Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Добро утро драга!
Уствари мене незнам и како ми доаѓа, дали добро утро, дали добар ден.. сеедно. Повторно решив ич да не си легнам за вечер да си легнам рано и конеееечно да почнам пред 2 по полноќ во кревет да бидам.
Ама ќе се заебам знам, нема да издржам до вечерва! Што ќе се прави со мене, се мразам по малце - чат пат.
Сабајлево решив од денес ќе почнам да учам за матурата. Додуша уште еден предмет ми остана, ама трите си ги поминав онака без книга да земам в раце, па за овој малце ќе се потрудам. Ама ветувам нема да се оптеретувам многу, онака малце само.

Иначе јас сакам ветеееер, нека дува многу, многу, многу :)
 
Кајганче!
Каква вечер... Ццц..:icon_lol: Од опуштена вечер планирана за пиво и фудбал, испадна текила најт:icon_lol: Не знам што се дешава со келнериве, ама осеќам дека ваквата вечер нема да е последна:pos:.Па и дождон какви мераци ми напраи.. Ме гледаа како ненормална коа искочив на улица да се шетам, ама I didn't give a fuck:icon_lol:
Убава вечер Кајганче, се надевам дека ваквите, спонтани и исполнети со многу смеење, ќе се множат :)
 
Ве молам да се најде Фигаро! Мачето е персиско, сиво со едно око! Ве молам доколку некој го пронашол, во околината кај Првомајска (Багремче во Велес)да ме контактира на 076 340 084.
Мачето не би преживеало со други луѓе, веќе еднаш е селено и има менувано околина, така што секоја промена за него би била фатална! Ве замолувам ако го има некој да ме контактира - Сашка.
Ве молам споделете, со цел што повеќе луѓе да видат.
Благодарам однапред.
Еве слика од мачето


:place:
 
Ми имаат кажувано за книгата на Џекова медицинарите, јас учам од Ленинџер и од Беркеш. Си седиш и си ги мозгаш циклусите што ти се дешаваат додека си го пиеш кафето и се вариш на овие жештини. :eek:
Многу досаден испит.Јас сум ветеринар ама и ние учевме од Џекова го имав во прва за услов.Се намачив додуша со него тежок е но ќе ти користи многу,се почнува од циклусите башка и на нутриционистите ќе можеш финти да им продаваш. :D
Со среќа нека е се најдобро. :)
 
Драга ,хех морам да ти кажам,се потсетив на некои важни работи кои ги изгубив уз пат така да не можам да продолжам без нив,штета-ќе морам да ги барам а дотогаш.......
 
Драга,

Понекогаш очекувам од луѓево да читаат мисли, да знаат што сакам без да кажам ...без да покажам. Сама комплицирам сама! Но...


Нема :) :love:
 
Драга,

Додека не пише некој нешто во наука и технологија ќе те спамирам тука :свиркам:. Досадно е дома ама што да се прави, вчера ми беа другарчиња на гости, им правев нешто за јадење, седевме на тараса, после додека средам све ме фати 6. Како влегов спуштив ролетниве пуштив клима 24 степени (он слипинг) и се комирав. Жолтица ќе фатам од спиење, ама што друго да правам. Ослабнав некое кило оваа недела, пошто од жешково не ми се јаде, абе во кујна не ми се влегува...
И ја би вака кајги... ама нема.
-dogs-1310261259.jpg


Ама си имам базен на дување. :X3:
 
Драга К,

За првпат чувствувам дека животот ми се променува, дека се поместувам од мртва точка, од тапкањето во место кое го практикував до сега, и мислам дека оваа промена е на подобро. Работно место кое не го очекував, патување, нова средина, и да ти се пофалам одлично се чувствувам. Комбинација од приземјеност и илузионирање која е довдена до совршен баланс. Понекогаш навистина се зависи од нас самите знаеш............
 
Драга Кајгано, пак ја.
Неам со кој на цигара бе брат, шо ми е со маалово? Зашо се толку недружељубиви сите? Ја се најадов, и сеа морам да запалам... а нема смисла вторпат у денот ко улава сама да шетам :(
Иам иначе една типка на фб, оригинално скинерка, по ново навијачица на Вардар, многу глупаво девојче.... Би ја убила, ич око нема да ми трепне. Штеточина е. Непродуктивна е, неспособна, ми смета шо постои -.- Само се појавува од нигде и се занесува, демек oooh, глејте ме колку сум хаце, скинерка сум, ууу!!!! Ми иде некад да и оставам коментари на тоа глупите статуси, или на чет да и пишам онака Шо ти е бе девојче? Добра си?, али ја бие глас дека се тепа, а ја незнам да се тепам...
Глеам ја дека сама ќе шетам во оваа тивка скопска квечерина..
Неам ни бувови у маало више, незнаеш колку ми е криво. Ко да ми се отселил некој комшија.
Ај чао.
 
Драга,
тебе не ти е познато чувството на страв од тоа дека ќе бидеш погрешно сфатена и дека ќе разочараш некого, а мене истото чувство ме следи постојано. Знаеш, многу се плашам. Се плашам од тоа во што се претворив со годините и од тоа како ќе се развивам понатаму. Се плашам дури и од тоа дека пак се ќе биде како порано, а искрено не сакам да е така. Се плашам дека станувам досадна, дека поставувам глупи прашања и се плашам од грешки. Се плашам од себе, од кловнови, од вода, од змии... Се на се, се плашам од премногу работи.
А зошто? Ќе дознаам некогаш - сега немам одговор. :confused:
Инаку, напредувам со книгата и сега не е толку интересна, ама ќе ја дочитам затоа што ја почнав, а до сега никогаш не сум оставила недочитана книга. :)
И така Драга, ајде поздрав, еве ти една (Muse - и се е подобро):
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom