Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Јеа, кирилица. :-)

Абе Кајгано, што дека пробав да оставам спонтано за НГ да биде све, што дека реков нема да планирам и да се преоптеретувам.. поради тоа што ја потиснувам еуфоријата, втора вечер како сонувам дека саатот врти 300 и јас немам време да се спремам и се пцујам у сон зошто сум оставила се за во последен момент. И затоа си испланирав све до детаљ, сеа душава ми е на место и јас останав јас, мора се да биде испланирано. Је*еш спонтаност, тоа добро е у теорија, али не и у пракса.

Ти како си ?
 
Драга...




Сакам да играм танго на празен булевар со љубовта на песнава.
Те молам овозможи ми го тоа, барем еднаш.
Многу ми е предвидлив животов.
Толку, се гледаме наредната година.
 
Лејди ма!
Мрзам, мрзам...значи мразам емоции...:( ќе научам ли еднаш засекогаш да ги контролирам?Најверојатно тоа и не е можно...
Да, и кој к ќе ми е знаењето кога тоа таму во образовните установи сите се гадови(ти знаеш за 3, јас за 4, дедо боже за 5)...некој што не знае една реченица да вклопи има боље успех :nesvest: оди па види јебем га (сори на израз, нервозна сум)
Апсолутно ништо не е така како што сакам да е, ваљда нема ни да биде...

Фала чао пријатно
 
Драга,
Не знам што да кажам една личност ми го поеба цел ден:nerv:, али затоа тука беше Даниела Мартинович.Само тоа сакав да кажам уште сум под импресии.:smir:
 
Реков јас денов од убав поубав:):):):)

На плоштад - прекрасно. Слушав супер песни цели 2 саати:vozbud:
Јез да Данијелчето можеше уште 2-3 омилени што ми се да ги запее, али пошо не ги испеа тие си го добив ова како награда:
DSC00594.jpg
:vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud:

Ај, идам да се подприберам јас малку:vozbud: :vozbud: :vozbud:
 
Драга Бејб....завршив со учење :)
Драга Кајгана: Ооо штреберу пардон шмекеру :)
Штребер штребер ама 9че сум фатил денес. Башка шо штребер ма. Знаењето е моќ :) Така викаат рекламите на Грујо.
Драга: Дали тоа значи дека сега доаѓаш кај мене да водиме љубов?
Доаѓам бејб....спреми се. :drk:
Да ја завршиме 2009 со феноменален секс и огномет у позадина!
Драга: Ахх Онур мој!
 
... не бе, ќе си пукам во колено, не е поднослива оваа ситуација веќе... џабе се моите позитивни мисли кога имам контролфрикови во животот... Кај и да е ќе доживеам нервен слом. А таман почнав да се враќам во нормала... цццццц... оф лелееее... Готово, крај! Колку ми е криво што не можам да се заклучувам во соба, па никој да не може да стапне во неа.
 
Драга

Во време кога сите нормални чуѓе се договараат дали да зимаат виски или коњак за Нова Година, јас сум седнал дома пред книгата и читам за некакои си социолози коишто никогаш во животов повеќе нема да ми требаат:tapp:
И со цел памет јас на 30 декември, на последниот час што ќе го имаме од оваа календарска година јас ќе одговарам......иронично нели???
 
Ех драга, драга!

Дојде и нова година. Во кафанче се најблиските пријатели. 5 минути си мислам ќе биде екстра, закон, наредните 5 минути си велам за џабе си дадов парите!
Инаку утре одам накај нашата метропола да земам нешто облека за вечерта што ја чекам вќе цела година, иако сум убеден дека повторно ќе се облечам тука, во провинцијава!

Ај, доста е. Отидов да слушам Осечам гола си! Слушни и ти:

 
Драга Џес,

Глупаво е колку една книга може да влијае на тебе.
Секогаш мора да најдеш некој лик што те опишува или некој настан шо ќе те дирне некако...
Било како, ќе се најде нешо да ти опише еден настан од животот и ти ќе седиш полузбунето зашто ти допреле во интимата, полунервозно зашто се осеќаш дека некој ти ја плеснал вистината која ја знаеш ама и онака те иритира и тажно зашто знаеш дека иако настанот од книгата и настанот од твојот живот, благе везе немаат едно со друго.
Глупав опис!

И така сега седам збунета...
Не знам ни во која насока да си ги насочам мислите.
Си ги знам постапките.
Се знам зашто правам..Причини, последици...
Ама ова беше нехумано.
Глупав опис!

Викаат дека секоја книга ја читаш токму во моментот кога треба да ја читаш за да ја извлечеш поуката од неа. Ако во тој момент не ти треба таа конкретна поука, нема да ја погледнеш книгата. Ама кога ќе треба-сама ќе ти боде очи.
Ова ми е утеха за сите книги што сум ги зела од библиотека, а не сум успеала да ги дочитам.

Мене последниве две книги ме уништија.
Се осеќам ко писателот.
Глупости во боја!

Сакам да спијам и да сонувам убави работи.
Или него или Огнен.
Бирај!
Океј, ќе си го сањам неговиот поглед и мојата глупа срамежливост.
А Огнен срцето ми дал максимум за активност.
Ми рекоа дека ми пишал 3 и сакав да му се дерам.
Ама ноп, срцуф е.

И да.
Аватар е волшебен филм.
И покрај тоа што Јован не многу му се воодушевуваше него, пошо беше зафатен со воодушевувањето на 3 годишното девојченце кое прашуваше кој ќе победи во тепачката, ама ипак ја го љубам филмот.
Сакам такви очи.
Гооооооооооолеми.

А ако не се изнаспијам, ќе си умрам.
Додуша време ми и за умирачка, ама нема смисла да ги трошам моите оваа година.
Ама за следната ќе мора сериозно да размислам за оваа тема.

баи:back:
 
Драга, денес ми е посебен ден..
се договоривме (конечно ) за нова година поточно едвај се усогласивме ,ама тоа не ми е поентата на денот. Денес,по којзнае кој пат во овој мој живот се уверив колку некои ствари можат да бидат мизерни... Кај си добар со сите цело време иако те газеле и ти се потсмевале за се,па уште тешко им паѓа и твојаѕа добрина и проштевање....
Само да се оговарало,само да се праеле сплетки,само да се замарало со туѓото...
Некои дома ставрно немаат но огледало,а богами ни душа ,се прашувам каде отиде човекот од оваа земја...
Само 2-3-4-5 заталкани души кои вредат се губат меѓу оние на кои,,само устата им работи ,,на телото...
Не,не викам дека спаѓам во добриве,ама барем не ме интересира туѓото,а кој ми згазнал на жуљ-згазнато му е за цел живот...
Никаквеци,подлеци,воајери,лицемери,лажно среќни ..... сите ги гледам на улицата,а оние тажни,добри очи полека ги заборавам...
Скопје ,денес личеше нееуфорична будала...

А јас уште поголема будала и од тоа...

И пак ќе им верувам, но нема никогаш да ги сакам ...
И нема да се сакам затоа што се заебав што верував,а убаво знаев дека не треба да се верува дури и тогаш кога се верува...

Барем имам вистинска љубов и вистинска среќа,останатото дури сега ќе биде исчистено....овојпат без пардон.
 
Драга

Покрај тебе, во изминативе години што ги оставив, мајка ми беше и остана единствениот пријател пред кого можам целосно да се соголам...
Постојат милион дилеми во мојот живот… Многу пати се прашувам што е она што го знаев порано во животот, а што сосема сигурно избледело со времето? Одговор на овие прашања не најдов, а можеби никогаш и нема да најдам… А можеби и нема ни да настојувам… Знам дека и тогаш и сега сум исклучително многу среќна… Сфатив дека еднаш кога ќе превземеме одговорност за се она што ни се случува, кога во се би гледале можност да се спознаеме себе си, ќе престанеме да очекуваме некој да не испуни. Ќе бидеме помалку зависни од некој да не фали и сака и ќе можеме самите себе си да се почитуваме. Тоа ја зголемува способноста за позитивни емоции, а способноста за љубов ќе стане вистинска алтернатива за алчното барање да се прима и добива.

 
Драга Кајги,

Се шетам низ Скопјево и нема жива душа!
На МСН нема никој!(двајца, со се мене)
На ФБ исто така!!!! (тројца, со се мене)
И ѕвонам на госпоџата не е достапна!!!
На форумов нема жива душа!!!

Да не е крај на светот нешто, бидејќи не гледав вести преги?

ЕДИТ:

Лелееееее колку сум глуп!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

Ахахахахахахахахахахаха мислев дека е веќе 19:00 ч а да било 07:00 сабајле ахахахахахахаххахахаахах!!!!!

I'm in deep shit now :S
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom