе сум потрошел не било многу :icon_lol:.
Уживав на парк малку пиво претходно ама мир и тишина спокојство тоа е најважно не да се пазам на секое и супер беше :icon_lol:.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom