Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Лејди
Денов сега за сега супер, сабајлево станав покасно и одма надвор, прекрасно искористено време, надвор сонце, милина :pipi:, па еве ме сега дома малку да прочмаам пред писи па ќе се оди на саем...
Се надевам дека ке биде супер :vozbud:
:back:
 
Сонце гледам сонце не ме грее

Мора да стоиш во сенка:).

Драга Шенка,
Тахикардично се изборив за она што е мое, за она што ми следува и за она за кое ме бива. Друга работа, џебовите ми се полнат, срцето веќе ми е полно, кафиња има колку што има споменици на плоштад и така.
Оу да, умрев. Ако не си знаела - нова сум.
 
Драга Кајгано,

Денеска сестра ми ми кажа дека читање на стар хороскоп било малер и разбарав по весници хороскоп да го проверам тоа нешто во стил на Митбастед ама посуптило без акција.

И почнав прво во некој магазин кој го најдов на гугл за вчера.

Јарец Петок - 21 Ноември

Љубов

Звездите ви се наклонети во овој месец, ве очекува големо изненадување од личност која потајно ја посакувате. За сите јарци во врска овој период е извонреден за да посветите време на вашиот партнер.

Здравје

Пазете се од настинки

Работа

Некогаш едноставно треба да застанете и да зачекорите чекор назад, помислете на сите оние околу вас.

Јарец 21 Ноември 09 Петок (друг магазин)

Љубов

Искористете ги звездите и исконтактирајте со личноста која долго време ви се допаѓа, за јарците во врска подгответе романтична вечера и изненадете го вашиот партнер.

Здравје

Одбегнувајте јавни простории и делувајте превенционо, можни се повремени настинки

Работа

Време е да зачекорите напред во животот и да ги дефинирате вашите цели, никој не е совршен и останатите треба да преземат одговорност.


Сега чекам да ми се случи нешто лошо, чуството е малку крипи како да го гледаш Паранормал Активити реприза, знаеш дека ништо нема да те изненади ама сепак си ги пикаш рачињата меѓу нозе и го намалуваш волуменот на тонот.

Драга Кајгано ќе бидеш известена за ово мое најново истражување во сферата на парапсихологијата, ако не пишам ништо во наредните 3-4 дена значи навистина митот е потврден.

Во план ми ако го разбијам овој мит, идната недела да пробам да го расветлам и наредниот кој е оригинално од Кенија "Змија се заљубила во пенисот на 42 годишен Кениец "
 
Џес

Светов мој се руши, а јас стојам, гледам и не знам што да правам.њњњ.
Не само шо сум депресивна, туку сум бесна, тужна, врудоневидена, ми треба помош, а нема.
Фала.
 
На сред пиење кафе мое, џин тоник негов и коњак од Целе :icon_lol:, предложи да одиме на манастир. Кога бе му велам, утре следува одговор, денеска е празникот :icon_lol:. Ајде со такси се затеравме од чаршија до пешачка патека, оди тоа колата и на сред пат Целе вика должен сум јас таму имам ветено потпорен ѕид да правам. Си помислив кај на пола град си му должен и на Господ покусо не остави :icon_lol:. Стрмно нагоре се немав качено 150 години. Ги оставив поганиот јазик и заебаните мисли пред порта па влеговме внатре. Па го видов школскиот внатре едно дете држеше за рака ама изгледа не беше негово кога слегуваше го немаше детето, се испочитувавме кратко и јасно. Го допрев моето чело до икона се помолив три секунди, палевме свеќи надвор поради празникот и големата гужва не беше дозволено внатре. Една, две три, четири за најблиските, петта за тебе друже, шестта иако мислам на тебе не е за тебе за девојката е никогаш за тебе, помина тетка ти за црна блуза прашуваше......
Манастирот божја убавина градба со камен слеговме долу Целе си го позна местото кај што е должен потпорен ѕид да прави, викаше него го чекало. Ајде пешки назад собравме уште една ветрушка со нас па седнавме Стари Град. Јас гладен мнооогу снема струја дома па остана ручекот незготвен, ајде ловечка(шарска) со гарнир, за пиење ништо само обична вода многу пивото ми го подува желудникот и тоа беше.


Сега чекам да се јави да ја средиме и таа работа.


Многу ми е убаво ису смирен како многу ретко пати до сега.
 
Иако мислев дека пропаст ќе биде денов зошто е сабота а јас одам во школо не беше така.Баш беше убав денот ,сончев ...прво се шетав со другарки од клас а после со драгата бев на кафе и се изнаприкажавме.Ја видов после мојата најсакана :pipi: па си дојдов дома таква исполнета и седнав на компјутер..што да видамммммммм!? ахахаха лееееееелееееее картите ги отвори типот.

и то.

Те сакам
Драма Куин:pipi:
 
Драга Кајгана

Сакам да можам да ги слушам професорите до крај на предавање...
Сакам да можам да кажам баш тоа што мислам и да правам баш тоа што и е по мерак во моментот...
Сакам да престанам да мислам на последици, туку на исходи...
Сакам цел живот да ги сакам луѓето волку многу колку што ги сакам сега...
Сакам сетилата да ми се примарни, бар за еден ден...
Сакам сите да имаат толку закон колешки колку што се моите...
Сакам да не се сите толку тажни на кајгана....
Сакам да идеализирам некого, мора да е интересно...
Сакам да ги видам луѓето кои ми недостигааат...

Пријатно
 
драга
добровечер!!!!! како си? ја сум добар сега си дојдов дома. бевме на кафе од школо :toe: ем викенд ем школо ..... две во едно :vozbud: сега малку да ѕирнам што има ново старо, да се одморам и заминувам. инаку ти рече добра си ? е ај чао сега :back: заминаХ
 
Драга,
Зошто луѓево се едносмерни, не мислат подалеку од својот нос?
Мислат само една утакмица се игра, не мислат дека ќе треба на пролет у Скопје да дојдат...Ах "мајмуни", ќе ви наплатиме!
Тиги оздравувај побрзо.:(
 
П.С. Ме банираа од Home page затоа што ми паѓаше интернетот се изнервирав и си пишав таму дека ќе ебам некој администратор :icon_lol:.
Утре ќе одам да расчистам како што треба со нив.......
 
Драга моја К,
знаеш што радо би си излегол вечерва. Уххххх.... да не ти расправам. Ама тоа е. Морам сеа да учам. Е, ко не учеше на време сеа убаво ти се враќа. Сеа не знаеш основни работи за договори. Срамота.
Сите колоквиуми ги положив, ама Драга толку среќа не сум имал во живот. Ни пола материјал не го читам и пак положувам бе. Нормален сум ? :smeshko:
 
Драга Кајгана. Само што си дојдов. Бев на мала прошетка низ градов со друштвото.Цело време се досадував.Сега ќе гледам филм бар на 2 часа да помислам дека живеам друг живот. И Драга, сакам да ти кажам дека сакам да бидам оној стариот Непоразен, и уште едно нешто. Да не беше ти , незнам што ќе правев. Поздрав
 
Кајано

Колку сакам да се нервирам за то шо професорот ме станал,а не сум знаела некоја си лекција.
Колку сакам да се нервирам за то дека понеделник ќе имаме испрашвење,а од многу шетање нема да можам да постигнам.
Колку сакам да се нервирам со мајка ми кога се дери дека премногу шетам.
..Колку сакам секојдневие кое сигурно нема да биде во блиска иднина.

Ај убеди ме дека ова е кошмар и дека не постои.
Убеди ме дека утре цел ден ќе се излежавам и ќе ми текни да учам вечер во 11, а понеделник сум од сабалје нашколо.
За нигде е honestly.

Плус Емилија многу ми е смената.
А, до вчера си беше сосема ок.. се тешам со то дека земала нешо.

И така life goes on.. ама до каде ќе стигни којзнае..:back:
 
Драга ...

возбудена сум за утре, ќе идам во Велес и се надевам ќе си поминам одлично. Ме заеба братучетка ми, нема да иде. Не е фер.
Денес денов подобар од вчера, полош од утре. Се каам за многу работи, многу работи не ми се јасни ама тоа е

Ајт :smir::smir:
 
Драга види ме.
Иако веќе требаше да бидам тргнат накај град за да се видам со некои фацки, јас пред 2 минути станав од спиење и сум цел отечен.
За 20 минути најкасно треба да излезам од дома.
Бегам додека можам... Држи ми среќа да стигнам сегде на време. Пак имам договорено на 497638476834 места вечерва:)
гладиус, over & fast :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom