Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Не ми смета работава. Ама од ништо правење, да немаш одмор цела недела... Не иде некако. Нели?
А за адвокативе више стварно незнам што да кажам :гомце:. Мислев дека овде е боље жими се. Им праќаш меил и им кажуваш кога си слободен за разговор, и после 3 ДЕНА, ти пишуваат меил „Кога сте слободни?“.... Добро бе, вие меил прегледувате НЕКОГАШ? Башка, на 5 ЛУЃЕ го пратив. Нема никакви шанси да ме убедат дека НИКОЈ не го видел. И пази, пишуваат во среда, а работната недела е до петок, а ние сме 3 саати разлика. Додека видат они, дошло четврток више. Не треба да прашаат „Кога сте слободни во петок?“?. Или играме некоја игра? Треба да ми ги објаснат правилата пошо очигледно не пратам нешто ко што треба.
Сакам да сум во јуни во Македонија. Ако не сум, ќе идам ќе ги кољам. :нинџ:
Не се познава дека сум напиздена, нели? :pipi:
 
Драга, машкиов свет забегал малце.
Бевме излезени вечерва во дискотека, и со еден другар, забележуваме едно девојче. Другаров ја посматра добар пола саат, и после донесува заклучок: " На оваа, цел ден ќе и го лижам палецот од ногата ".:cuc:

Драга, на нити една жена на светот не вреди да и го лижиш палецот цел ден :)
 
tumblr_n3un0xEuwT1sa4w33o1_500.gif

Toлку.
 
Благослов, истовремено и проклетство е сè да чувствуваш премногу длабоко. Е тоа ми се случуваше изминатиов период од една недела. Важно помина, и се радувам што си ги расчистив облаците за да му дозволам на сонцето повторно да ми ја грее душава.
 
Не знам дали само мене... ама сигурно и вас ве тераат да купите шампон од Кам, леб од Тинекс, сирење од Тедико, млеко од Рамстор, сусам од СП, маслинки од Принц, тоалетна хартија од Веро и не знам веќе што продавници има. :pos:

До душа веќе тоа потствесно ми станува, едно од таму да зимам, друго од друга продавница. А мене па глупо ми е со ќеса од Кам, да влегувам во Тинкес. Па одам до дома, да оставам ќесето, па во друга продавница. :facepalm:

Вчера отидов во Кам, ама немаше тоа што барав, па земав купка, затоа што ми беше глупо да излезам, без да купам нешто. :tapp:
Не во смисол дека сакам да трошам пари, него да не биде дека само им се шетам во продавница. :нинџ:

Што сорта ќе бев, бе...
 
Kajgi , Kuca poso -poso kuca, eto sta znam -nista neznam :D vremevo e govna i lajna ,inaku sve ke bese top , ke se pravese shemi4ka
 
Ете така, се сликав што се сликав за ЛК, сега може да се истрижам тројче и да ја избричам главата пола како што има фриз секоја втора. Бонус да пресадам кожа на показалецот зошто имам лузна и сум out of the system (y)

Прашуваш на информации на каква уплатница да платиш, таа таму ти вика „А?“
brainoverload.gif


:facepalm:

Oк, знам дека генерално гледано со мањак хромозоми се тие што работат по такви места ама дајте бе малку луѓе заинтересирајте се за струкава што ја работите.

Вчера 20 минути откако ти пишав пак ме викнаа на работа, во 11 се вратив и едвај станав сабајлево. Среќа денес слободен ден ама доаѓа крај на месец што значи дека набрзо ќе треба да гасиме неплаќачи (а срамота е какви име фирми се главни неплаќачи на смешни суми) и после 10 минути ќе ти се јавува да ти дроби како тоа да му дадеш уште 2 дена, дека ќе плател, цимолат, плачат, пцујат, се ова во едно. И после Словенциве не ни веруваат како е можно да не плаќаат, па нормално, во Словенија пусти срам ќе ги пукне ако не им платат, никогаш не ни биле во стање да се караат таму за такво нешто.

Ајде идам да легнам сега пак (y)
 
Ете драга... како што пишав синоќа, тоа и се случи. Се разболев, носот ми е како нијагарините водопади, ушите катастрофа, а за грлото да не збориме, уста неможам да отворам... ако некој ме праша што ми е на грлото, симболично ќе му одговорам...

ibohycPGyVRoxf.gif

МиаСанМиа, оди убиј се...
 
Последно уредено:
^Lele ke se rasplacam. :(:place:

Kale dzedajot neka ti pomogne brateuuu
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom