О Оу Драга
Вчера бев на мало потсетување околу она што беше социјален живот. Само што ова беше далеку од мојата рутина. Бев на тоа концертот за нашиот најубан град Скопје и се изнаслушав класична музика и мандолинчичи

Тетка ми пееше и без никаква пристрасност можам да кажам дека беше..... да се најежиш! Морам да признаам дека претходно буквано затињав уши, на пробите дома, зашо ако не скршеше прозори, тапанчињава ќе ми избегаа. Ипак, задоволна. Се осетив како да имам 20 години. За прв пат, откако ги добив.
И шо да ти кажам, освен дека колоквиумскава ми трае 16 дена. Се осеќам ко психички радник, со врло опадната концентрација. Трпение - спасение, а кога го нема?! Ај, сепак да не почнам да пцујам. Дури ни со цензура.
И дека имам вишак енергија и тоа знаеш. И дека цела вечер ја сонував Уна и тоа знаеш. А не ти кажував како ми работеа мајчинските инстикти, кога малата имаше период. Љубениот ми спиеше под балкон, а Уна кога ќе излезеше си цивкаа у дует. Но, тој Ромео, современ во кучешко издание, само го потврди фактот дека ‘све је тактике, нема ту романтике‘. Откако и помина цикЛусот на Уна, малиот кидна. Ете... преку тииииииииит од такви Ромеовци.
Мувава до моментот кога го земав тепалчето, претставуваше сублиминарен стимуланс. Сега е спомен.
Ај ма чао, шо ме замараш!
вихе пукнах
бац, бацка, бацуФка, бацинела.