Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана

Мисливе ми се празни.Можеби само ја рефлектираат болката која во последно време ја чуствувам, можеби затоа одвреме навреме пуштам по некоја солза навечер,заспивајќи со помислата дека ќе се разбудам со насмевка, дека од утре се` ќе биде подобро.
Премногу ли прашувам, премногу ли зборувам или премногу молчам??? Навистина не разбирам...Знам дека повеќе ништо не е како порано. Знам дека она пламенче кое едно време беше оган, полека згаснува. Оној лавиринт од скриени чувства, страсти, љубов и внимание, сега стана еднонасочна улица каде се` е веќе сосема познато, сиво и ужасно досадно...
Знам и дека ќе се прекорам самата себеси што сум го напишала ова и дека утре или кој и да е друг ден ќе си речам дека стварно сум будала што ги преувеличува работите, или пак ќе сфатам дека сум била во право...
Навистина не се разбирам...Мисливе ми се празни...

-Л.Х.-
 
Пеерко

Животот е курва,еби ја:wink:

ај отидов ја:back:
После вечерва,мора да попраам тоа шо сум пишал

У животот среќаваш многу курви.... еби ги :)))

:back:
 
Одамна не сум имама толку убав ден,иако започна со големи тензии,на крај,се се заврши добро. :) Ми падна голем камен од жолчка. Богами се олеснив.Излеснив. Јух. И ко за награда го наполнив мешокот и задоволно си се потчукнав :pos2:
Згора на тоа,уште попрекрасно е кога имаш со кој да ја споделиш среќата и да се радуваш со него :) Нека потрае периодов добро? По можност да не заврши
Ах. Одам да сонувам :P
:back:
 
Falling apart. Не бе, не во my life is like spiraling downwards and I'm like such an emo and stuff фазон, се распаѓам. Буквално. Кај и да е ќе изгледам како типичниот мистериозен лепрослав во дистописки филм, со крастава фаца и полукоса. See if I care. (Ок, тука почнува емо фазонот.) Оној брод кој две години го крпам испадна тежок инает за тонење. Сам се тераше кон дното, а сепак, макотрпно го крпев. Вечерва си потона. Самиот го потопив. Сега е слободен на дното, во мир и тишина. Којзнае, можеби ќе му се налепат некои одредени...хм...ентитети, па ќе стане убав, светкав, привлечен корален гребен. For her sake, се надевам дека нема. Тоа е Кајг, бродови се губат. Па така, Blohm & Voss си имаат бизнис. Што викаш, да ги барам да ми сковаат нов? Hah, nonsense. Sheer nonsense. :(
 
Здраво Кајгана... ја ме на мене саа шотуку станувам и грлото не да ме боле, чинам глас неам.. не не... сношти нигде не излевах и нигде не се дераах туку тка ме боле оти вчера беше ладно а нели па јас примам и WiFi љабов и ја го резултато: грлото ме боле, гласо ме фатен за сите пари и запушени ми се дишните патишта... :( туку, остај тва на страна.. тва ке ми помине туку, кажи как е можно ред по ред веке да не претерам ама 2 3 пати секак ја сонувам. ај кажи ми как е можно? нема везе... шо и да е нека мине само... друго ништо не сакам...
 
Џ.

Вии го времево надвор....
А ја седам дома цел ден и слушам една песна цело време.
Тужно.:?.
 
dear,
I`m filing sometimes like this kid. why?

dumb.jpg
 
Лејди
папсав ал добро го искористив времево :pipi:
и да ти се пофалам синоќа си поминав ногу убаво :back:

зз фала приВатно
 
Надвор е сепиа. Кафено е. Па и дува. А јас не дувам...сега...

Знаеш дека е боље да си глуп него ќелав. Ќелавоста повеќе се гледа во ова време...

Иначе деновиве ми се половични. Една половина максимално исполнети а другата ептен досадно. Ко еурокрем4е ми се деновиве...

Иначе за другото шт.
 
Драга Кајгана.

После неколку дена молчење мора да ти кажам нешто зошто не можам да го чувам во себе повеке.
Значи се обидувам да ги скријам овие чуства ама не можам.
И солзите секој ден течат иако се обидувам да го прикријам и тоа.
Секој ден добивам желба се да кажам на глас и да се олеснам.
Од ден на ден болката е се поголема.
Посакувам...
Да ме прегрне и да се стопам во неговата прегратка.
Посакувам да ме погледне уште еднаш и да се изгубам во неговиот поглед.
Посакувам да ми подари насмевка која би сменила многу работи.
И на крај посакувам сето тоа вечно да трае.
Ама за жал едно е што посакувам друга е реалноста.
Да имав сила ке се качев на статуата во Рио Де Жанеиро и да извикам на сет глас "Te сакам зар е тешко да го запомтиш тоа".
Ама и тоа е недостижно.
Недостижен е и тој.
На моменти посакувам да не го сретнев никогаш тој ден ама судбина.
Сакам само да ги заклопам очите и кога би се разбудила да не се секавам повеке на него.На она што го чуствувам,на она што го носам во себе.
Колку ми беше убаво што те сакав но сега посакувам да не се случеше тоа.
Да можев да избирам ке изберев да не те сакам напротив...да те одбивам секој пат,да те мразам но се случи спротивното.
А јас тебе секој ден се повеке и повеке те сакам.
Џабе ке биде и кога би сторила се.
И кога би знаел само ништо не би се сменило.
Ми велат не е за мене,ама јас неможам против ова.
Во моментов само се потсетувам на неговиот последен збор...
Зборот кој нема да го заборавам и кој ме закопа длабоко во земја.
И повеке немам желба за ништо.
За момент денес ме насмеа само едно слатко детенце кое беше кај нас.
Но сепак променлива сум како времето:pos2:
Ако е облачно и јас сум облачна ако е врнежливо и јас сум.
Ама велат после дождот иде сонце нели:)
Кај мене се уште не дошло.
Се надевам дека ке дојде наскоро:pipi:
А со него и многу срекни моменти.

А сега одам бидејки не се чуствувам добро после ова.
И благодарам што ме ислуша.

Се читаме...ваљда.

Чувај се:back:
 
драга
надвор е како лето! има над 20 степени сигурно, а јас не можам никаде да одам па знаеш со температурава шо ја имам 3 дена :nesum: од сабајле немав и излегов одма радосен на воздух кога се враќам пак мерам што да видам 37 со 5 се качила :nesvest: бев на доктор ми даде некои витамини, апчиња ама заборави да ми даде оправдување за на школо :toe: вечер пак не излегувам. ти се верува ли? и мене не. ај ќе те подружам дур не ми почне исфрлањето од Големиот Брат, а овие од евровизија не ги гледам оти се тапа :back:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom