Интересно.
Го мешам Џејмс Блант со Демиен Рајс, а тек во следниот момент слушам некој албум на Тул, за да преминам на џез кој ти бил во некои цедеа кои ти се особено драгоцени затоа што компилацијата си ја направил сам, а внатре има од Еко енд д Банимен до Џон Колтрејн, за на крај, на самиот крај да завршам со Дајр Стрејтс затоа што и сакам да се разбудам со нив.
И често го "сталкирам" Бартон, и кога сум изгледал се од него некогаш, барам филмови со ветувачка содржина, и добивам такви, а често се разочарувам колку испаѓа дека остануваат на тоа "ветувачки" и не мрдаат подалеку за да исполнат барем пола од ветеното, па мислам дека има се помалку работи кои се нови, а вредни за гледање. И стрикно ги одбирам филмовите кои треба да ги гледам, а уште попрецизно и луѓето кои ги препорачуваат, ама двапати се изгорев едно по друго, и гадно е чувството да го гледаш Perfect Getaway (за кој единствен коментар на еден другар после гледањето беше - барем Мила Јовович да се слечеше гола), па после да се префрлиш на The Social Network, за кој е оправдано да имаш големи очекувања затоа што Финчер и Спејси се дуо кое ветува, ама ништо ни од тоа, за на крај да ти се слоши од самата помисла дека нема повеќе ништо што ќе ни ги задоволи апетитите, па се навраќаме на старото, и додека не слушнав дека всушност Вуди Ален бил третиот во нашата врска почна да ме плаши фактот колку пати сум го гледал Љубов и Смрт и да престанам да живеам во тој и околу тој филм и да се фокусирам на нешто старо што сепак, ете, не сум имал можност да го гледам.
Често се случува да ме сретне некој школски од средно и да ме резервира за фудбал кога си одам Охрид, и интересното е кога ќе си дојдеш, го нема ни школскиот, а Богами нема ни ф од фудбал со такви, а сепак имаш закажан термин, а немаш луѓе кои сакаат да играат против тебе, а од некоја друга страна гледаш 50 души онлајн на фејсбук и тек тогаш си принуден барем да пробаш да играш против некои кои се откажуваат после 15 минути. Алал да им е и нив, затоа што навистина го ваѓаат максимумот од себе. Ретко кој пружа отпор, а Богами уште поретко да најдиш и топка за фудбал, што е најтрагично, и ко ќе е нож до коска ти нудат топка со амблем од тим кој го мразиш, па имаш поголема мотивација да ја шутираш посилно ама сепак, не доволно за кога ќе излезиш од салата да речиш дека сета енергија си ја оставил таму.
Често сум опкружен од квази ентузијасти, и кога ќе ми речат "го поминав цел учебник веќе 2 пати", а јас немам ни отворено, само ќе ја издрецкам главата од ѕид.
И велам дека ќе почнам да учам од утре, а утре преминува во - ќе почнам да учам од понеделник, а кога ќе дојде понеделник давам заклетва дека ќе почнам тек ко ќе се наспијам, за после колоквиумска да се пофалам дека следната колоквиумска ќе е далеку подобра.
И интересно е чувството да гледаш нова сезона на Хаус, а никој не пробува да биде ироничен било каде и да имитира нешто, затоа што веќе и тоа не е во мода, и уште поинтересно е дека одвај чекаш понеделник за да гледаш нова епизода на Фемили Гај, и кога се смееш на неа, а често ти кажуваат колку само хуморот во неа е дебилен.