Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга, дај бе некој совет како да се натерам да седнам да учам... Некако немам ни малку желба, а во следните 7 дена полагам два предмети од кои едниот многу ми треба. Не можам ниту малку да се концентрирам и да седнам барем 5 минути да почитам малку... у пм, више. Мислите ми бегаат на сосема друго место, далеку од тоа каде што треба да бидат.

Ај чао, ќе се обидам уште еднаш...

Грејвдигер, аут!
 
Драга, како да објаснам дека
Тоа не е револуција, ниту наивност, ниту незнаење, тоа е борба за идеално функционирање уз неофашистички марш на изманипулирани неписмени анонимуси. Тоа е борба за право на избор. Тоа е борба против превласт на идиокритетот
 
Драга,
од утре сум официјално на распуст до 1-ви февруари, не дека ќе одмарам нешто посебно, ама битно нема да се малтрерирам и да живеам под стрес. Денес ми беше последниот испит и да ти кажам добро беше, после отидов да купувам играчки за децата, па да ги земам гостите и еве уште седам со нив. Се ќе беше супер ако јас не зезнев работа:( , ама нема врска ќе помине, иако се уште не знам како ќе издржам, но ќе биде. Барем се надевам.;) Сега сакам да си легнам, затоа што ич немам спиено, ама ќе почекам за тоа.
Инаку, утре си одат и ќе ги видам кој знае кога... Мразам разделби... најмногу од се.:( Сакам оваа година пак да идам да ги видам, затоа што не е исто кога ги гледам на интернет и во живо, а децава толку брзо растат... чудо.:cautious:
Ајде, Драга, доста ти беше отидов да си правам муабет. :) Еве ти една заразна. :)
 
Драга,
Дополнување и објаснување на претходниот мој пост на темава: Веќе не ми е сѐедно.
Криптонит ли има во "составот"?
Неделава демек било fashion week овде. Може да се приклучам со деловни пижами, светло плави со пајчиња, а за casual ревијата розеви со бувови. 23-те години кои ги наполнив летово ми се исклучиво статистички.
Енивејс, би требало да спијам. Ај да си ја гушнам перницата.
П.С. На лекови сум, тоа ми ја оправдува бесмисленоста на текот на мислите, а и на мислите како такви. :D
 
Супер си кајгано во касни саати. Нема многу постови, на раат си пишуваш мислења, без да мислиш дека некој ќе го пише тоа пред тебе, без да ти избегаат теми кои си ги пикирал на Нови мислења пред да влезеш во друга тема и без безвезе теми од тролови. Раат...
 
И поповите не се тоа шо беа.....

а видиШ мене како ми студе тука мрзнеам не можам да се затоплам,а утре е петок ќе биде тифко,ама сабота ќе биде весело (барем така треба да биде екипата ако не зафркне).

веќе кога ги спомнав поповите,и таквите празници,ѓабе паричката падна кај мене уште таа ден малер ме отепа се наопаку ми тргна,ни здравје имам,ни среќа имам,а жена неам видено а не фанато.
 
Драга, го знаеш тој филинг кога нешто треба да напишеш за школо, факс или работа, а никако да ти дојде идеја што да пишуваш… Зборовите едноставно не ти доаѓаат. Се мачиш, но никако да ти дојде некоја реченица… барем колку за почеток. Тогаш решаваш да направиш пауза, па отвараш Facebok или ќе си пуштиш некој филм, или ќе излезеш со некој на кафе… и наоѓаш еден куп оправданија само за да не го правиш тоа што треба… И тогаш почнуваат да ви кажуваат дека сте мрзливи, дека сте вакви или онакви, а не сфаќаат дека седење пред празен лист е исто толку губење време, а на кафе сте барем во друштво. Идеја кога-тогаш ќе ни дојде… барем се надеваме. :)

А го знаеш ли тоа чувство кога си на пауза, на кафе или било каде, и ви дојде таа идеја и во себе си викате: супер! problem solved и кога ќе стигнам дома ќе ја завршам работата. Е добро, ќе стигнете дома, ќе се припремите и… паф! Пак ви избегаа мислите и пак не знаете како да почнете. И сега целиот процес се повторува.

Ех таа инспирација... никако да го погоди вистинското време!

Inspiration not found.
 
Драга Кајгана,
денес се сетив на една рандом личност во мојот живот, онака, небитна и полна со себе. Обожуваше да ги критикува сите останати, освен сам себе, затоа што беше „пун со врлини“, енивеј, тоа навистина не е центарот на овој пост и wanna be излагање, но ми изгледаше како добар вовед. Она што ме загрижува е дека се што се бара од мене кадарна сум да бидам. И да верувам во тоа.
 
Шубо ми беше.
Сеа уште поубаво ми е.
:eek:
Оти не ми пушташ јазик ?
:cenzura:
 
Драгаааааа
Напорен денн :/
Утре уште повеќе :(
Нека заврши месецооовввв!!!!!!!
 
Драга,
Денеска една другарка ми рече дека сум огорчен. Искрено не очекував таков епитет од неа, од 3та средно се дружиме, со годините станавме неразделни, незнаев како да изреагирам, па нејзиниот епитет го препишувам на погрешна игра на зборови...
Некако во последно време се навикнав на секакви зборови, па не им обрнувам многу внимание.
Сфатив колку повеќе сум по смирен тоа е поарно за мене. Ама ако огорченост значи да си реален и директен нека биде така, нека сум огорчен. Сега ми е јасно уствари зошто некои луѓе се откажуваат на време, не сакам на никому очи да отварам, ама ете некој ми значи малку повеќе па пробав, добив убав одговор.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom