Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана... поточно драги кајганџии, немојте, повторувам НЕМОЈТЕ да слушате пијани луѓе кога ви велат како да го живеете животот. Посебно не доколку поминале помалку од вас, виделе помалку од вас, и притоа воопшто не ве познаваат НО ЗНААТ КАКО ТРЕБА ДА ЖИВЕЕТЕ. Ебате тоа алкосите кога ќе фатите за политика и суштината на животот.

Толку од мене, трезен и нервозен, да пишам дека и објективот ми се расипа. Вечерва бројот на фотки се брои на прсти. Најверојатно утре воопшто нема ни да одам на Пиволенд.

И барам љубов... не барам премногу нели?

И за крај една песничка, поточно две, затоа што се споени на албумот. .
 
Драга ....

кај ме најдоа мене да ме прашуваат за кој би гласала ако се одржеле утре избори, морав на се да им одговорам за никој, за ниедна, итн. Нека ме прашаат за името, да им кажам ја убаво :) Батали тоа ... вчера отидовме на Пиволенд сите нервозни и луѓе што не пијат пиво, пропија. Интересно беше, ама лани беше поинтересно, да не речам топ. И така ајт
 
Е сега се изнервирав.Појдов во град за да земам нешто од Library за читкање и ми кидна автобусот пред нос.Е сега не одам па што сака нека биде.А што убаво си испланирав да трканам до библиотека и да си земам нешто интересно ама овие од јсп......како на трка да се со тоа автобусиве....То е то кајги.....изгледа ке спијам денеска цел ден...
 
Кара миа...
Еве и официјално оваа недела ми е нај за нигде у последнава година!
 
Се качувам горе и порака на Кајгана форум ииииииииииииииииии колку и се израдував како што сум осамен, тоа опомена аееееееееееее опомена опомена дај што ќе дадеш. Само не ми е јасно зошто постои фонт 7 ако не смее да се пишува со него, пишуваше правило сум прекршувал а шо ти ја знам кога не ги знам правилата, ги немам прочитано :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

Леле треба да се бричам, лелееееееееее ме мрзи утре не одиме ваму нема кворум екипата.....
Зимница зимница и само зимница и пак зимница :pos::pos::pos::pos::pos::pos:.....

П.С. Се заебавам дека сум осамен, ама сериозен сум за правилата :icon_lol:.
 
Значи све на све, животов се тркала ли тркала и тоа све и само надоле! Почнувајки од понеделников па до денес не знам кој ден е нај за нигде :(
Шо баксуз ќе бев бреееееееееееееееееееееееееееееееее
Не знам што да правааааааааааааам
Да не ми беше клик-клаков... :(
Лелее грди времиња дојдоаааааааааааааааа.
Сакам да се исплачам ама некако не ми идат солзиве :(
 
Драга
1. Положив се
2. бев тажна, кажав ко шо сакав да кажам, ама доволно прљав перверзен ум го испреврти тоа -.-
3. ми се иде Осијек, единствениот град што има душа...
4. сеуште неможам конечно да спијам кај мене во соба зашо ми стаиле на кревет некакви си гаџети и не ги тргнаа, а тежат -.-
не ми се докажува повеќе... ):
 
Д.
најдов дневник што сум го водел кога сум имал од 13 до 14 години :pos::pos: комедии.
ама за чудо се сеќавам на секој ден како вчера да било.
...инаку многу ми се спие и не ми се излегува некако. цел ден скитав и сега не ми е интересно

п.с. постов ( со мали прекини секако) го пишувам точно 47 минути
 
ДК,
У пичку матер!
Како бе во 95 минута да примиме гол, како бре?!
Ама сум се изнервирал ееејјјј.
Ама, It's about how hard you can get hit and keep moving forward. (ова ми иде у потпис)
pozzi4
 
Еее Драга, после толку време се решив да ти пишам, аген :)

Иначе да ти се пофалам, од пред некој ден сум бруцош и сега за сега не е лошо.
Си имам еден колега што многу си го сакам, многу е сладок - душа :)

Инаку,како што гледаш и септември полека изминува, од 2010 нема уште многу, така да 3 месеци кај и да е не се многу, ќе ги преживеам.
Дефинитивно ќе биде паметена како најкатастрофална година од првите 2 декади од мојот живот, со сите перипетии кои ја следеа, и после кои признавам, ми се смени животот за 360 така да сеуште имам мака со привикнување на истиот.
Во изминатиов период ми се случија многу грди работи, одиграв многу улоги кои беа СЕ само не ЈАС, свесно отфрлив љубов и се фрлив во прегратки на личности кои не ме заслужуваа, се форсирав да изградам некој однос за кој сите околу мене, не само јас, беа свесни дека беше апсурдно.

Најмногу од се ми е криво што повредив една многу драга личност, личност која секогаш беше тука за мене без оглед на се, која ме чуваше како капка вода на дланка, личност која најмалку од сите заслужуваше да биде повредена, и која веќе неколку месеци воопште ја нема во мојот живот. Го нема муабетот, ги нема излегувањата. Веќе и не памтам од кога го немам видено, или пак имам слушнато нешто за него, не знам каде е, како е..
Но едно сигурно знам и жалам што за да го дознаам тоа морав да поминам низ толку многу, дури и да се изгубам во тоа патување, да се одалечам толку многу и сега да немам шанса да му кажам дека е единствен, дека вреди злато, и дека можеби е најпаметно тоа што ме изгуби затоа што заслужува само најдобро, љубов каква јас никогаш не успеав да му ја пружам...
Го гушкам, и секад ќе го паметам по најубаво, без ни еден валкан спомен ( бидејќи секако, истиот и не постои ).

И уште нешто ! Се сеќавам како вчера да беше денот кога со истата ме расплака..


Но денес е обратно, денес јас тебе ти ја посветувам ..
 
Angel на Џими Хендрикс свири од звучки, Дорина мезам ко за 2 саат навечер , а штотуку се вратив од свадба....
Јас дефинитивно не халуцинирам, се станува толку тажно што муабет не ми се прави, разочарани луѓе кој од очаен љубовен живот, кој без егзистенција, кој сака да си го спаси детето. О да, нема лажење повеќе , мизерија има насекаде и како вирус не напаѓа сите.
Абе македонче, цел живот нешто ќе недостига, ко да ни е генот проколнат.
Веќе не се радувам што го имам оној сенс да извлечам од човек цела животна приказна, напротив не сакам да знам, а сепак луѓево ми отвораат душа сосем случајно иако едвај ме познаваат. Ми мириса на тага и на страв, на осаменост, не е можно овој град да станува толку очаен, изгледа умира. Или сме себични, или со скршени срца....или сосем немоќни пред животот.
Ако мои пријатели и познаници, слободно исплукајте ја својата приказна, можам да слушам до бескрај, на крај краева ништо не ме чини, а вам можеби ви е полесно.
А јас...ќе си седам со овој егзистенцијален страв што ме опседна веќе некое време и со својот став на волк самотник ќе набљудувам додека не дојде време да зборувам. Зашто треба да зборува тој што има што да каже.
Се одјавуваме народе со Френк Синатра и вечната My Way...најбитната работа...да направиш се на свој начин..ако можеш.
 
Ќе биде долга ноќ а веќе ми е сѐ преку глава и од сѐ ми е прекурчено...Сѐ што можеше да се утапи се утапи...Идам да ја направам вежбата бар да има некој аир од мене ноќва...
 
Кеј


А да ти кажам, и да не заборавиш.

мња
Патем, мило ми е коа си мислам дека сум си ги расчистила сите збунки у глава, ама не ми е коа ќе ми се вратат сите збунки у глава.
 
Драга

Сите ние во својата личност поседуваме и машки и женски аспекти, со што обично се објаснуваат нашите различни особини на личноста. Оној истичнички концепт на јинг јанг најдобро го објаснува тоа, женските и машките спротиставени принципи се дополнуваат и сочинуваат една целина.
Приметив последните години, а особено последните месеци дека посточката идеја за машкоста и женственоста е често напаѓана.
Поуките кои сме ги добивале во детството за сексуалните улоги и однесување, сега кога подобро и позрело ќе ги согледаме доаѓаме до еден крајно разочарувачки заклучок кој е подеднакво ист за двата пола.
Кај девојчињата и жените систематски одлучноста е задушувана, додека кај машките е пресечено покажувањето на нежност и ранливост. Овие груби дефиниции на сексуалниот индентитет не им годат на многумина, очигледно е дека дејствуваат како сопирачки. И двата пола сакааат да бидат "нешто повеќе" од она што традиционалните сексуални стереотипи го смеатаат за прифатливо и соодветно. Ваквите стереотипи се слични на лудачка кошула, на пранги кои држат заробен значителен дел од личните потенцијали. Оние девојки кои научиле како да ги изразуваат и машките и женските аспекти на својата личност имаат највлијателни и најинтересни односи со мажите. Девојките кои им дозволуваат и на едната и на другата страна да бидат изразени до крај, можат да бидат нежни, верни и сензуални исто толку, колку и одлучни, продорни и енергични. Која е поенатата ? Поентата е што голем дел од девојките најчесто ја изразуваат само едната страна, само едниот аспект било машки или женски. Не успеваат да ја постигнат рамнотежата со себе, па и во односите со другите. Дури и кај оние кои ја поседуваат рамнотежата, во дадени ситуации истата е отежната, напаѓана со цел да се задуши.
Другиот проблем кој очигледно постои генерално кај многумина, е верувањето дека среќата паѓа од небо. Напротив таа самата се создава. Кога човек е оптеретен со евентуалните резултати од самиот почеток, несвесно го форсира односот кој штотуку започнал и кој самиот по себе може да биде возбудлив и поттикнувачки, без разлика на времетраењето. За да се пронајде вистинската личност е лотарија. Пронаоѓањето на партнер едноставно не значи да се биде " во вистинско време, на вистинско местo ". Тоа подразбира активно создавање на такви ситуации, бара придонес и заинтересираност, а не како што најчесто гледам пружање на ладен и одбивен однос. Кога луѓето ќе почнат да гледаат на додворувањето како авантура, а не како средство за профит или брз секс можеби и нема да постојат толку фрустрации и комплекси поради пропаднати врски или промашени саати на дружење.

За многу девојки, голем дел од проблемите произлегуваат од фактот дека тесното одредување на улогите зборува многу повеќе за тоа што девојката треба или не треба да биде, што би требало или не би требало да прави, како и за тоа што се очекува од неа. Никој, независно од тоа дали е маж или жена, не сака голем дел од неговите можности за изразување да бидат просечни, зауздани или затруени со срам или непријатност. Природно и здраво е да девојките конечно да почнат да го вежбаат својот начин на искажување на сила и енергичност, како што за машките е добро нежноста, да ја изразуваат со нежност.
 
Официјален крај на Пиволенд за мене.

Прв ден - Фредо Мекјуровиќ, Суперхикскотеќ, последна 2ка.
Втор ден - Отсутен. Оправдање од родител
Трет ден - Собиранка на фотографи на град Скопје, рандом луѓе, уше порандом скоро гага такси до дома.
Четврт ден - Конструктивни муабети, неконструктивни шали, нови 17 (седумнаесет) рандом луѓе, Кошин диџејс и нивниот иновативен тупца-тупца.
Петти ден - Не одам. Штрајкуам.
Сите денови пиев пиво. Нели е ексцентрично тоа?

Фаќам факсов сеа сериозно...


П.С. Уше да не беше саркастична колку мене и ке си бевме топ.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom