Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајганче!
Викеееееееееееенд!Ау како има да спијам:pos:
Се трупаат обврскиве ама Мартинче ќе ги реши до понедељак, со тоа што нормално, вечерите тотално ќе се опуштам и ќе мислам само на себе!Ха!Шубо ми е:)
Се радувам и покрај гнсново време, еј чеј, само што искочи сонце.. Мх, сеедно, и онака нема долго време да го има, пак ќе биде прекриено од облациве.
Енивејз, само сакав да ти кажам дека сум хепи!Ептен!:D
Baci e abbracci!:back:
 
Драга драга кајгана,
Настината сум... Пак... И пак... И уште едно 50-60пати дур не дојде зима, а тогаш нормално......ПАК!!! Боц, боц... Така ми е, сам си си го бараја. Вчера врнеше дожд, и имав кишобран, ме мрзеше да го држам во рака...
У последно време многу почнав да предвидувам работи... Ахам, да.
Знаеш оти видов едно 3-4 ситуации кои не требаше да ги видам, кои не сакав да ги видам... Знаеш? Од кај знаеш ма? I need a shrink… yeah , I do...
Ајт. Чао. Пријатно.

п.с. I have cold feet.... Али стварно....
 
Драга Кајгана...Paradise Lost доаѓаат на таксират, најкул бендот во историјата на рокенролот после Black Sabbath.
Ај ем соу хепи :))
 
Ах Драга

Знаеш ли колку е убаво чуството кога имаш некој покрај тебе и ти ги исполнува сите желби?
Чуството кога го слушнеш неговиот глас?
Чуството кога го осетиш неговиот допир?
Чуството кога ти кажува колку те сака?
Чуството кога те прегрнува и ти ја гали косата?
Јас...не пишувам,туку ова срцево мое кажува како се чуствува.
Зборовите сами доагаат од дното на мојата душа.
Се чуствувам како да сум одново родена.
Не можам вака -.-!
Одам да му кажам колку го сакам :wub:
И тебе те сакам што ме трпиш кога ти ги кажувам овие мои "маки".

Ај гитла.

П.С. Го сакам

П.С.С Имало земјотрес ма,заборавив да ти пишам.-.-
 
Епа...

После трета смена, ебаници во глава. Станав во 2 саат, никад не станувам толку касно и ужасно се нервирам. Штачеш, живот је курва, особено кога не е добро ебена.
Се извинувам за почетоков.
Вчера јадев ритуално во Мекдоналдс со Сандра, и после тоа најкомпулсивно и нарушувачки врз мојот демек самосвесен свет, си купив скапа ташна, дезенирана со мачки, ја меркам сега, и сфаќам дека сум излечила комплекс, до некаде. Па, ок. Ми се може.
На Десонанз, не бевме доволно кул, немавме дечко со окалки ко Елвис Костело, не носевме машки кондури и немавме шишки исечени до темето.
Гад дем, некогаш и таа квазиситуација ми е страшна. Лебдачи сме, нели, жено!
Се вљубив во еден зеленоџемперест ладен момак, од дуото германско. Виолончело, диригентска страст, и мнооогу шашав поглед.
Ќе си умрам од небиднина.
Трета смена, досада. Ај што се изнаслушав патетики и љубовни проблеми, имав некои задолженија глупави што не успеав во целост да си ги изреализирам. Хејтер сум денес.
Пеш накај дома, кратко. Доручек од Жито Лукс, конфекциски кроасан, лош вкус во уста, мачки смрзнати, луѓе омрзнати, Скопје беше дебел компир набоден на питачки стап.
Слушам стотројка и се прашувам каде ќе бидам за една година.
Или во лудница, или во Лондон.
Или во Лондонска лудница.
Неам поим што ми се дешава. Дефицит на неколку работи.
Објект. Одредени тежишта. Слободно време за денгубење.
Мириса на ајвар низ цело маало. Шаблон.
Зошто бе. Кај да одам?
У Штип, на драменбејс фестивалот. Има да се направам, магарица.
И да умрам утре, не би ми било многу тажно.
Никому важно.

Само ташната ќе нема кој да ја носи.
Медс.
 
Читајќи ги Мартин Идн и Морепловци, искрено се разочарав кога обата главни лика разочарани во љубовта и ред други работи, извршија самоубиство. Можеби бев себичен, сакав да живеат понатаму макар и сами, како доказ дека постојат луѓе херои премногу големи за да бидат сфатени од расипаното општество. Си велев, па и јас сум бил несреќно заљубен неколку пати, но никогаш сериозно не сум помислил на самоубиство. Но јас никогаш не сум се борел до крај, при поголеми препреки сум се откажувал, сум се тешел дека нема разбирање и не може да има, па сум бегал. Но пропуштеното скапо се плаќа и отплаќа, со години празнотија. Тоа се сепак само книги, и иако прилично автобиографски, нивните автори не доживеале иста судбина како нивните ликови. Самоубиствата се само симболични, тие се промена на личноста ми напиша некој тука. Оваа моја љубов ко да е на умор, или исчекување, или не знам... или не сакам да си признаам. Драга, што значи Сонцево денес? Се зафркава ли со мене? Не е духовито. Или Сонцето е само Сонце, јас сум недостоен и неспособен да го сфатам?
 
Драга Кајги,

Се` е толку вештачко, толку проѕирно, толку... ама ај нема врска, ќе помине, `ко и се` друго. Туку, денес има една прекрасна вест, ама ај ќе ти кажам како сум си поминала откако ќе се вратам. Некогаш животот си игра со нас, некогаш ние си играме со него. Значи Драга, ми се смачи да бришат под со мене, АМАН ВЕЌЕ ДОСТА! Навистина сум гревче!
Ај, Драга поздрав, се надевам дека следен пат кога ќе ти пишам нема да биде вака :smir:


п.с. некои луѓе се навистина прекрасни :smir:
 
ќе си умрам кајгано, преку к.. све ,немогучности ми се дешаваат... :@ :@ :(
 
Драга Кајгана...
Јас прв пут ти пишуем...не дека сакам ама ми ги нема другаркете да се пожалим и остана само ти како единствена прилика да кажем како се осеќам сега...
Пред неколку минути се вратив од чаршија све беше супер све док еден момент не дојдоја другарите од дечко ми и ко по навика расипаја све...Се прашуем зашто у нашиов град не може да се има убаа врска или убаа вечер без никој да се умеша у неа? Зашто мора увек да се најде нешто што ќе ми уништи нешто што ми е убоо? Зашто не можем барем еден ден да ми биде како што сакам ја? Толку сум лоша што Господ не сака да бидем срекна? Ја незнам дали е причинава до мене или до другите ама стварно ова више не се трпи...фала со ме "исслуша" ама стварно морв да се исповедам на некого....
 
ДК,
Леле ама е ладно надвор. Среќа што дома ми е жешко, утре, i mean today, ќе спијам докај 12, па после ќе фатам на некаде. Сега планирам да пуштам ТВ да изгледам некој филм додека не заспијам, и така. Мислев дека ќе се случи нешто вечерва, ама нишо. :toe:
пОзз!
(i love her)
 
Драга кајганке,

Ама стварно ми фали летото. Барем за 3-пати-на-ден онаквувањето и топлото време. А сега глеј! Мразој више почнале под носов да ми се праат, мама да вика да облечам маица, а ја упорен сум дека сеуште е доцно пролеќе, рецимо 09 Октомври.

Одам на факултет и уште толку не ми се оди. Не ми се учи. Во четврток полагам Датабејс. Празен сум во главава, а и не сакам да ја наполнам. I still intend to live forever!
 
Појма немам шо правам во последно време. Не можам да се препознаам. Се губам самата себе. Се плашам од самата себе. Како да задржам друга личност, кога самата себе не можам? Ми треба нов почеток, без траги од минатото , без голем товар на грб...само не знам дали сум доволно храбра да го направам првиот чекор... :/
 
Драга Кајги,

Во мојата крв има многу вино од синоќа, а треба да одам долу, ќе биде весело. Туку, да не испадне правдање, ама имавме повод. Ќе имаме принова па... отиде цело вино :pos:

Драга, ај поздрав! Се читаме деновиве.

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom