Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга....
Денес беше ден посветен само за мене, си ја посетив козметичарката ме препороди.....смирувачки билки, кинеска масажа, мерацииии .......се додека не и влета фамозната клиентка која ми идеше да и станам и да ја ишамарам. Чудесно е тоа какви се не луѓе држи оваа земја. Се испофали како го паркирала НОВИОТ џип пред портата и едно десет пати излезе да го провери случајно некој да не му направил нешто. Кога заврши тоа фалење продолжи со новиот смартфон да чита вести на глас како тоа биле креативни луѓето во натписите демек како е можно некој да објавува дека Apple немала пари за програмери па ќе соработува со Microsoft ........ Многу и било оштетено лицето од викендите и зимувањето од Крушево...господи, страшно се испотресовме сите во собата.....Како бе да си немаш мир дури ни во моментите кои си ги плаќаш за уживање. Пуста култура па си викам ај и на козметичаркава и падна незгодно од алапачава, сирота жена ептен е фина неиде да и се бунам. Си истрпев и така веќе завршуваше третманот. Женава ме испрати до врата и во очи можев да и прочитам колку и беше криво што не си уживав до крај.:pipi:
И уште една работа....неможам да ги сфатам девојкине што носеа чизми на ваков ден. Знам за вкусови не се дискутира ама пак чизми кога пука сонце.......:facepalm:
 
Се надевам дека текстов ќе заврши на форум, нешто зафркава нетот на бродов :/

Првите денови на брод, како првите денови во војска, со мала разлика, бродот се ниша. И најважно од се, има интернет, скап и бавен, ама го има.

Поради лошото време во Key West откажани се неколку активности, како и две точки од обуката што значи ќе имам време да дремнам малку. Само да ми заврши сушењето на алиштата.

Ритамот е мошне напорен, обука од 8 до 4-5 и после тоа работа до 11..12...

Поради голем број на членови на екипажот во Дизни Меџик, цимерот ми е од друг оддел.

Тук-там има по некој од балканскиве земји, ама само јас сум Македонец таму.

Мобилниот има прием само кога е во Порт Канаверал.

Се извинувам за некреативноста, ама тоа е... Сите викаат дека првите 30 дена биле многу тешки на брод. Мене досега ми поминаа еден и пол ден.
 
Кајги,
После двоумењето да земам леќи или нови рамки, се одлучив пак за рамки и ка нова сум сега:pos: Го прашувам брат ми како ми стојат и ми вика па за тие пари како сакаш да седат, и во право е, овој месец многу потрошив. Ама кога ќе решам нешто правам таква сум јас:pipi: Сега уште едни чевли треба да купам ама се мислам црни или црвени, уште само тоа и после месец дена пари нема да им земам на моиве, знам и јас претерувам особено со козметика, пусто женско се да има пак нешто ќе и фали:)
 
Од вчера почнавме со подготовките за матурската парада. Ќе има фешти драгаааа
 
... најавна шпица.

Аууу, после толку време... фудбал играв! :vozbud: И замисли, само една изгубив, најмалце за разлика од другите:pipi: Ги растурив бре, дури па и на 1 vs 1 ме предизвикаа :pos: Ама џабе силење, си загубија пак... :P

... убав ден, иако не успеав да те видам, сепак супер си поминав. Мора да има и такви денови, нели?

Да те чујам, па уште малце да си легнам, изморен сум ептен. А морам рано да станам, за работа :/ И утре спремај се за гњавање :giggle:

... одјавна шпица.
 
Драга
Немам пишано на темава минимум 4-5 години.
Само да ти кажам: The night is dark and full of terrors:vozbud:
 
Драга Кајгана сакам да и кажам дека за 3 часа ми е роденден. Пред 29 лета сум излетала од утробата на мајка ми, благодарејќи на бабето која ја избркало кога сакала да абортира. Бу, се смејам на ова ама да знам кое е тоа бабе да гушнам еднаш. Вака или онака си ги проживеав. Пред три години ме тресна животов од земја јако, пред некој месец уште еднаш јакичко, кој ти знае уште колку пати ќе ме тресне, ама онака ќе му застанам како и досега со отворени очи. Највеоројатно првите минути од мојот роденден ќе биде набљудување на велоспедитсите кои се поретки навечер под мојот прозор. Ќе ги слушам птиците кои црцорат толку гласно и навечер и не ме оставаат да спијам или во тишина, па си се навикав на нив како и на многу работи. Со умов знам дека су во МКД и со срце со тело илјадници километри трудејки да се пронајдам и создадам ако може така да се рече. Засега привремено а трајно не знам каде, сериозно не знам што и ме плаши. Во овие 29 години ја почувстував најбитната работа. Станав мајка, иако е најголем подарок и моја смисла толу и голема болка, заради таа глупа судба, ама ете се бориме да се споиме. Заркав неколку пати на животов, ама после си реков јебеш, така требало да биде прифати и решавај..што се вели ми заврши еден живот почнав нов и сега јас сум главна улога. Да видиме како ќе ја одглумам овој пат. Како и да е тишината ми стана сојузник овие три години, во нејзе сфатив кој колку ми значи и кому јас значам. Ја имам, ме има.. бесплатна а знае многу да те научи. Ќе ја славам и нејзе денес, ќе го славам и постоењто на ќерка ми, на љубовта на пријателствата кои ме хранат, знаете вие кои сте, ќе го славам постоењето. Нека ми е среќен.
 
Драга,
Тука сум, само не ти пишувам, мада следам што се случува, воглавном во наука и животни, другото одамна се откажав.
Да не го тупам, здрав сум, жив сум. Најголемиот период од денот го минувам на кров, кафе и уживање и така од „високо“ ги гледам другиве...
 
Драга,
Се по старо ништо не се менува..баш таков ми е периодов.
Барем утакмицини констатно ме држат, инаку незнам шо би правел.
Ајде веќе лето да дое и идам три месеци да си работам, а ништо чудно нема да биде ако останам и таму, искрено радо би..али има време.
 
Драга,
денов го поминав како што планирав во одмор, вежбање и смеење. Бев на роденден и убаво си поминав, после се слушнав со другарка ми (денес е во Ница) и ми фали да ти кажам, некако се чувствува дека ја нема, ама ќе си дојде. :)
Не ми се верува што имаше за домашно внука ми. Им дале да одговорат на следниве прашања: - Кој е градоначалник во вашата општина? Колку членови го сочинуваат Советот на општината? Кога била последната седница на Советот? Што било предмет на расправа на последната седница?
Па Драга, дали се нормални што им напишале во учебниците и што им даваат за домашно на децава? Имаат само 9 години...
Нема врска и онака се е зезнато во земјава, па и образованието, за жал.
Така Драга, ако денес одмарав, утре ќе мора да станам во 6 - нема бегање. :)
Ајде поздрав.
 
Драга,
Оној Скоти баш е педер, ме игнорира стално кога му викам "beam me up" :(
Само кога би можела...
Ах, ај да си легнам, да не бидам како оние за кои мрчев пред некој ден :D
о/ Н.
 
Кое проклето чувство ме јаде??!!!
Немоем да го проценим!
Во секој случај не ми се допаѓа :(
 
Хм, денес сфатив дека не сум човек што можеш да го заковаш за кревет и да не мрда. Морам постојано да сум во движење. Еден ден ми забранија да се движам и почнав да добивам напади на нервоза :pipi: Енивеј барем го расчепкав телефонов до максимум, инсталирав 500 глупости (и ги одинсталирав воедно) и се заразив максимално со Angry Birds. Ќе ја свртам до сабајле. И така, туку сакав да ти кажам нешто, во последно време членовиве твои на темата за убиството не се понашаат ко деца у градинка кога воспитачката ќе искочи на цигара, опаметени се малце, или пак бановите од теми си го направија своето :naziDzenuGrl: :cool:

Утре ќе пробам некако да се довлечкам до предавања пошо вака веќе не се може. Не можам да спијам по 20 саати на ден. Ајде ќе си пуштам можеби некоја епска трилогија за да ми помине брзо времето. :giggle: Чаоооо (со Стеф нагласок)
 
draga nemozam da zaspijam be
2 pati legnav i 2 pati stanav i pak tuka nezz so mi e neso mi se poremetilo u organizmot ke posedam uste 15 20 min i ke probam pak da zaspijam sabajle na rabota sum 1 u kurac koj ke stanuva pa togas aj kajgi dobra nok se slusame
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom