Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
ДК,
Ебати траката! Џони Ротен+Лефтфилд
Идеална за денсин бај јорселф пред излазак :)
 
Но јас те имам немаштино
најблизок недофат, најголем недорек,
па место грижата за тебе
често сум доволна самата на себе.


Драга, што да ти кажам, гледам вести преѓе и паѓам во бедови. Баш сега го фатив делот за човекот од Галичица, срцето ми се стега бе. :(
Јас сум добро, фала му на Бога, деновиве се навлеков на пијалок од ѓумбир, имам многу работа па поретко ти пишувам, иако нон-стоп си ми пуштена. :icon_lol:
 
Драга еве ме и вторпат
само за арно за убо нека е, денес ме олеснаја еден куп пари и тоа непланирани, али добро е веќе се навикнав да губам.
2013 година изгледа ќе си ја памтам за најгрдата во животот (се надевам дека нема да има погрда и од ова досегашново), бидејќи едноставно не ми оди ама баш ништо како што треба. Пред месец дена мислев дека ќе се исправат некои работи со запознавање на некого, али тоа ми направи уште поголеми проблеми, нервози и мачење. Се надевам дека уште преостанативе 80тина дена од оваа година нема да бидат толку срање како изминативе или пак уште полоши. Ај малку да искулирам со браќава по раса.
 
Драга К,

Пред некое време се вратив од град... и после толку мрдната атмосфера на она рок журкана кај што бев :pos: Дури дома кога влегов се претепав на скалите. Него Драга К, сега кога ќе легнам уште малце ќе си пуштам одлична музика од Ричард иначе на ти уживај и ти. :cool:

 
Драга, прекрасна си.
Ама децава погрешно си ги воспитала.
Многу си ги размазила и си заборавила да им кажеш дека има и друго мислење освен нивното. И дека тој човек, со таквото мислење нема рогови, ни после полноќ станува врколак...
И знае понекогаш да биде во право.
(Просто неверојатно, ама се случува)
 
Има ли нешто поодвратно и попатетично од ГТЦ во сабота околу пладне?
-Јас мислам НЕ!

Прекрасно е, ги имаш сите могучи инструменти (и саксофон) свирени од млади и ентузијастични дечки. :)
Некои се шетаат нога пред нога лајтерица, некои се фенсаат демек у град искочиле, некои децата си ги шетаат со крофнички...

Онтопик:
Премногу поштувам моќ на запазување. :)
 
Здрацооооо <8 Ч )*
Кајгано, јесен у мени тугује
стра ме фаќа полен да не ме заврати од времево : P
Иронија е да си алергичан на полен а омилена песна да ти е кад замиришу јорговани
Иронија е и да слушаш траку итс фрајдеј најт у недељу сабајле на работу
 
Здраво,

одамна не сме си пишале.

3 003 пати сам јадел трици тука.

Нека се множат.


поздрав,

Луки
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom