Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Џес

Бегањето од дома секој ден ми изгледа како многу убава идеја.
Mи иде да се убијам на моменти.
Мислам дека неам нерви, а не дека ги контролирам.
Се мрднувам..полека но сигурно.

:salut:
 

ЕВЕ СУМ БЕ:pipi: АРНО ТИ ТЕКНА ДА МИ ПИШЕШ!

Иначе мила после некое време ја прв пат станувам вака рано...
Добро е, башка здраво е...
Го зграпчувам денот...читајте Вест...:nenene:ќе се заебете:smir:
 
Киммм времево е толку грдо, а мене ми е тооолку убаво.. Толку сум расположена:pipi:
Вчера дремевме со будаливе кај мене дома, се распричавме убаво.. Беремо јабуке :pos2: Умрев од смеење.
Одвај чекам утре.. сепак ќе идеме на стрит денс журчето.
Мислам дека енергијава со душа чека да се исфрли од мене.
I pinky promise dat I'll dance whole nitе, no stoppin! As always actually (:
Башка знаеш што ме радува..? Он пак ќе биде таму.
Знам дека треба да ми е сеедно, ама шо да праам, така се осеќам и не можам против тоа. А и да не биде богами, ќе се отворам ко тетратка у септември ! Уф.
Wanna go wanna go wanna go wanna go wanna go wanna go wanna goooo
Хипер еј...
Ајт. :back:
 
Е се преучив !!!
Сеа се осеќам исполнето.. xD :pos2:
невероватно е колку знаењево ме исполнува,
и ме праи да се осеќам попаметна. :pipi:
А сега, уше пола саат - школо.
Јеи?! Можеби.. Нема денес да го видам. Јеи?!
Можеби.. Ќе ти кажам вечер се! Океј?
Те сакам ма! :vozbud::smir:
 
Ниско ниско низ тревата и ОП!
Е што е тоа?
Епа ЗМИЈА Е!
Во мојот клас има многу такви.
:salut:
 
^

ова звучеше на припорчански виц
Во мојот клас има многу такви.
едит: добив петка бизмиз (Х)
 
Зелена лута свежа пиперка мх мх мх со ориз и месо, знам дека не треба многу да претерувам ама тоа ти е, подоцна ќе пишам импресии во темата што ја отворив во ЧДА.
Станав поработив малку :icon_lol:, потоа тргнав теренски малку комшијата пак на работното место беше, што како прашува за дозволата му објаснив дека тоа е деловна тајна, се загрижил човекот да не се многу пари :icon_lol:, му објаснив дека ќе ја наредиме како што треба. Период сонце период дожд период облаци само без дожд.
Стасав до местото на настанот :icon_lol:, е не требало сега е рано било е да ти пукни пукалото :icon_lol:. Ајде назад поминав низ долината од сенката на смртта и не се исплашив од злото, па затоа се наградив со мачеништво да ја искачувам угорницата кај шаторот директно нагоре, нема лево нема десно нема кратење :icon_lol:.
Не знам што ќе биде а баш сакав сега овие ја матат водата со некои нови правила, ајде важна е намерата ќе гледаме да биде понатаму не е се во наши раце....


П.С. Купив боја за печатачов и прашав за безжичен рутер.
 
КАТАСТРОФА!!!!! Зошто баш тебе??? Што се дешава со светов:tapp: Ужасно ми е тешко и лошо, а најмногу ме боли тоа што не можам никако да ти помогнам. Ужасно ми беше тешко додека плачеше, а јас не сум до тебе да те утешам, да ти помогнам и да ти кажам дека се ќе биде во ред. Не сакам кога ме прашуваат зашто те нема во школо, дали си добра, што ти се случува...затоа што неможам да најдам одговор, а не сакам ниту да ги лажам. Цел ден денеска ми беше празен без тебе, заедно сме и двете од градинка, неразделните другарки и сестри како што не нарекуваат, а нема кој да ме насмее, да ми врти муабети за таа тооооолку очекувана матурска екскурзија:( Колку и да сакам неможам да ги сопрам солзите...сами си течат:( Лута сум и гневна зашто никој не ми кажа ништо, зашто молчеа:( Сакам само се да се среди, се да биде ОК и пак да бидеш весела и насмеана како порано. Ме боли срцево кога ќе помислам на најлошото што може некому да се деси, но гаам некаква надеж дека не е така. Не можам да продолжам затоа што додека го пишувам постов се гушам во солзи...само сакам да знаеш дека те сакам највише, дека секогаш и во секое време сум тука за тебе и се да помине што е можно побрзо...:(
 
Врагаааааааа


Ај ако сакаш објасни ми што ми се дешава????????
У последниве два дена два пати ја сонував,итоа синоќа во сонот се најдов у крајно не пристојна сцена со неа безобразна да не речам,а се работи за една од моите најдобри другарки.
Денес па мораше на 100 места да ја видам и така цел ден само она ми е во главата,знаеш онака кога сонуваш толку јак сон што мислиш дека стварно се десило и не можеш да ги тргнеш мислите од тоа. :nesum:

Уфффф многу чудно се чувствувам незнам што ми е.....ама се надевам дека ќе ми помине во скоро време.
 
Драга,
Никој не се родил учен,но кога ќе почне да учи криво му е што се родил.
Ова сакав само да го споделам со тебе.:smir:
 
55649666.png


It's your turn gal!
*I have masters degree in online flirting
 
:pos2: :pos2: :pos2: Не можам значи да си поверувам на очите.
Човек кој утре треба да ти предава предмет кој го мразиш од дното на душата и едвај го учиш, онака со мака, знае помалку од тебе а е при крај со факултетот.
И што е најинтересно, упорно те убедува дека е во право. А кога ќе примети дека греши врти на зафрканција и менува тема.:pos2: :pos2: :pos2:
И нека иде некој после да ми рече дека не сум научил доволнохахаха

Туку, денес позади Рамстор јас, заедно со една група од 7-8 луѓе кои беа случајни минувачи на таа улица, бевме погодени од улично цунами предизвикано од комбинацијата на прилично убавото, длабоко езерце и огромниот BMW X5 кој прошиша низ тоа езеро.
Значи, лом од глава до пети (без гаќи само).
Ако го тргнеме ова на страна, можам да заклучам дека сум многу среќна личност.
И си купив и патики денес.
На вакво време, кога сите гледаат шо поскоро да стигнат дома, ја у потрага по патики.
Епа ќе пливам после, не во едно, туку во три езера низ градов.

И сакам да ги поздравам сите неподносливи старци и старици кои и покрај целиот слободен автобус, ви висат над глава за да седнат токму на тоа столче на кое седите вие.
И се што треба да се направи е да се фрли погледот преку прозор:pipi:
 
Драга Тиншема. Денес бев на базен и таму беа некои девојчиња а и девојчето кое ми се свиѓа од 6 одделение али друга смена што е. Ги облеков моите купаќи кои ми се поклон за полуматурата која ми беше пред 1 месец и се чуствував како Роберт Дауни Џуниор кога зема Оскар. Таков подуен како орел во торба, зачекорив покрај базенот и кога сакав да испаднам типче и да рипнам салто мортале во влажниот базен, се слизнав и паднав на плочките. И тоа го виде мојата симпатија која ми се смееше. Јас се устрамив и си отидов во соблекувалната и плачев. Дали некогаш ке ми текне дека со апостолки не се иде на базен?



И така јас ти викам, онака целиот...


Заврши колоквиумска иначе. Положив 3/3 и сеа сум онака на коњ. Или јас бев коњ?! Ај нема везе. Важно има коњ или дедукција во муабетот.

Иначе се чувствувам како фикус оставен на тераса во јануари - рече и влезе во океанот на можностите. Ама тоа беше друга приказна.


После...Абе требаше нешто да кажам али заборавив.
 

It's been a whiiiiiile...8 месеци скоро екш`ли. Период на адаптација ми треба за да можам да се обратам со “драга“ на дел од виртуелниот свет. Плус, ме пука трема од прв пост после толку време. :) Вината му ја префрлам на отсуството!
Како и да е, присуството за некое време ќе напраи да се осеќам пак ко форумска појава, со никнејм, сликиче, потпис и тајтл.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom