Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Мајката: Сине, да ти спржам едно јајце ?
Синот: Ма немој ? А ја да ти сварам една цицка ?!

Seriozno?
Ova e humor?
Humor? Smesno?
Vicov?
Sto uste nema da postiraat glupacki po fb...
Zosto be samo zeni znaat da postiraat vakvi glupi vicevi? Zosto ne sum videla mazi da postiraat glupi vicevi?
Samo na glupi zeni moze ova smesno da I'm e. Ne za dzabe posle vikaat zenite nemale smisla za humor. Pa nemaat! Vi se pluknam u glupackite!
Dobiv nagon na povrakjanje na slikata ci...hdfdhfgadno!

Idam aj da se raduvam :D
 
Драга,

после пола година враќајне во своето родно место, и местото каде што сум раснат, се чувствувам пак како дома. Петте години на факс, и во градот кај што бев, многу ми делуваа и станав „локален“, па затоа враќајнето „дома“ ми беше тешко. Ете некој работи се средија, па така чувствувам што значи тоа да си дома, во местото каде што си роден и раснат. Домовината, како би рекле, не може значи да се остави туку така, секојпат во себе ќе си го носиш тоа чувство за тоа каде ти е „дома“. Во денешен свет, глобализација, на брзина менувајне на живеалиштата и се изгуби можеби нешто од тоа чувство да знајш каде си дома. Сите копнеат да одат некаде во големиот свет, во некој голем град или метропола и да остават зад себе еден дел од нивната биографија. Ја мислам дека тоа е грешка. Има убава изрека, дека домовината ти е таму, каде што ти е срцето. Тоа е точно, но поред мене неможе да се остават годините зад себе каде што си, ете немора да биде роден, ама раснат. Спомени, детство и младина, битните години за една личност. Повеќе треба да се сензибилизираме за таа работа, пошто како што тргна развојот некој ден можеби ќе станеме луѓе бездоници. Искрено, тоа не му посакувам на никому.

Оваа песна посебно ме подсеќе на мојата сегашна состојба: Ich bin wieder hier, in meinem Revier. - Повторно сум пак во мојот ревир/округ.
 
Драга, интересен викенд али во саботата ко сум накапал на една грда, едвај се спасив
 
Е драга, некогаш ги читаш налепниците на семе синапово и никогаш не вели никогаш и си велиш ова нема шанси некогаш да се случи, работи од типот - нема лоши времиња има само лоши луѓе, патот до врвот е најтежок ама погледот од таму е многу добар, не верувај во животот на никого и внимавај што посакуваш може да ти се оствари. Ова последново ми е најглупо од сите.
Имав еден школски, заедно учевме во основно. Мислам дека тој е еден од непобитните факти дека човекот настанал од мајмун, а можеби и од нешто подолу, на пример глушец. Кога сите на наша возраст тогаш (ние факерите од петто 6) се мислевме какви тетратки да купиме за нова учебна година или дали гумата мора да брише пенкало или не мора, Ивца беше филозорапторот и поставуваше суштински прашања, на пример - зошто кога жена е бремена нема менструација. Бебето ја цицало крвта - одговор кој подоцна го научив.

Во 6то одделение ја кажа најјаката работа која некогаш во животов ја имам слушнато и до ден денес нема појака, рече - јас брат да бев женско ќе остаев да ме турет од е*ење. Му викам - абе Ивца, не мора да си женско за тоа. Ни јас се насмеав, ни тој, ни професорката по географија што ме слушна и после секој час ме стануваше на табла да го барам Сингапур (а јас Сингапур ни знаев во кој континент е не пак да го обележам).
Ивца беше првиот што купи порнич на двд со пари што ги штедел на голем одмор и не викна дома да гледаме. 4-5 души све на све. Го гледавме без глас затоа што мајка му кај и да е требало да се врати од работа. Ивца имаше една мачка и таа гледаше заедно со нас, ама му лежеше кај половиот орган. Тој пак, начитан, напреден, рече дека мачките лежеле само каде што имаш болка. Брзо констатира дека можеби се работи за сифилис. Му викам - о Ивца, од порничи гледање тоа не се добива. После рече - изгледа стерилен сум.

Се ќе беше во ред ако вчера не го видев, после толку време, како шета со жена и турка количка. Бил во Германија во меѓувреме, а сега е сопруг и горд татко сопственик на дете. Ми рече - мачката тогаш ме заеба. И си велам, многу семе синаповски пароли некогаш за жал испаѓаат точни. Ако Ивца прочитал навреме дека "внимавај што посакуваш, може да ти се оствари", дека "патот до врвот е тежок" (а тој врвот го стигна многу порано) и дека ова се "времиња со лоши луѓе" можеби и ќе спасеше...
 
ДК
Ај еве и ја да се избацам после толку време
- Имав 4 дена да си завршам домашните
- Ја завршив втората
- Ми останаа уште 5

Значи мрза ваква до сега немаш сретнато... Стварно немам што да ти кажам, само ме занима утре што ќе ми каже професорот кога ќе ми ја чита домашната и ќе го прочита (цитирам) "мрда под кебенцето"
 
Драга ,ми тргна нешто последно време...Очекувам сега некоја природна катастрофа да се деси:ROFLMAO:
 
Она детено треба рака да ми баци шо го спасив џандарот да не му ги стави лисиците. А овај му вика е бееееееее ко Командант Чакала си да тибам сурато тој да не те праеше :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Бегај лоша комбинација сме заедно јас Г. и К. му вика пази овај опасен не лае ама каса да се фрлел главечки долу немој вика џандарот цименто било :pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Кога не виде на сите ни летнало врапчето вика бегај седете мирни :pos::pos::pos::pos::pos::pos:. Дојде командирот оп полека командире че го потплашиш Дорчо не чеможа да го надрва :icon_lol:.

Бегај имам работа крај нема.

 
Драга Кајгана,
Од овој момент потполно изгубив доверба во машкиот род...Жими се, ми пукна филмот. Се преполни чашата. И ја се преполнив со алкохол. Ама не е битно. Извлеков поука. Не верувај никому. Посебно не на оној вид суштества кои себеси се нарекуваат мажи. Од маж ни М. Ама ако. Се врти кругот. Се се памти, се се плаќа. Ќе дојдат и моите пет минути. А тогаш... е дури тогаш ќе видиме кој последен ќе се смее. И не ми е јасно, зашто на една жена би и бил потребен маж за да биде среќна? И онака само проблеми ствараат.
И тоа драга моја,
Ајде,време е да се спие.
Поздрав
 
ДК,

И пак се соочувам со најомразениот ми ден - понеделник:facepalm:
За жал, се што е добро кратко трае, па така и викендот.

1333885546_i_hate_mondays__thumb.jpg
 
Уфффф.... Минатиот месец ми беше катастрофа,еден куп проблеми од секаков вид. Се надевам дека овој месец ке се стабилизираат работите како што треба..
 
Драга

Цело утро ми се јадат потпечени лепчиња со лук и некое опасно сирење.

Ама нема. Има пржени лепчиња, ујдурма со јогуртот шланг или не знам ти што, мирис на сарма во самрак и зимата отмено може да започне.
Го љубам во сите музики што сме. И се сакаме. И се смееме. И се сексаме. И ќе си дојде и ќе му праам салтанати.

Си плутам денес, мутав ден ко јазовец на прв ден во школо. Смислувам приказни за деца. Се облекувам како дворски шут и тропотам на тамбура заедно со дождов. Те капки, те лисја. Снег - ни за лек.
Вртимушка на ветер и скинато едно увце од истата. Лила боја. Падна некаде по улици. Истурени мисли, ко бони топ бомбони на сив плочник. Сме го заробиле детството во сивата маса. Треба да се ослободи, да му се даде малку здив, малку ново ветре.

И денес твитам ко улава. Треба книга да издадам со мои твитови.
Денешниот ми го бендиса и клапата поети: Четкички за џез, утнале врата, влегле во сликарско ателје. Сликите, пеат. Симфонија. Плачам од среќа.

Плачам од среќа, еј.
Кое ново чувство. А старо. Игри. Ко на Кортасар.
Да не бладам, имам машина за пуштање.
М.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom