Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
"Помина доста време откако не коментирате кошарка. Ви недостасува ли тоа?
Понекогаш ми недостига. Посебно кога ќе изгледам некој квалитетен и неизвесен натпревар, што “плаче“ за коментар. Се крева адреналинот и сами од себе ти доаѓаат зборови со кои би го искоментирал тоа што се случува на теренот." - Љубомир Николовски

Кајгич ма, сакам пак Љубо да коментира НБА, па стварно ми фали.
 
Овај smexy ко ќе го читам значит јајцава авокадо ми се прает еј. Опопо напор. Имат алтер его бетер од она Тони Зен шо го имат дур пишит текстој.
 
Многу мразам кога сум ограничен со нешто, посебно кога е слободно време у прашање. Али многу ! :mad:
И мразам комарци коа ќе ме испојадат.(n)
 
Драга Кајгана тебе ти го посветувам мојот 1.000 пост :)
 
драга кајгана денес сум тапа уништена сум немам што да правам дајте ми предлог
Договори се со друштвото и на едно кафе да се посмеете прозборуватее х) Ќе биде интересно ти гарантирам х)
 
Драга

Период во кој одново се спознавам себеси. Чудни и досега невидени работи излегуваат на површина, за кои не знам како да ги перцепирам, дали како промена на добро или лошо.
Пробувам да заклучам и потиснам некои работи, ама вратата некако многу катанци има, па ми треба повеќе од планираното време, да ги заклучам сите, поединечно.
До една.
И да ги изгубам или подарам клучевите на некои, од кого никогаш повеќе нема да можам да ги вратам, за некогаш ако паднам во искушение.
Како што сум сега.
Не сум ни на пола пат, а сакам назад.
Море... многу знам јас што сакам!
А до тогаш...
Rolling in the deep
 
д.
пак се врати жештината :)
пак по улиците од 11 до 18 е штама.
пак овој период во текот на денот станува тапа.
ми се оди в село на чист воздух, оти овде мислам дека се угушив.
ај ча-0 ќе одам да засадам бор :D

п.с. ЊТФ?? :confused: :confused: само читај:
-Родителите може многу да се вознемират во случај да го видат нивното дете како мастурбира. Вистината е дека сите деца од време на време ги стимулираат своите гениталии, најчесто на 4-годишна возраст.
Истражувајќи го своето тело, децата може да почувствуваат дека допирањето на гениталиите е пријатно и да го повторуваат. Тие не ги сфаќаат социјалните последици од јавната мастурбација, затоа што тоа не го асоцираат со тајно односно приватно однесување кое го практикуваат возрасните. За децата, допирањето на гениталиите е исто како и допирањето на ушите или косата. Затоа, родителите не треба да паничат или да му создаваат претстава на детето дека прави нешто многу погрешно и лошо.
 
хехе бев испив кафе со друштво :(
Хмм....Тогаш...Пушти се некоја музика која ќе може да те релаксира легни сии и мисли си на убави нешта ќе ти помине времето и вечерта ќе излезеш..или посети си некои од комшиите добро е се ова време за во двор да се седи :D
 
Блат, добла си? Јас добла ( :
Ќе си се банкам утле. Ќе си се сунќам. Да ми лубомолиш.
Устата ми е полна со леб. Да ти се полалам ја. И така.
Лаоо <3
 

Сега пак тука е прашањето колкави се шансите Ханзо да го победи Предаторот, иако сите знаци покажуваат дека се многу мали тој не се плаши од него, и држи место.
Среќата ги следи храбрите, можеби стравот од ризик и ја прави среќата толку недостапна, што викаш а :)?

Денес Четврток било а јас се си мислам Петок :D, деновите почнаа да го губат своето симбоилично значење, а овај уште го нема :D, другиот ми одлага и временската прогноза сончево од сега па натаму до кога ќе видиме.
--- надополнето: Jul 7, 2011 4:18 PM ---
П.С Шварцвалд од Милина.
 
Кајги,
Ми се излегува многу,а сама не ми се шета, зашто нема некој да ми прави друштво:(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom