Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
ми завршува фазата, чувствувам.
А тоа е добро, многу, многу добро.
 
Кеи

Е*аго имам уште 18 лекции да научам а јас сум дури на почетокот :/
Многу ми се спие,кога тогаш ке паднам во кома...
Ама најпрвин да ти се пожалам од непрофесионалноста на некои личности:
Вака:Наместо да помислат и на нас,муштериите дали сме задоволни од нивната услуга тие едвај чекаат да си заминат од работа и да се плескаат дома со својата друга половина...
Нема да кажам извини,туку реална сум а вистината боли.
И кај стигнав?
А да,заради тие карикатури немав интернет нити компјутер и ми се изгубени сите важни податоци и слики од личности кои ги немам видено Бог знае од кога.
Замисли,наместо да ја слушам мојата омилена песна на youtube.јас морав да и ја пуштам на мајка ми Назад Калино моме.
Е назад назад ама и рикверц да удриш,море Калино -.- .
И...кај стигнав?
Ке рече некој:Што не си отишла до комшијата,таму кe си видела?
Е драга Кајгано тој филм го нема во кино Милениум за реприза.
А ниту премиера имало -.- .!
И така,заминав јас да се дружам со книгата...

Бау бау.:helou:
 
ДџК

Можам да го соборам гинисовиот рекорд во спиење... 16 сати и не е мала цифра :) ама шо е тука е.

Едно огромно извинување до една личност, иако чисто сумљам дека било кога ќе прочита тука... луѓе сме, грешки прајме, мада мојата беше :kesa:. Си велам дека на тој шо признава пола му се простува. А и да не е така, неможам да го вратам времето назад...

Како и да е, одличен викенд помина. Иако неможев ништо посебно да поработам, бар ги наполнав батериите на Вигла. И шо ако било кај Гејцине, ко од една страна сите знат македонски, од друга страна имат топој за снег па не чекаат дедо Боже да стане милостив и да заврни снег за да поскијаме ко луѓе....

Џ
 
Мене не ми се учи. Ниту ќе учам денес. :tv:
Life is beautifuuuuuuullllll. :pos:
 
Ц ц ц, како брзо се развива технологијава бре!
Испаѓа дека графичката не ми го поддржува Windows 7 -.-
Константно купувам DVD-а затоа што овие 80GB HDD што пред 6 години беа 7-ка на лото, сега се недобитна комбинација.
Мониторов не може повеќе од 75 MhZ refresh rate, и мислам дека диоптерот ми е зголемен.
 
Ах утре ми е последниот испит од оваа испитна :nesvest: ми се мешаат буквите кога земам да читам, одвај чекам да помине не ми е ни битно што ќе направам :toe:
 
Драга ...

денес се однесувам ко да иам добиено, а немам ... гррррр нервозен ден!
 
ми се мешаат буквите кога земам да читам
Намали вино и таман ке е. :)

Мала,
некој сфаќа нешто пред да кажам, некој кога ке го кажам, а има и такви што после 100 пати правен ист муабет не ме разбираат. Гајле ми е, ми одговара мене така да се однесувам, не планирам да се мењам. Никогаш не идам против себе, нема ни сега. Јас себе сум си најбитна, се друго е во втор план.

Мрш.
 
Драга Кајгано,од утре повторно нашколо....
Иначе вечерва сум многу среќен,мојот тим убаво го започна вториот дел од сезоната со победа ! Да се надеваме дека ќе биде така до крај.
:back:
 
Драга..шо ми требаше да им кажувам на екипава дека ќе си легнувам уште во 22часот сега..сите бубач ме прат демек за нашколо..а ја станат уше од сабајле неможам на стол да седам.....ај се глеаме утре ко ќе си доам од школо ќе поминам на кафе...
 
Ах кајгано од утре нашколо пак. Кој ќе чека сега до Јуни брејј... Цел ден сум некако напунет со негативна енергија... недела, тапа ден :toe:
 
Немало зима ?
Еве ви зима, снегон снежи, смрзнато е, ладно упм. Од дома нема да се излага.
 
Еј бро
Се вратив од rehab
Домашно лековање
И зашо сите ми викаат дека сум ко Хаус -.-
Једино шо сум мизерен мизантропски настроен grumpy контраш IRL трол и не ме боли цеф што мислат другите за мене(for real) друго basically неам нишо слично.
И онака повеќето луѓе се такви:toe:
Иначе почна испитна сесија бро.
Јеа...се надевам дека ќе минам 2...аха.
Па добро бро.
Видимо се.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom