Денес се вратив од семинар по цртан филм. Добро беше, малку да видиме конкуренција што правела, филмот ни беше прикажан, ама ме изненади дека бев претставен како специјален гостин

. Ај првите два пати коа морав да станам да се претставам пред сите ми беше ќеиф, ама после ми стана веќе незгодно коа ќе си го чуеш името 5 пати пред јавност, добро што колешката не беше ќе поцрвенеше целата

.
На пауза му викам на организаторот, се е тоа убаво ама ајде да направиме нешто и со Македонија, да има аир. Ми вика важи ќе биде супер и југот да го уклучиме, па од септември и за тоа муабет ќе се прави. Ќе ми биде ептен ќеиф и кај нас нешто да се организира :wink:.
Додека ги гледав книгите во библиотека глеам една книга за антички легенди и почна една идеја пак да ми се вртка у глава, одамна ја мислев ама коа да стигнам :raz:, може супер проектче да бидне само уште малку да ја разработам у детал.
На враќање го испуштив возот ама си реков што ќе се нервирам ќе го разгледам градов и во еден трговски центар гледам огромна скулптура од дрво висока 4 метри. Гигантска од дрво ретко се гледа, многу ми беше интересна и пак ми се врати желба за вајање. Ама да направам у канцеларија атеље ќе ме стави колешката у топ и сосе глина ќе ме исфрли надвор

, ќе мора друго чаре да барам

.
Во канцеларија ме чекаше скакулче. Гром, среќа у новите простории

. Ама скакулецов ко Марфи да го учел, јас го буткам на надвор он у фаца ми скока

. Ме потсети на некои личности што ги знам кои секогаш идат у погрешен правец. Ама за разлика од нив овој имаше среќа, така да сеа брка некоја скакулка у двор

.