Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга...

Колку и да звучи клише она : " Кругот се врти!" , сепак тоа секогаш се исполнува! Едно време јас бев таа која беше повредена, понижена, предадена од најблиски личности, но сега дојде редот тие да ја платат цената за стореното. Од овој свет никој нема да си замине на небото се додека не ги исплати до крај своите долгови на Земјата! На вас е редот.
 
comicisthishowbatmanandthejokerstartedoff1.png
 
Не можам да ги најдам стенограмите од комисијата за труд и социјална работа од Талат Џафери. Се убив од барање, ама овие или не можат да постигнат или заспале додека овој зборел, трето нема.


Ај.
 
Кајг.

Си се нашла ли некогаш во ситуација кога едноставно не знаеш а и нема што да правиш ? Не функционирам, не знам каде да се испразнам, не знам што како, не знам ништо... знам само дека ова е катастрофа/
 
Сакам да заврне бе пааааааааа....:place:
А бе школскиот систем ќе се оправи додека падне дожд. :icon_lol:

(упс зашо сеа спомнав за дипломирање...)


него...
Passed down to you...

Ме фаќа постнегативна еуфорија. Знаеш оноа коа те маваат „бедови“ и после доаѓа затишје пред оргазмично извикување: Ааааа цркнете мамичето ваше.

So says Saladin...
 
Кајганче!
Денес ни факинг зумба не ми помогна во истресување на нег.енергија.Секој што ќе ми згази на живец го отерувам у три лепе.
Девојчено пред мене што беше, "несакајќи" за малку ќе го избоксував од што ми го стеснуваше просторот.И кај се видело, на тротоар два на два, тројца да идат во една иста линија и да не се помрдне ниеден, кога некој иде од спротива.Не им се тргам повеќе на таквите, ќе ги газам и туркам.
Вриштам во себе, а зашто си неам поим.
 
Кајго шо викаш кои се шансите во понеделник место попојне да пеат да се случи ова?
А?
А?
Ааххх
 
Д.
во последно време многу ми се спие, а слушам муабети дека и на повеќе луѓе им е така...е зошто мајката? :unsure: инаку како е множно бе да постојат толку глупави луѓе бе?? лееелееееЈ не е можно ќе си викаш дур не видиш со свои очи и не слушнеш со свои уши :facepalm:
и морам и ова да ти го кажам. уште порано мама и тато се дружеа со едни луѓе кои имаа две ќерки. една колку мене, а другата постара од мене 4-5 години. и си игравме, си се дружевме нормално како и сите други деца, ама со тек на време, не знам што како малку односите се оладија и престанавме да одиме кај нив на гости или тие кај нас да идат.
е сега финтава е што таа постарата ќерка завршила менаџмент и и дошла денеска на сестра ми како нова проф. и оваа (глупердава моја) ја познала која е (иако се немаме видено 10тина години) и пред сите и рекла: Ејјј професорке се сеќавате на мене? се сеќавате заедно ко си игравме на времето?(ама сигурно повеќе изгледало како да се зеза) и оваа ја гледа и се чуди (o_O) и ни две ни три ја избркала од час и пошто оваа не сакала да излезе ја запишала за казна :facepalm: а порано стварно бе заедно си игравме...ама кој да се сети. сега оди врски барај.

инаку поентата ми беше што сакам да ти докажам дека имам НЕ толку нормална и НЕ толку паметна сестра. ча0.
 
Драга,

Залади еј, не се седи повеќе на тераса, плус дувна некој ветер, крена прашина...
Знаеш што заклучив, сакал нејќел мора да го засакаш Мишкин, ми прирасна за срце.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom