Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Шенка,

Не можам да се соземам од вчерашниот ден како целина и како ентитет, од Дебелиот момак тенок, од вино, ласери и цигари, од расправии и смеење. Од љубење и гушкање и несакање да си одам.

...и така дојде следниот ден...

Двојноста во светот, се манифестира во овој ден, каде се` е тргнато наопаку, ги чувствувам потребите за спиење и се чувствувам дехидрирана. А дома слава имам, надвор на две слави треба да одам, снегов си вее, сите сме прекрасни. Ај.
 
Е ова што врне, веќе се признава за снег и личи на снег и тоа ми се допаѓа. :pipi:Инаку, смрзнувачка е надвор бре, вчера кога си дојдов вечерта дома сум се топлела со шишиња топла вода. :icon_eek: Инаку убава вечер имав вчера, на роденденот си поминав убаво, стварно топ ни беше.:vozbud:И во недела сум на роденден ломење ќе биде. :manikir:
 
Кајги се накурчив:tapp: Таман се израдував дека нападна снег и мајка ми ми вика дека моите чизми ги дала на некоја пријателка пошто наводно мене ми биле мали:tapp: Сега на снег со патики DC:vozbud::nesvest: Сабајлево станав ко вампир уште во 8:tapp: И земав да учам нешто и налетав на една тетратка од четврта година во која си зебележував од кои часови кидам :):) И во четврта сум киднал 157 пати, плус 14 работни дена сме штрајкувале против матурата и плус седум работни дена сум отсуствувал "oправдано" :pos2::pos2: Сега ми стана јасно зашто не се сеќавам на ништо од четврта година средно:tapp::tapp: Вечер кајги треба да идам на слава, али ме мрзи :kesa: Што да правам :) кажи мииииииииии:P:P
Чаос кајги:back:
 
Го сакам снегов ќерко...многу е убаво надвор. ФАНТАЗИЈА! Сакам да се лизгам, да се тркалам, да се маваме со топки ухуу убавини...вечер на Владо Јаневски ај е тоа ке бидат веќе романтитки...
Почнав нова фаза од животот(барем мене така ми изгледа) поубава, посрекна фаза каде решив да се посветам целосно со срце и со ум на една личност. Сфакам секојдневно се повеке и повеке дека ми значи многу.тоа е добар знак...
Секојдневните обврски како да ги запоставувам...морам малце да се уозбилам не бива така, иднината ми зависи од тоа...
Уше малце и роденден ми иде. Ниш посебно...
Посебно ке биде на Нова Година знам. Не оти е нг туку дека ке ја чекам со личност што си ја сакам...
На мојата најдобра другарка(екс за жал) денес и е роденден нека и е среќен и посакувам да биде срекна целиот свој живот...ми недостига, сега со неа на вакво убаво време што се ке правевме, ми се плаче...
Но нема причина за плачење, ми велат не сум изгледала убаво така натажена. Решив да ги слушам и да не плачам веќе без причина, ама како кога сами навираат солзи.Тешко е понекогаш да се сфати дека покрај себе имаш се за да бидеш срекен, а сепак бараме уште и уште...
Сонцето е убаво се додека не зајде, животот додека не згасне,а снегот се додека не се стопи...
И да тешко е да се сака, ама уште потешко е таа љубов да се одржи во живот!

поздрав од лудата...
 
Драга Кајгана

Снегов ми е преку полов орган и неможам да го издржам па некој уште на форум го стаил.
Така да , земам одмор од Кајгана до крај на зима ако не се тргне снегов.

Поздрав. Те сакав без снег...
 
Ах. Ех.
Се шетав со мајка по снегов. Кеј, по работ на Вардар. Убавини. Сега слушам некои предновогодишни иритирачки музики, во комплет со мојата пасија за Ирски фолк во ова време од годината.
Јадам костени.
Св Никола нема да биде никогаш повеќе ист.
Не прашувај зошто, а и онака одговорот е безначајно несмисловен.
Вечер ќе одам некаде.
Ми се пие чај со рум, ама немам рум, имам нешто налик на бренди.
Почнав со театарската критика, и ќе видиме до каде ќе ме дотера. Во понеделник ќе одам да го израдувам мојот драг. Во вторник ќе одам на Хармсова претстава, а потоа на читање Слики од Зборови од мојот мил професор.
Во среда ќе фотографираме гугутки, шарени шалови, црвени носиња и обравчиња, а вечерта во амбиент на греено вино, ќе ја дочекаме ноќта со Игор И. и неговата дражествена поезија.
Јас не сум уметник.
Само манипулирам со сегашноста и традицијата.
Верно на себе... Ми треба кеш.
И да не се разболам зимава, плус да не ми се враќаат психо флешови.
Вчера ме разбуди во 3:47 и ми рече дека ме сака.
Се разлигавив, од што ми требаше тоа. Ич не си го сакам тресењето колена, во метафори.
Кајгано... Тоа е.
Ми фали едно добро натрескување со другаЧките. Вчера на кратко во Соул се заседнавме, ама не е тоа такво доживување.
Чола, ѕенѕ, ФТС недочекано, а и ништо познато. Нема зошто да се мрзнам, а богами и да се фејкеришам, кога не му знам ни 3 песни. Една можда.
Ете така.
Продолжувам да си живеам.:back:
Медеа.
 
Ахх.. снег. Преубаво. Ќе си имам бел роденден :)
Ми недостасува уште некој да излезе надвор, да правиме снешко, да си играме со снегот.. и послем тоа.. чајче :)
Не ми се седи дома.. не сакам да сум дома, покрај ваква убавина надвор :(
 
Мила...
Гледам Велешани не кажале импресии од денешнава кајганџиска собиранка.Ќе се пофалам прва :pipi:
Прекрасен помин многу муабет и многу радост на снегот...И слики со елката во паркот.Почна да се осеќа предновогодишната еуфорија и во нашиот град:pipi:
Те сака Темното срце :back:
 
Анано
Лудана ме вика кај неа а косата ми е сеуште водена од претходното излегување.Не сум јадена од сабајле.Немам ни збор најдено за семинарската а и нема ништо на повидок.Ај објасни и дека колку и да ја сакам не можам да летам, немам монтирано перки на мене.ОК, семонарската ке ја оставам за подоцна, ама морам бар да се исушам и да јадам.Кој и е крив што не иде на собиранки кои ги организира.
Ладно е Анано.
Вчера бев на слава и го малтретирав најубавото бебе што постои.И сака да биде малтретирано.Сакам едно такво за дестина години.Ке ја прашам мајка и од каде ја купиле.
Ај ке одам да јадам оти ке ме силува онаа ненормалнана.Вечер ке си играм со снег.А да и си купив честитки со снешковци.:back:
 
Мила...
Гледам Велешани не кажале импресии од денешнава кајганџиска собиранка.Ќе се пофалам прва :pipi:
Прекрасен помин многу муабет и многу радост на снегот...И слики со елката во паркот.Почна да се осеќа предновогодишната еуфорија и во нашиот град:pipi:
Те сака Темното срце :back:

Еве и јас да се надоврзам, стварно доличен помин. Смеење, сликање, заебанции, абе шо се уште немаше:)
За некое време мора уште еднаш да се организираме да го направиме овоа:):vozbud:
 
Драга Кајгана

Викаат ако на св. Никола врнело снег, бериќетна ќе била годината. Ај нека им е честит именденот на Николовци/Николини:smir:

Инаку драга, Сартр бил кај нас. Да во Скопје бил момакот. Ти викам јас у погрешно време сум родена :uvo:

И фала им на Владимир и Ѕоне и Алек и Тони шо ја правеа со мене семинарската во 3 саат сабајле:back:

И да знаеш ако не знаеше, ако ти ја откинат главата и ја прицврстат за канали кои и даваат доток на крв таа ќе покажува примарни емоции:nesvest:

Ај чаопријатно
 
Тууу дур да стигнам до дома 2 дена поминаја :).

Али јако беше по пат :)).
Сеа се мислам на кој да му се тупнам на име, а во меѓувреме надвор лапајци и снег нек си ибе мајката.


†GODLIKE†
 
Драга

Преморена сум некако и истоштена се прашувам зашто м?
Ми фалат луѓе и комуникација со истите (фаце ту фаце и тоа комуникација)
пошто ако уште малце се поизолирам ќе збеснам.
А најпосебно ми фалат посебните људи во мојот живооот.

За неко чудо ми се свиџа и го сакам снегот.Само кога дојде ред за чистење на мојот двор-тогаш не го сакав баш баш.Иако многу ми беа интересни децата што се маваа со топки и правеа снешко на улицата.Јас чистев снег...со лопата три пати потешка од мене....Жално е знам...

Само му ја мислам како ќе се одвива сообраќајот низ нашата метропола знаејќи колку се брзи нашите служби за чистење на патишта.
До душа и онака не се движам нигде така да...

Това еееееее
И такааааааа
Доста ти е
 
Драга Кајга



Out on a date again. Wish me luck dear! :vozbud:

Како што сум спонтан целиот, не е ни чудно нешто да заебам.

Не знам како ќе оди, не е ни важно, но се надевам се ќе биде супер!

Neptunelli Over & Out!
 
Еј драга,

Ти здосадивме со снегов знам, ама морам и јас да ти кажам па :pipi:
Преубаво е тука :wub: Не престанува да врне.. пред малку дојдов дома. 2 саата шетав :pipi: Сакам уште.. вечер сигурно пак ќе излезам. Ехх :pipi:

Бај драга, само тоа сакав да ти кажам.

:back:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom