Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драгоева

Порано се палев ко млад мајмун у сред сезона на парење на политика сеа некако ми сеедно, ги гледам вестите со извесна апатија. Не знам дали е времето или пак јас дигам раце, некако ми е сеедно. Осет на another brick in the wall прeовладува, знаеш дека неизбежно, знаеш дека ништо нема да се смени,дека не можеш да смениш, се што преостанува да пукаш сеир од страна, сеа ми текнува зошто на стариот не му е важно кога ќе се спомене политика и зошто цело време гледа дискавери уставри сеа сваќам какво е чуството да бидеш само статистика. Статистика со ознака на пол, возраст, имотна состојба, работно место. Нешто ко да умрело во мене, порано беснеев коа ќе ги читам петардине со назнака патриот, чисто скопје и остала багра. Сеа ми е сеедно, си земаш пуканки се смешкаш и одвреме навреме им коментираш, ме мрзи да мислам знам дека никој нема да го прочита како што треба а уште помалце да го свати, ме мрзи да анализирам пошто ретко кој сериозно ја сваќа анализата. Не знам дали е трагично или пак е добра работа. . Ме мрзи не е баш мрза туку до пуканките се поише се релаксирам на задното седиште одвреме навреме пишувајќи некоја рандом глупост која повеќето ја сваќаат сериозно. Размислувам да станам сириан спирит анд комп . Повеќе поштуваат луѓево ретардиран хумор . Нхааах го неам тој сарказам ... ах тапа сум -.-
 
Драга Кајгана,

Јас само да се вбројам во сите. Доброволно.
Друго, ми фали животот. Шта чеш..

Ае педала.
 
Kajgano Breaking news :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Ја знаааааеееееш групата фејсбук „Да не беше Шмизлата на улица Македонија пола Скопје цицка немаше да фати !“

Е па на профил сликата е брат ми оној кој ја драпа џенцката и знаеш што друго сеа истата слика ја гледам у списанието Свет :pos: priceless
Не ни знаев дека имаме списание свет дома а не ни знаев дека брат ми го чита ( боже станал турбофолкер :icon_eek: )
Како и да е убав тој на дада :vozbud:
 
Мила, цела ноќ око саглам не склопив. Сакам со некого да зборим, а никој нема или спијат или не се дома, или исклучен им е телефонот :(
Сакам, сакам побрзо да дојде викендов, заш више не можам да издржам :pipi:
 
Чудна сум била...па како сакаат да изгледа неспиен човек скоро цела недела?м?

чекам да го видам брат ми...
и уше мн работи...

ај ај чаО.о
 
Драга

Изморен сум и тоа многу,
се спремам за во школо,
до сега правев проект и така...

Чао драга:back:
 
драга
сакам викенд!!!!!!! не можам да издржам уште на школо. утре тестовите, само бог знае што имам :uvo: и имам 7 лекции за учење :nesvest::nesvest::nesvest::nesvest::nesvest: ама јас ќе си скратам на 3 лекции. викаат здравјето е поважно од се и сега јас ако учам ќе збудалам и ќе се разболам од учење затоа 4 лекции нема да знам па сега ако ми е таква среќата да ме праша за нив јбг ќе си поправам :toe: инаку ти како си ми? не ти се спие ? леле мене очиве ми паднаа за спиење и башка ми студи. ае ча0:back:
 
Драга на сите им се случува да направат грешка и потоа ужасно да се каат нели?
На сите им доаѓа да го вратат времето назад за да постапат поинаку во тој момент нели?
И по некое време грдото чувство на немир и слично избледува нели .. нели .. неллиииии?

Аххх драга .. зошто не сум баба Ванѓа па да знам што ќе се случи и правилно да постапам во дадени моменти?
Зошто?
 
Све ми здосади еј.
Неам више материјал за експериментирање.
Тапа тапа тапа..
 
Драга

Уличниве кученца биле препаметни, помагаат во намалувањето на злобни луѓе како една твоја кајганџика. Само искрено се надевам еден ден пак ке ја начекаат:pipi:


И мојата золошка ке си ја зголемам со уште едно суштество....
морско прасе:vozbud:
само да најдам мирно мало неплашливо и си купувам
ке биде куќава баш како Том И Џери
имам папагал, куче, маче и сеа и глувче
0b37554fbc9e665b926ef4fd85ca5faa.jpg

 
Еј знаеш што ?????? Го знаеш она чувство кога си слободен , а нечии злобни канџи не и дозволуваат на твојата праведност да дише???
Е така се чувствувам во моментов , ама од друга страна дури и да ми се соберат милион луѓе и да ми кажат дека не сум во право за се, кога си го слушам срцето длабоко во себе ја имам праведноста ,чесноста ,хуманоста ,искреноста (која што огромеен дел ја нема и никогаш нема да ја има затоа што лажната насмевка не е онаа која ќе не направи луѓе ) ја имам во себе моќта ,моќта на позитивното манипулирање , на спојување ,на создавање вечна блискост ,вечна љубов...
Жалам за оние кои не го можат тоа,ги жалам оние кои се изгубиле во лагата и провидноста , ги жалам оние кои не ја сфатија убавината на животот,оние кои ги ставија ставовите на другите пред своите,оние кои мислеа дека имаат се , а се немаа дури ни себеси, оние кои плачат над своите грешки,а не се обидуваат да ги сменат,пние кои нема да бидат среќни дури ни кога би го добиле на подарок целиот свет,затоа што љубовта,болката и пријателството ќе немаат од каде да ги купат ... Љубовта ,затоа што тогаш веќе ќе им биде непознат поим,пријателството за да ја осетат блискоста , болката за да знаат како не треба да се чувствуваат...
.... Ова е чудесен свет, и ако не си цвет.... Ништо не си...
 
ДК

Ќе стигне гане за брзо време , ништо друго не е важно ... сисајте фејкери

само :мара: и кур не ми чуе.
 
ДРАГА КАЈГАНА
Читам , учам , ми гори под г'зе , тоа е све е по старо
Нема никакви измени во мојот живот и покрај тоа што сакам да се смени барем нешто :tapp:
 
Знаеш драга, по не знам кој пат ми испаѓа на секој можен тест за професионална ориентација дека највеќе ми лежи социјална работа. До денес го негирав тоа.
Од утре, ја применувам таа дарба.

Како може другарство од 4 години да го оставиш на цедило само затоа што другарка ти раскинала со другар ти? Како можеш да се понашаш према некој дека не постои само затоа што тој некој решил да прави нешто во своја корист, а не да стане заробеник на туѓите желби и потреби?
Како може некој да се осуди да покажува со прст кон другите дека се виновни, кога и сам тој е свесен дека целата кривица всушност лежи длабоко во искомплексираноста на сопствениот разум кој едноставно не може да прифати дека нештата понекогаш се многу поразлични од она како што сакаме да бидат?
И како по ѓаволите, може некој да избрише некого од својот живот без притоа да не го болат сите претходни прекрасни моменти поминати заедно?

Знаеш како може?
На еден многу глупав, одвратен и вулгарен начин. Кога ќе сфатиш дека всушност се она претходно било лага многу е полесно да го свртиш грбот и да речеш дека поминало.
Кога ќе сфатиш дека ти немаш никаква корист од тоа, тој некој го отфрлаш од својата околина претставувајќи го како најгнасната личност која некогаш постоела.
Кога ќе сфатиш дека лично ТИ го губиш тлото под нозете, па гледаш да приграбиш нечие туѓо земјиште на кое ти ќе застанеш.
Ете како и кога може...

Која е потребата да од човек направиш себемразечко сушстество кое едноставно жали што си допуштило толкава слобода да тебе те нарече свој пријател?
И до кога, у пи*ку матер, ќе го одредуваме нашето мислење за некого според туѓите искуства со него?

Но ете, кога немаш чиста совест и кога знаеш дека ти си кривецот, многу е полесно да ја префрлиш топката на другата страна од мрежата и да го напуштиш теренот.
Да ви е*ам тоа играчите што ни еден обичен тренинг не го изигрувате до крај.
Ве чека сериозен и тежок живот... Размислете што правите од себе...
А како сте тргнале, правите тешки говеда спремни да си гризнат од задникот само за да не сфатат дека баналните работи кои не сакаат да сфатат дека оние банални работи за кои се лутат всушност се од никакво значење во споредба со распаѓањето на светот на една личност која направила една ненамерна грешка. Грешка од која наместо да научи, таа личност ќе се ке до крајот на својот живот што ја направила.

You can fill in a gap, but you can never wipe away the fact that originally there it was.

At least, there are two people still supporting that person. I'm glad to be one of them.
Love you a lot Ell!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom