Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Дома пари ми носат е тоа е нешто :icon_lol:. Не знам имам добро чувство ако го одржи зборот, а и што авантура :icon_lol:. Зошто да не, вика ова она, не ме интересира не сум таков човек така да гледам.
Ајде утре има да биде само малку памет да ни е :icon_lol:....

 
Драга,
Ова ќе биде долга ноќ...
Секоја колоквиумска недела иста грешка :(
Се залажувам секогаш од утре и ете веќе првиот колоквиум чука на врата а јас книга немам отворено ... o_O
Така да од денес морамм!!!! Држи ми среќа молим те!
 
"Сум се родил.​
Тоа е совршен факт..."​
Биографија, Гане Тодоровски.​
Кајгана, најмалку сум сакал во животот да напишам ваков пост, но ете не може да се избега од сознанието дека смртта е секако совршен факт. Со смртта на дедо ми (Ѓорѓи) мислам дека за првпат во животот се соочив со вистинското чувство на тага. Бев приврзан кон него уште од мал. Во моите претстави тој беше прадревен извор на мудрости. Сигурен сум дека многу размислувања останаа несподелени. Еден живот е прекраток за двапати да се помине по истите патишта по коишто тој не буткал.​
Би сакал да ја достигнам скромноста, ненаметливоста, која ги поседуваше, само се плашам дека биле постигнати низ многу неправди, несреќи, страдања.. Покој на душата.​
 
Ме фаќа носталгија.
Сите купуваат подароци, сите се во Божикно расположение... А јас мислам на моите, дома...
 
ПЕСНИШТЕ ЕЈ!!!!!!!1 Никад немаше да ми текне дека е од Морчиба!!
Ми текнуе на основно, седната на земја пред телевизор довршувам цртежи ликовно, и СПОТОВ на телевизија :)
Chills..
 
Китење елки и радости по дома.
Сеќавање кога татко ми доаѓаше од работа со пакетчиња и демек маскиран ко Дедо Мраз ни ја радуваше детската душичка, напатена од транзиции и вечна желба за Киндер Јајце.

Песнава ја слушам прееска, и мајка ми ми вика: Ееееј, ја имав на страна B на лонгплејка!

Со татко ми го играа тангото на Љубовта на оваа песна, кога имав 5, 6 години и ништо не ми беше јасно.
Сега ми е.
Многу.
И сакам и јас да го играм истото танго, ама на Strangers in the night од Френк Синатра, да врне снег, а на улица јас и тој. И нашите идеи, планови, желби и гушнати срца.
Костени, тиква, цимет, јаболка, мандаринки, куглов со кафе и рум, сијалички на балкон ем желба за снег.
Ми гори душава, така некако.
Од сенешто. Пеев на забавата на работа, со Мио. Пред сто години му бевме редовни врискачи на концерти, а еве сега со него делев сцена и микрофон.
Дешавки, мора да ги има. Да те носат некаде.
Добив и понуда за пеење во наш скопски бар. Чисто од разонода. И тоа којзнае како ќе почне и продолжи.
Во духот на добриот ден, со изнаспана глава, идам да си глеам филм и да пуцкам пуцки.
Чиаос.

М.
 
Драга
FB says: Љубав је кад се дечко и цура боре за своју љубав.

(y)

А јас сум уморна. Од се.
 
Passed down to you...
Знаеш ли она чувство коа се трудиш апсолутно се` за луѓето кои навистина сакаш да ги видиш среќни а тие пусто не сфаќаат? Ама пак се трудиш. Зашо нејќеш да ги видиш кога се скршени. Н е ј ќ е ш....
Од друга страна самиот одиш во спротивна трансферзала. Имаш моменти кои тие ги имале пред многу време. А си ги имал истите чувства пред некој месец. Чувства на беспомошност. Си се трудел макар и по цена на сопствената глупавост да смениш нешто. И на крај си кренал раце. Поради банални недоразбирања... ништо друго.
Ах човештво мое.

So says Saladin...
 
....драга кајгана...ти која пливаш во масло во добро загреано тавче и ги трпиш сите изливи на восхит и тага, на мудрост и глупост, на трезвеност и лудост....ти се восхитувам на твојот мир и рамнодушност
 
Драга
Сепак ми е мило што испадна така барем ќе знам дека се потрудив па ако не успее здравје.
Ајде сега ме чека книга од 200 и нешто страни за учење.
 
Драга,
Прво ти нудат иднина, мислиш ете тргнав дојде моето време, после те газат, те цедат, на твое место ќе стават полуписмен човек кој нема врска од ништо. Полесно ќе се разбереш со неписмен отколку со полуписмен човек!
Муабетот ми беше.., ме мавна нешто у глава.
 
Цитирам:

"Сакан Дедо Мраз! Кинеските петарди кои ми ги подари минатата година, многу ми се допаднаа! Но, оваа година сакам да ми подариш два прста на левата рака..."

Кајгич дали ти знaeш колку јас мразам петарди?
 
Кајги,
Ми недостига детството, ми недостигаат моите слатки најсакани миленичиња што си ги имав, колку се радував со јарињата, коњите и кучето што ги имав, сега немам ништо :( и се чувствувам осамено, зарем толку време помина, ах остарев и јас.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom