Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
She, she shines on...
Небото е сино, мене не ми е баш фино.
Светот е далеку од моите стапала, но нема да мразам нити да се борам кога нема зошто.
Бесмислено е.
Нели?
Слушањето њувејв, Бјорк и поистоветувањето со неа е понекогаш егоцентричен обид да се залепи индиго хартија на сопствениот ентузијазам.
И да се прекопираат ок чувства.
Ме надвладеа Нострадамусна перипетија.
Ќе се менуваат работите, дебело.
Ако, сакам.
Доволно ми е од овие тапи, ниски, рутински амбиции.
Во поглед на некои ќошиња, секако.
Денес ултра немотивирачка храна, и за душа и за тело.
Сама сум, линковите одстрана ми бегаат.
За половина час, тој расте парно и изгледа боговски големо.
Мене ми е ладно околу душата, зошто размислувам премногу.
Сите бивши спомени се фотографирани, останати.
А тоа ме тресе како аларм.
Вака... Инспирационото поле ми е полно со нагазни мини.
Не поминувај.
Онака.
Ми треба алкохол и самица.
Да полудам барем медицински:vozbud:

Утре - свеќички, шеќер, љубовни редови, претенциозност и малициозност, можни озборувања, јужни ветрови под наплив на топлотна струја во мал простор и можам да се наречам себеси Реализирана.

Не сум за овде.
Не за ова време.
М.
 
Здраво Кајгана.

Јас сум ѕвер. Ти благодарам што ме потсети на тоа.

Деновиве ќе се смееш. Спремен сум. Земи си пуканки, завали се удобно во столче и спреми се за комедија.

Поздрав.
 
Кајгано не сум ти пишал веке подолго време,те баталив :(
ветувам од утре секој ден ке се јавувам на рапорт...чесен пионерски збор !!!:)

Ептен ладно е у пм,ке измрзнеме како пилиња,дома уклучена ми е печката и климата и никако да се стопли како што сакам јас,ептен ладно,а и јас никако да се стоплам...
И то Кајги кај мене нема нешто посебно ново,се е лајт,без замарања за ништо,пошо како што гледам никој не се замара со ништо,па зашо и јас коа не вреди :toe:

Ајт да видам шо има ново кај тебе,па да гледам малце телевизија легнат на печка да се стоплам :)

:back:
 
А мури
Досадно
Не ми се спие
Не ми се комуницира....
па да те погњавам
фала чао приватно
 
Драга Штрумфетке,

Преживеав, Штрумфастично.

Фала,

Бест Ригардс, јоурс трули, Штрумф-Текнувало.
 
Топ се осеќам. Од денес сум widowed на facebook. Закопувам се што чувствувам кон одредена особа. А што да правам кога ме третира лошо? Не можам веќе да сонувам и чекам ситници, додека плачам и се нервирам што сум му згрешила за да се однесува така со мене.

Инаку денес на роденден бев. Топ си поминав. Цел ден ми беше хаос, видов една особа која не знам од кои причини ми создава чувства кои не знам да ги објаснам, па отидов на роденден и преубаво си поминав. Прекрасно.

Мада, кога ќе ми текне на прославата за Нова Година ми се темни пред очи. Ама ако. Ок. Се надевам дека потполно ќе се опоравам психички пред 31. Морам.
Цела недела полна со есеи, како ли ќе издржам. Ама што е бе, знам дека можам јас, бар за тоа ме бива. :plete:
 
драга,

јас веќе долго сум widowed на facebook, мој ќе дочекам некој ден да го сменам од кај знајш.
Иначе арен сум јас, убо ми е, само една „работа“ ми фали за да е се комплетно :pipi:.



†GODLIKE†
 
Драга,
Ако некој денеска стасал на време на работа нека се пријави да му честитам.Пингвини паѓаат на улица.
А денес е денот за :

pij@n4enje :vozbud:
 
Еј

не сум ја крив нели
башка, ново откритие
не е во виното вистината - во сонот е вистината
колку вистини се изнасањав сабајле ^^
некои луѓе се семогучи, и сестрани
само ја изглеа сум pure not-schizo...at least I hope so
јадам чоко стоби флупс
се мрзнам
и чекам да дојде 9 саат за да седнам да учам...или јадам и се остало шо не е поврзано со компјутер и учење....
пуздрави
 
Матена...
Па добро мајку му...Дали сум јас нормална? Ќе се наспијам ли човечки еднаш или ќе продолжам да изигравам зомби? најверојатно второто...
Имам некои многу убави мисли...Сакам да станат реалност :pipi: Ама не зависи само од мене...
Вчера бев кај другарка ми.Се немавме видено цела недела.Не фер од моја страна :(Во последно време не и обрнувам многу внимание а незнам зошто е тоа така??? Дали неосетно...Незнам...Во секој случај грдо од моја страна.
Отидов да пијам кафе и да се освестам :back:
ЧаО!!!
 
Ајм уокин’ он саншајн уоооооооооооооу.
Хајски.
Кратка рецензија на денов.
Станав во 8 подповторив нешо. Биологија се знам, физика нишо, македонски средно.
Џимеј е крастајца. Не знајт да се вадит кики. :)
И то и сеа ме карат за Нова и то и ми студит.
А него го болит забот.
Чао :salut:
 
Драга Кајгана,

Решив да одмарам, и до некаде тоа е ок, ама до некаде едвај чекам да почнам нешто. Колку и да одмарам од една страна, јас психички се замарам од друга страна, така да џабе одморот. Секој мој чекор е подобар и полош во исто време, но едно знам дека е поскап од претходниот. Поболен и побесен од сите заедно. Тешко е искачувањето по планина ако не го гледаш врвот, па и да го гледаш од толку умор си мислиш дали е реален. Секое искачување е вредно, секоја борба е важна, а секој пораз ме исцрпува и не се препознавам. Мразам порази, родена сум за победа, за успех и напредок, така да несакам да се навраќам на истите битки кои со себе носат само жртви од моја страна. Доста беше.

Батерфлај:pipi:
 
Сакам како фраеров од Фолтин го пее она "ако ја разебиме ќе заебиме", на битолски!
Сакав да го мажам едно време. Кога свиреа у Баба.
За некоја Нова Година чинам беше. Иам автограм на едно никакво ливче. Битно со љубов дека е пишува.
Онаа малана спиеше минатата недела кај некој од нив.
Јајце снесе. Не со, туку кај.
Сите имаат слики на фејсбук од првиот снег. Јас нацки. Океј на Фетбој ме тагнаа.
Сакам чизми зелени. Темно зелени и шарени обетки. Многу шарени. Шашави, долги и прекрасни.
Денес ќе носам огромен портокалов шал.
Ќе го гушнам Матео. Мил е и многу мал.
После ќе трчам до факс.
Па дома на учење.
Мислам дека ке јадам зелка после.
На спонтаноста и се спие денес.
Јас дочекувам изгрејсонца.
Пак ми е тесно бре.
Ми се лета некаде. Надвор од планетава ако може.
Мислев дека никогаш нема да го кажам ова, ама деновиве како никогаш до сега ми фали минатата година. Мишел, Мика, Rainbow, Sunset Blvd. цигара на Venice, зајдисонце кај Mary, Lord, Jesus и Satan у Малибу. Озбилно. Иј ама луда куќа беше тоа. Мрднати научници.
Аххх...зезнато. Денов сончев е. Штипе и лаже сонцево.
Само тука или....?
Којзнае.

Оваа трансплантирана машина за чукање, досега не чукала љубовно писмо...
Денов им го посветувам.
Онака.
 
дргмлбвкгн
Е*ати снегот, е*ати зимата. Во сабота се осеќав као кумановец у Канада, денеска као стуткана стотка...доста за ова зимо снег па и преку глава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom