Драга,
Уште утре до 12 и почнува одморот. Се разбира и празниците, иако не се мои, сепак најубав период од годината е дефинитивно. Сите се со кеси од шопинг, на плоштад личи како дел од бајка, грееното вино им е благо и мава во глава после втората чаша, кафаните се полни до даска ред се чека, живи свирки има на секое ќоше, се чувствува празнична атмосфера. Додуша Нова година не ја слават, али Божиќ треба да се истера со ред. Али затоа јас ја славам и Нова и наш Божиќ и даш шта даш само да се слободни денови.
Епа може да се почне со славјето за крајот на оваа убава година. Се надевам следната ќе биде уште подобра. Мора да биде!