Драга Кајги,
Денес е Тодорица! Каков убав ден, како да е пролет. Додуша мене и убаво ми почна денов со причест. Попот ни се погоди матапчија па некако времето брзо ни мина.

Многу убаво винце имаа, домашно, па за здравје од нога со попот дрмнавме по една голтка. Комшилуков ми е комедии, а попот ни е „коловоЃа“.

Попот ни е фалбаџија, а тоа може да се види од авион. Па и нас ни се погоди виното, не знаев дека требало да се фалам, ако не се погодеше ќе имавме уште.
Денес е преубав празник, преубав ден! Сакам да им честитам именден на оние кои го носат ова име, на сите што постат за Велигден да им посакам лесен пост, а оние кои денес се причестиј на здравје причест. Денес решив да правам некои колачиња, па ако се убави ќе се пофалам и рецепт ќе кажам, ако не се погодат никому ништо.
Ајт да ја видам рерната... додека не смениле боја.

Сега си ја пеам песнава, ама ако не се погодат тепсијата има да лета низ прозор. Рецептот испадна дека бил за колачиња за цела војска, а не колку да каснеме нешто блачко... Што ли ќе им правам?! (секако ако се погодат, ако ги утнав се знае

)