Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга

Знам да бидам гласна освен кога тоа е најпотребно. Тогаш губaм здив. Не сакам кога имам кнедла во грлото а не можам да ја исфрлам. Ниту кога на толку сончев ден единствен сјај во очите е тој од рефлекцијата на сонцето. Не го сакам хаост иако совршено добро се снаоѓам во него. Пост преплавен со фразата не сакам... токму затоа што не го сакам чувствово! Да можам би го згужвала како хартиено ливче и би го фрлила што подалеку од себе. Оди си чувство убаво ми беше без тебе!

 
Еј К. Како си море, што правиш, еве јас го гледам Волшебникот од Оз без аудио, во позадина ми тера Пинк Флојд, Дарк сајд оф да Мун,
Fakin' trippy trip Кајгич f-king trippy....:eek:
 
Кајгич основно правило - секогаш изгледај како да знаеш точно каде одиш, дури и кога немаш поим. :pipi:
 
Драга Кајгана,

Утре ми е последниот ден како времено вработен во Општина Гази Баба. Истуркав многу повеќе отколку што мислев дека ќе истуркам.
После следи малку одмор, па малку Мајами и на крај БРОД :)

Форумов е едно од нештата што највеќе ќе ми недостасуваат.
 
Кајги,
После 3,4 дена пауза утре ќе почнам пак на фитнес, што да правам не сум јас крива, ама сега кога ќе фатам нема паузи повеќе:) е добро и сабота нема да одам ама од оправдани причини- ќе одам на шопинг со мојон:pos:се мислам како ќе издржи со мене.
 
Dr.
одумна ти неам пишуано.. кор сум пиан, дупло видам, само жуто ми се мгли пред очи.
Позз мва.
АјТ.
 
Драга,
Бидејќи политика на форумов е забранета ќе морам овде да го искажам својот бес. Значи 29 години живеам во оваа посрана држава и неможам да поверувам дека не е мрдната ни еден чекор напред, арамија до арамија, се менува власта, а навиките остануваат. Денес излезе ревизорскиот извештај за Парламент и кабинет на Претседател и навистина излегов од кожа. Да направам компарација, имаме 35% невработено население, претежно младо кое не гледа иднина овде. Имаме стапка на сиромаштија од 30,9% на државно ниво. Имаме најскап бензин и нафта во однос со животниот стандард. Имаме автопати со кратери, необележани како да влегуваш во Тунгузија. Парното, господата од регулаторна гилотиња заедно со нивните колеги од апашката мафија во Топлификација сакале 50% да го плаќаме, оти цефките ни минеле низ станот. Струјата е толку скапа што кога ќе падне мрак се шеташ во темница за да не ти троши сијалицата. Во зимо и нема струја, али вечерта пред да стапи забраната имаше извоз од Македонија. Ако влезеш да завршиш работа по шалтерите мислиш дека ти е судниот ден. 20 години името го решаваат, не лажат со Европски интеграции и Нато сојузи, со грин филд инвестиции, најнова мода шеици ни се шетаат, а народов блее како овца. Типично мерино овца која дава најмногу волна.
И бидејќи господата кој работат во Парламетот кој работи како подмачкан за дискусии од типот празници и неработни денови, бензин потрошиле колку 13 пати да отидат до месечината и назад. Платен од нас како дневен трошок што иде до работа. А јас стојам пред бензиска и се мислам дали да ставам за 400 денари или за 500 денари. Епа господа кој земате над 60 000 денари за да си праќате секси пораки и да читате весници во Парламент би сакала да ви кажам да ви ебам се до трето колено заедно со системот во државата кој ви дозволува на наш грб цели фамилии да си се возикате и да си уживкате, да си ручате на наш грб, а платата да си ја трошите за 130 квадрати во центар на Скопје.
Причина за мојот денешен револт е покачената сметка на Радио дифузна такса од 120 на 190 денари, за натпреварот кој го гледав на македонската женска репрезентација со Франција на прва смрдена телевизија. Имале проблеми за пренос, но криви биле Французите. И на оваа скапана телевизија јас да и плаќам присилно со сметка од УЈП!
 
срцке,
што кур се дешава со мене ?
јас како што паметам одамна излегов од пубертет :\
 
Passed down to you....

Still here, да нема забуни. Моментално му удирам контра на The thought police со тоа шо си се надградуем со немонополизацијски идеи. Или шо би се рекло, впивам ко сунѓер. Мамата. Продуктивен периот очекуем во следниве 2 месеци. Прва половина од горенаведенава причина, втората - од причина шо ќе ме нема тука. Пакувам куферите на одмор. У сред април замисли! И тоа работен.

So says Saladin....
 
The wind, it whispers
and the clouds don't seem to care..
And I know inside, that it's all mine..

се препознав у омилената песна.
епик.
 
Се ќе исколам/убијам/силувам/заколам/ебам/обесам.
 
Само што се разбудив од кома.....после цела вечер без спиење, после еден од најглупавите колоквиуми, кај најчудниот асистент (мислам дека е некоја грешка на природата), допрев перница и се комирав. Најубаво ми е чувството на олеснување кога ќе заврши се, некогаш и не е толку важно како поминало, важно е само дека е завршено. Планирам да се маскирам, т.е планираме групна маска да се забавуваме малку, доста само сериозен пристап кон животот ми е гајле ако не ни личело (глупостите на сестра ми).....
Дали јас сега видов некоја смешна реклама за тест за бременост на Сител или трипам......
Ај да се освестувам и да фаќам книга пак ме чека будна вечер никој не ми е крив што учам само кога ќе ми дојде јајцето на газот....да собирам парталиве од нет и да фаќам книга време е....:pipi:
 
Сум ти кажувал колку сакам мигови кои се паметат. Денес имав таков. Знаеш кој е мигот кој се памети ? Кога илјадници километри далеку од овде некој по телефон ќе ти посака среќен роденден и ќе ти го испее ова со гитарче. :):D I'm so fucking happy :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom