Кеј, веќе со денови сакам да ти пишам, ама се нешто се предомислувам. Еве денес имам причина, второто чудо е остварено. Сега работите ќе се средат, ќе се добие некаков тек на случувањата, кој и не го посакувам толку многу, ама кога се мора, се мора. И нема бегање од тоа. Е сега треба уште една работа да ја пресечам. Но и тоа се одвива во солиден правец. После тоа што и како ќе се дешава, не знам. А не ни сакам да знам, нека остане иднината неизвесна. Утре како има да одмарам од сите луѓе на овој свет, ќе си готвам само за мене и ќе си уживам во самотијата која оддамна ми треба. Штета што ќе биде само еден ден, но ако се повеќе пак, ќе се залежам, има ненормална мрза да ме фане. И сега како ми тргна пишувањево, ќе се заборавам ако не престанам тука, се има да ти кажам. Ајде отидов да си гледам Фринџ, a додека да заспијам, ќе те читнам уште неколку пати. Утре ќе ти посветам малку повеќе внимание и тебе. Те запоставив малку овие ден, два. Ама добро е, имам добар колега, млад, амбициозен, убав, згоден, паметен. Жени навалујте на него, да не беше толку помал од мене, немаше да ви биде на располагање до сега. И во оваа прилика да си го поздравам. Ќе прочита он, знам. А јас пак се запишав. Ај доста е. Чао колега.
И додека сум запишана и ми тргна со поздравите, Њотушка да си ја поздравам исто.
