Нема страв ама има трема, секогаш кога некој сака нешто да правам тоа што немам намера да го направам. А и Велигден е, парите доаѓаат и си одат само ќе остане почитувањето на барем малку искажаното достоинствено празнување. Значи има да биде јас како што ќе одлучам, работам сам за себе не дозволувам никој да ме експлоатира и понижува дел од моите пријатели анархисти мноогу го почитуваа тоа.
Шо те ебам на крајот и тебе зарем мислиш дека не гледам дека при очи слеп сум, гледам разбирам знам ама ете имам одлучено да се правам на будала, ете тоа е цела вистина, колку и да изгледа наивно од моја страна не сум наивен, можеби затоа што не сакам да знаеш дека знам, а знам премногу добро.....
Трето недоразбирањето со мајка ми го решив на најпристоен начин, не сакам жената која што ме има родено да се нервира, доволно лоши моменти во животот има проживеано поради мене, па поради тоа секогаш сум разумен разбран кога некои работи ја засегаат нејзе.
Ајде ќе слезам малку до црква да помине гужвата затоа што гужви не трпиме, синоќа кога си легнав нозеве ме болеа цркнат бев од работа, ама сепак се чувствував задоволно од сработеното нешто, можеби тоа и ми треба малку работа до изнемоштеност, во кое што ќе се гледам јас почесто во некое ново светло......