Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана. Јувентус изгуби од овие копиљациве и Џими уште ме зезат кај ќе ме најт. Аман веќе, чоекон не сфаќат дек то ме нервират и ме мават длабоко во срцево... Не сум јас крив, кој е тој Ди Чеље аман кој играчи ги имаме :(.
А за да сонвам нешто убо... дај бар пак Џимија да го сонвам вечерва. :$ :fp2:
 
Е бе Курте бе, сакаш пак убај работи да сонвиш а? Епа брат... среќа ако имаш, ќе ме сонвиш.
Иначе шо да ти речам Драга Кајгана, вечерва се сликав со Прасето печено, се сликав со јаболкото шо му беше в уста, се сликав со цела мала, се сликав со Драганчо а.к.а. Инспекторот Клусо, се сликав со Илче Курето, се сликав со огнот и со винцето в рака. И за шо? За џабе, не можам кабелчето да си го најдам од апаратов да ми се префрлет сликите. :(

Утре е напорен ден за мене, уште од кај 10-11 одам на заболекар Драга, конечно да го напрам забов. Ако ме болит или ако не го напрам... значит сум најголем баксуз. Сигурно живецот е умртвен и ќе немам гајле. Не знам како одет тие работи, пусти страв од заболекари не го надминав и не го надминав а одам по 10 пати годишно.
Сакав за роденден да си купам торта со амблемот од Милан, ама низ сите слаткари имаше само од Челзи, Манчестер, Барселона.. и се разочарав :(:(:(
 
Драга Кајгана,

кажав еднаш, ама вреди да се пофтори: алкохолот дејствува позитивно врз социјализирањето на асоцијални људи. Па нека ќењаат после зошто пиете кога ви штети. Не ни штети него ни помаже. Cheers to that!
 
..Кајгии..
Сеа се вратиф од прослава за Стара Нова година..Ептен јакОо си поминафме ..
ств ни беше интересно и мистериозно!!!
ТЕ САКАААМ:smir::helou:
 
Драга ...

решив. Незнам колку ќе успеам ама ќе се обидам.
 
Драга

Hoping for better days...
А до тогаш ќе си останам во кревет.
Не можам да станам.
Цела вечер не спиев
Кај и да е ќе ја испразнам мојата стомачна празнина(да баш е празна не знам зашто имам нагон за :pov:)
Денов сакам да го прележам цел...а не можам...
И така
Забавно ептен е ....

Ајт поззз
 
Драга...

Колку е прекрасно да се будам дома, во родениот град, да ги отворам очите сабајлето и да знам дека сум тука, да го испијам првото утринско кафе овде на столчето заедно со тебе...:pipi: Ах Скопје, Скопје...Те одбрав како академски град , но штом завршам со студиите веднаш ќе се вратам тука.:pipi:
Засега толку драга.:salut:
 
Уште болна.. 4 дена немам асално излезено..:kesa:
Се изнагледав филмови..
Досаднооо...
Сакам негде дааааалеку.. Кај што никого не познавам..

Насмеаната:back:
 
Никако да стигнам да ти пишам некое зборче.
Ех, дома неможам да се приберам. Само акам негде.
Стара нова година ја прославив на мичуринска средба, со друштво. Се изнаигравме оро и многу убаво ми дојде. После низ маало до три саат смрзнувавме.

Фантазијата. :pipi:
 
Кајгана....добро утро драга... нешто разработена сум у последно време?Глава неможам да дигнам...ама то е...работата го краси човекот а мрзата го гнаси.Вчера јако беше.Паричката се падна у една моја другарка :pipi: и ногу смеа падна.Ама за тоа е стара нова година де....ајде биди ми поздравена
 
ДраГа!
Се живо хејтам сега во моментов! Не ми се оди во Берово за жива глава!
Ама морам ебате. Ги хејтам најмногу кривините до таму! Го хејтам народот таму.Го хејтам градот!
И тебе те хејтам ма!
Ајде отидов да си хејтам насамо !
Мрш !
ТемносрцЕ
 
Драга!

Ти го пишувам ова да знаеш дека сум ненормално срекна.Да!
Сега тој момент може да ми ги уништи сите планови за денес,но признавам супер беше...но мораше ли баш сега.Која иронија на животот.
Долгата црна коса и зелените очи,тежината и висината слушам дека ме правеле како 16 годишно девојче па затоа решив со голема мака и тешко срце да ја скратам.
Леле зар и тоа ке го сторам?:jaj:со кратка коса не можам да се замислам.Сепак ке одлучам до крајот на денот.
Kajги еден ден ке ти поставам некое прашање за кое се надевам дека ке ми одговориш.
Сега само сакам да јадам чоко кејк и нескафе од ванила.Тоа ме опушта моментално.
Сакам да играм и да пеам!
Не сум ти кажала дека тоа ми е животната желба.
Да!!!таков е случајот моментално.
Имам многу желби кои сакам да ги остварам.
Ех да беше така лесно!
Е не е,само труд и мака треба па да успеам.
Ми се гледа и Хари Потер 6 дел.
Петиот беше малку тажен.
Не за друго,Роберт Патинсон умре(во филмот де)
Ма не требаше,толку е згоден...
Не знае што му мислам...упс...........сори:back:
И уште два дена.И ке можам да здивнам конечно.
Луда и чудна...може и лоша сум нели:pipi:
Е не!!!се лажеш:)

That's all folks

Ај кајгано те напуштам:back:
Te сакам ма!

Само да ѕирнам на уште едно место на кое обожавам да одам:pipi::back::salut:
 
Хеј кајганооооооо :):)
Ме немаше долго време да ти пишам. Така е тоа, кога учам сериозно се исклучувам од надворешниот свет. Ни знам кој сум, ни што сум, ни што е локална самоуправа...:pos2::pos2::pos2: Само јас изгледа вчера сум седел дома. До душа мислам дека во животов само еднаш сум славел Стара ноива година онака официјално. АСли денес пак правиме пита со париче, па се надевам ќе ми се падне на мене. Инаку на факс е се ко под конец, најверојатно се ќе поминам на колоквиуми:helou: Владеам нели????:back: И тоооооооооооооооо. Ајт толку за сега. Чаос кајги :back:
 
Драга ...

втор пат се чувствувам вака. Првиот пат беше коа завршив во болница и еве го вториот. Исто како тогаш ги затворам очите и мислам дека кога ќе ги отворам ќе сфатам дека е сон и ова гадно чувство ќе го снема.

тонам во море од солзи...
 
Лејди
Мислам дека сум хаааај :) синоќа на реге у кастро феноменално, не памтам кога последен пат сум си поминала прекрасно и не памтам кога последен пат сум била среќна како синоќа...
Легачам сеа малку по дома...ме мрзит да се симнам до доле на едно кафе со маалскиве другарчиња...

ајде да се гитлам јас...те сакам, го сакам и тоо на ти една бацка :back:
фала чао пријатно :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom