Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Мислам дека денот е роден само за среќа. :icon_bigg :wub: Се надевам дека никој и ништо нема да го уништи!
 
Лошa недела, а лошо ќе биде и цел декември. Којзнае дали ќе видам една личност до Нова Година. И не знам како, ама никој не е тука кога ми е потребен, eве вчера на пример.
 
Ахој серверу.

и покрај сите растргнати трупови шо цепидлачат ради тоа шо не им следи динар плус у џеб за фураќање низ кафиќ, и оние бездушни силувачи на гласнава тишина ради шо им се може не дека сакаат,
и оние со индекс у рука шо не знаат да ми го поделат на слогови тапа сте*, те читам и се чудам има ли крај људска глупост.

Уше малце ќе пекам од реума, цела сум расштрафена. Ноќеска се тресев ко да ме дрма Рихтеров 4.4. На суџук и пржени јајца со загорен зејтин сум пет дена заред. И дигестивниот систем ми е наопаку.
По монотоно не ќе ми било у живот. Цел албум на Take That го преслушав дур идев до дуќан и назад. Успутно дремев на лулашки ко ретардирана сајла, праев фори шо ги праат 5 годишњаци,
и се прашуем со кое ебано дело заслужив да ми се дешава ова. Не дека те занима, онака чисто да се испразнам.
Надвор е мрзнење, неможам да го спотерам гзов под ламба пошо иам катаљон страници шо чекаат на мене. А неам воља, неам.
Би ја исцедила крвта на секое бедно мое алтер его,а богами и другото и би се удавила у неа.
Се осеќам ко застарена крпа шо чисти хауба. Утре е нов ден демек. Сакам топла гушка, многу љубов и супа со кнедли шо ќе ми заглаи у грклан. :icon_lol:
Бабаи.
 
Драга,
знаеш дека само време ми иде од рака, а време неам.
И ушиве ми зујат од оперски рјечи двеста аве марии и нека ми опрости Господ, али музиката за него е чисто духовно срање. Као може мир да ствара еден вид на клањање. Боље ќе си слушам друг вид класика, шо опушта на пример.
Ама ете, шо к*р барал дедо ми да се занимава со тоа, шо к*р им пренел таленат на моиве. Да бил нешто економиста, па да имав и ја корист од тоа на едукативно просветителен начин.
И шо ако е сабота, коа се осеќам као да е вторник или среда сеедно? И шо ако ми се пијанчи и иам литро узо у фриѓидер? Иам и ‘библија‘ за шукање и пукање у вена. И уше една мала, детска да речеме.
Се осеќам прљаво шо спомнав нечие име напразно (глупости) и ќе идам коа ќе можам во црква да си напраам муабет малце, да се очистам некако не ќе да ми е стабилно нешто од оние трите вера надеж љубов. Јесда љубов само семејна поседувам, веќе пријателската не ја давам, за инат.
И идол ќе има вечер. И оноа шо баба ми го вика ‘коњ за магаре‘. И ќе биде рокнат телевизорот до даска и таман коа ќе завршат сите тв програми ќе ми се приспие и нема да научам повеќе од 10 поделби. На тие 10 ќе си останам јас за денес, си знам.
И ова пишувањево кај тебе е исто ко да си се шетам надвор низ улици и да си зборам сама со себе на глас и други да ме слушаат. Ова боље ќе беше да си го задржев за себе, навидум, попаметна ќе бев.
И чааааааоо.
 
Драга Кајги,

Помина и овој ден, зависи за кого каков беше... :( Многу е мачно, да знаеш!

xweetokbabycry.gif


Ајт чао!

 
Види,види,види (не дубиоза чД )

кајганО бе, изгледа на ‘‘децава‘‘ им иди умот, ама вечер ќе дознајме шо како подетално...јас сеуште си роварам барајќи се себе без да потпаднам под ничие влијание.Знаеш никој не вреди да располага со тебе и да ти менува мислења и видувања. Уште душата ми остана, па да не мислат дека така лесно ќе им ја дадам.

Позз, детален заклучок и остали ствари, тумороу..
 
Кајгиии.
Па кај си ти одамна се немамо видено а?
Да ти кажем искрено се одкажуем од све полаку полаку преку глава ми е од многу работе незнам кј кого да идем кого да прашам шо да праем пошо ја сама незнам... многу сум збрљаена ми се мешаа 562,458,965 работе низ главава и една со друга си немаа врска и ме збунуаа све појќе и појќе... искрено да ти кажем ако не почнем да ги средуем работеве една по една ќе се скренем...не дај боже... ама сеа све у свое време :(:(:( ај кој ќе се средим ( ако се средим ) ќе ти пишем како све прошло и дали е успешна мисијата...

позз Кајгиии... :pipi:
 
Драговна, повторно ми отстапуваш спејстајм. I make little unicorns cry. And bleed. Bleed to death. Не ми е убаво тоа, не. Смешно е, патетично како сам си го правам тригерот, трегерот, онааа... Ричард, две месечини, едната недоквачена, внимателно собрана од дивината, наелектрисана, испратена некаде далеку. Не беше сон, не е сон. Митот со ладните раце и сексот? Некрофилска завера. Јас само немам крв таму. Има блага иронија во мојот однос кон репризите, побивање, правдање. Секој пат е последен. Секој последен е бедно смешен. Што ако, што ако оној пат, непомрачен од идеи за небесна интервенција и награда, го направев другиот избор? Што ако, нели. Што ако некогаш престанам да ги игнорирам огромните светлечки стрелки во разни бои кои се дерат да влезам? Што ако, нели. Не, следно. Зошто функционира налик некој болен случаен happy hour? А потоа, затворено, без знакче, на неодредено. А потоа ѕирка низ клучалката, потсмевајќи се, некогаш плашејќи се, а потоа ѕирка само од навика. А потоа, кулите близначки, авиони, експлозија, рушење, месечина. На оваа серија настани неизбежно и припаѓа Фантомот од операта моментот, и непосакуваниот Ерик. Вака. Можно е да е дистурбително, затоа не го залепив со пљук. Се прашуваш или не, сега е вратата, а Ерик се подготвува за настапот. Го шминкаат, го свират, го маскаат. Гнев, додека актерот ја игра претставата, гнев додека се присетува дека никогаш не го заебал сценариото, гнев додека очекува аплауз. А потоа, меланхолија. А потоа, плантажа. А потоа, повторно. Отказ нема да дадам, не од страв, од надеж. ХААХАХА, идиоту, тоа е исто. Не од надеж, од страв. Не слушам смеа, прифатливо. Молчаливо, крваво, седам.
 
Драга мојА

Добро утро или поточно добар ден . Едвај успеав да се разбудам кајгии ,не знам зошто ама некако сакав денска цел да го преспијам.Инкауу елката си ја накитив (А), а гледам и градов малку по малку почнале да го украсуваат.Ни фали уште снег и да биде прфект мери крисмас :) Знаеш што ми е чудно? Тогаш кога не сакам да знам ништо, работите ми излегуваат пред нос и навистина смешно би било да не ги забележам. Ама ако вака барем знам што можам да очекувам.
Ах колку ми се гледаа некое филмче новогодишно :pipi:
Бај драга :back:
 
Поубаво не можеше да биде К. Топ си поминав..играње пиење смеење....убави моменти за една тинејџерска вечер. Почнувајќи од вчера...тргнувам напред со живот..тоа е тоа што ми треба...:) <3 ајде да ми те поздравам со песнава
 
Драгче

Да ти кажам дека неизмерно дека сум срекна.
Пресрекна,не е толку на арно ова.
Ke прснам од срека на сите страни.
Не сакам сето ова да заврши...
Го сакам периодов.
Денес по две Недели јадам прв пат благо.
Денес е празник за мене :pos:
Ве сакам луге.
Ви Благодарам што ме правите срекна.

:pipi:
 
Драгааааа
Денес Сарка ќе си ја видаааам лалалалала
И Стефкоо лалалалалалал
И ај чао. мња
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom