Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,

Со досадава летово уште се немаме официјално дружено. И среќна сум поради тоа. Мислам дека успевам да и киднам за малку. Ке терам така додека можам. И се надевам ке потрае подолго.
Многу е подобро без неа во овие жешки летни денови.

Ке бев уште посреќна да даваа почесто јаки филмчиња по ТВ. Ама за жал, ретки се.
Или пуштаат веќе гледани или тапа филмчиња. А се останато по CD-ња и РС е изгледано. Треба нови да се најдат.

И амааааан! Кога ке се излезе од оваа неизвесност ?!
Зошто повторно се буди надежда, кога се знае дека пак исто ке е ..
 
Можеби најдобрите 5 дена во мојот живот. Се заради тебе драга. Можеби требаше во друга тема ова али не сакаш лигавање јавно па ете у тема која можам да си едитирам мислења коа сакам. <4
 
Драга,

Од каде да почнам...Ни самата не го знам почеток, ни крајот.
Барам помош но залудно ја тражам, но понекогаш не ја ни добивам. Застанувам секогаш на мои нозе понекогаш се плашам дека нема да успеем....дека нема да издржам...да продолжам....нешто секогаш ме допира....1 секунда ми е супер,но наредните 59 катастрофални. Неможам да сфатам како може до толку да е неправеден живот, во мојата глава е прав УРНЕБЕС!!! Не знам што да мислам, не знам што е правилно а што погрешно...долго време се трудам да сфатам но никако не успевам,прашањето е дали НЕКОГАШ ќе успеам да сфатам...или да си ги применам сама советите што им ги давам на другите, но тешко не оди, се мислам одам кон погрешен пат!!! Се плашам да почнам од почеток ( иако незнам каде е )!!!
Секогаш се надевам дека ќе биде подобро но залудно..се полошо и полошо..
Но, секогаш велам ,, Можеби утре ќе биде подобро ,,!!!
 
Ди_Кеј

Ич не сум креативен, кога треба да создавам нешта. Тешко е додека се почне, после лесно е. :)

Пипалата на октоподот, не ја знајш таја. Во Битолско негде некое село... кај аскерска чизма, газеше цвете... убија дете.

 
Од сега ако некој ми рече немало работа ќе му се насмеам во фаца!

На луѓево не им се работи, факт. Ни пари ги стимулираат, ни жени ни ништо. Полесно е да се седи пред ТВ и да се кука дека нема работа а да не се помести со газето да смени нешто. Епа тогаш чмајте и поцркајте чим ви е така убаво. Заговор против Македонија, не бе нема врска, заговорот е меѓу нас од мрзливците и паразитите кои се јадат еден со друг.

Луѓево се мрзливи, завидливи и злобни и само по себе е лошо ама кога сите три живеат во симбиоза комбинацијата и резултатот стануваат убиствени. И после се чуди некој зашто државата не ја бивало?

Ништо не се почитува веќе, ни договор ни даден збор. Се е ко да не било, вчера сте се договарале денес веќе не важи, нема морал, нема совест нема ништо. Убиј или ќе бидеш убиен, укради или ќе ти украдат, права џунгла е станато а тие што најмногу си им верувал први ќе ти збоцкат нож во срце и плус губиш репутација кога гарантираш за друг и си дал збор а тој другиот ќе заебе.

Сакал нејќел те стимулираат да станеш себичен и да гледаш само за себе и за тие што ти се мили а за другите што остане а ми се чини веќе нема да останува многу.
 
Ја чекам да пушти некој абер од таму, ама она нема абер за тоа. :(
 
Шајнинг форуме...
Општа тапотија.
Ми се разговара со некој, ама...

Поглупава се немам осетено, со месеци!
Како да ти речам, празнотија исполнета со NIN, Cocteau Twins, главоболка и неважно мислење.

Фотосесија во парк.
Ќе си направам концепт, невеста бегалка, боса и со венец на глава.
Аир да немам, од внимание е работава.
А можда треба едноставно, да заборавам?
Не знам, ти кажи ми.
 
Глаава ми прска...
Вино испарува од мене.
Помагај драга :(
 
^ No shit.

Ти се веруе дека иам спор нет?!
Брат...
....
........
WAaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaaa)':

tumblr_llrpg4aPUm1qi66q5o1_500.jpg
 
После веселиот помин во Белград... летна депресија.

Додуша не е баш депресија, ама неубо ми е. И од што ми е неубо не ги средив фотографиите од изложбата, не спремив текст за на cooltura.mk
И направив unfollow на twitter на неколку ликови кои ми го труеја timeline-от со нивните муабети. Нека се лутат колку сакаат ама ми делуваа ко... не ми текнува ништо за споредба.

Единствена весела работа е што на работа пола од колегите се на одмор, и останата е поквалитетната половина :)
И утре на пауза идам да јадам во сендвачарата во Стив.

И коњаникот дојава во Автокоманда #mkwin

И ај доста е
 
Драга.. знаеш ли која тема прво ја посетува секој нов член на форумов ?
Одговорот е Семинарски,состави,есеи,задачи..
Ако не ми веруваш, провери..
 
Ова беше само почеток а беше fuckin' јакоо.....е сеа лето дојде и малце досада ово оно депресија со умерена доза ме отепа од кога се вратив од пат, бараме работа па да има некој денар и за на одмор на некоја плажа да се отиде. Се ќе биде okay чаопријатномрш
 
Хмм па од каде да почнам драга ..
Денов што помина е за никаде.. На све што најмалце се надевав ми се појави на патот ..
Прво сестра ми ми се качи на главаа ... Паа еден сељак почна пак да замара и да ми се удвара ... Па после излегов да прошетам низ кеј за да утепам досада со една другарка ии од нигде никаде се избаци бившоит што уште го сакам ии се поздравив со него и другарка та ми вика дека ме гледал некако мило .. И кога си дојдов дома гледам дека е он во врска со некоја си .. И тооо :)
 
Драга,
Да знаев толку рано немаше да станувам за на факс. Ама неодговорни, ај студент да не дојде на испит, или да предаде есеј место да полага, ама професор да го чекаш 45 мин? или 2 часа? се има. И конечно завршив со се, сега може да се каже дека конечно завршив со обврските за учење... уште ми остана да ги видам конечните резултати... После долго време излегов и во град. Не ми е јасно како може некој да ти свири а притоа си со дечкото? Се има драга моја. А што ме зачуди и картичкава од т-мобиле едно 2 месеци не ја користев, и ми стигна порака гледам и тоа во 00:00, се чудам кој може да стави на овој број кредит и тоа во ова време:confused:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom