Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Го виде сонцето денес на залес? Гледаш природата колку е дарежлива. :cuc:
 
Кајгич , важно е да бидеш а не да имаш, нели ма !?

П.с Ја ти нешо за размишлање онака неформално...

 
Ги гледам денеска медалите и дипломите и гувеам пред нив.
Карате-Освоено прво место на турнирот во Крагуевац 1987 во категорија борби помлади јуниори.
Карате-Освоено прво место на турнирот во Нова Горица 1988 г. во категорија помлади јуниори.
Џудо - Освоено второ место на републичкото првенство 1989г. во категорија катеди.
Џудо - Освоено трето место на државно првенство на СФРЈ Зрењанин 1989 во категорија катеди.
Математика - Освоено второ место на републичкиот натпревар Кенгур 1987.

Во животот се имам степано само еднаш за стрела со ластици во 1985, зошто си ја мачев душата сиве овие години јас не знам.
 
Драга,
цел ден бев дома и се убив од спиење.
Се почесто се чувствувам депресивно и глупо... смачено ми е.
Ај доста се жалам, сабајле треба рано да станам.
Поздрав
No one knows what it's like
To be the bad man
To be the sad man
Behind blue eyes
 
Драга дали е фер??!! Ме уништи физиологијава успеа да ме расплаче цел час од мака :(

Читаш... Не се дочитува .. Учиш незнаеш што учиш Ебати предметот ( со извињене ) !!!!!!!
ако положам ќе биде ЧУДООООООООООО!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
-.-
Не ме остава да се порадувам на предметот што го поминав :(

Лоша Физиологијо имам еден позз до тебе :
Dear Fiziologija!!!!!
F**k you !!
sincerely,
...just f**k you !
p.s. F**K YOU !!!! ;)
 
драга имам еден куп за учење и 100 семинарски за праење, ми иди да си пукам вуста, најсериозно.А шо е најболно мојата потсвест ми вели: -Не учи, само продолжи да скиташ, нема аир од учење!
И ај сеа!
 
Вчера и денес умрев од срам. Му се развикав на татко ми кој е и мој личен тренер затоа што нервите ми беа при крај а требаше да преќутам или да излезам од соба. На една пријателка сеуште не и завршив работа ради мои лични проблеми а девојката трпелива ко сонцето што секогаш изгрева и не се уморува, таа женска што глупости истрпела од мене и уште ме трпи, и реков не заслужувам да ти бидам пријател на што само се насмеа и си продужи со муабет. Ама затоа ако утре ми рече иди 100 км тоа ми треба, донеси ми ќе одам, ако ми рече баци ми нога ќе и бацам...лојална до коска епа и јас ќе бидам без разлика на последици...Сонце бе...

Сабајлево гледав биографски филм за Хуо Јуанчиа основачот на Вушу федерацијата на Кина, првиот кој ги обединил сите школи под една капа. Тажен и мачен живот (ќерка му била убиена на 10 год) но едно нешто многу ме погоди, реченицата: Смислата на Вушу е да ја добиеш борбата со самиот себе, да се надминеш и да станеш подобра личност :cuc:. Фала Хуо, и после 100 години некој ќе ти ја сфати пораката...

Имало кинески мајстори кои биле толку ценети што доаѓале ученици од сите делови на Кина и патувале и живееле во близина на мајсторот само да ги прими за ученици и било нормално да те одбие и да чекаш со години и да го молиш се додека не му текне дека си достоен да ти го пренесе знаењето а некои никогаш и не биле примени. И си викам каква посвета била тоа да чекаш со години некој да те земе за ученик и да имаш трепение да не се разочараш и да баталиш сѐ.

Тука ме фати срамот, јас го имам учителот дома и му повишувам глас, кој идиот сум бил. Убаво рекле крвта не е вода инаку досега 100 пати ќе бев расшутиран и избркан од тренинг.

Од друга страна промената која ја почнав се покажува исправна и идеите кои почнаа како една несериозна мисла веќе земаат замав, иако сменив стратегија во од, целите и активностите кои ги пронајдов ми прават страшен ќеиф и огромно задоволство е да направиш професија од тоа што и онака би го правел без некој да ти плаќа.

На тој пат многу кои биле само попатна станица а си мислел дека се за трајно да останат ќе отпаднат или отпаднаа ама не жалам, кој те остави кога имаш мака стварно не ти треба а кој не е лојален на ситници нема да биде ни на крупници, некогаш треба да кажеш СТОП, да поставиш црвени линии и да си слушаш интуиција колку и да личиш идиот или сељак во нечии очи. Впрочем лојалноста треба и да се заслужи но и да биде обострана. Едно нешто што во последно време ми кљука во глава е дека вистинското пријателство НЕМА ЦЕНА.

Знаењето стварно е сила и моќ ама треба да го живееш а не само да го гледаш на реклама...

.
 
Драга ....

ај замоли ја комшикава над мене да не пее секое сабајле (ако воопшто тоа дерењето може да се нарече пеење)
 
Драга најдобар војник е оној кој успева да го преобрати непријателот во пријател;)
 
Здраво :)
Еве после неколку дена во самица ме пуштија. Ми даваа јадење и пиење. Цела недела осамен и размислував за моите грешки. Се посветив на Бога, сменив вера, сега сум муслиман. Името ми е Abdul Muhaymin или у превод значи - Slave of the protector. Сватив дека тоа што пишав нема врска, дека згрешив. Тоа ѓаволот ме натера да го напишам. Но тоа веќе е минато, не сум веќе тој човек што беше се сменив многу од тогаш, сега сум нов човек со нов почеток. Со Бога напред...
 
Кајги,
Одамна немам пишано тука, е добро не од многу одамна, може има недела или помалку, ама мене ми е така:) тука сум само да ти се жалам за нешто, ама денес нема да го направам тоа;)После две недели двоумење кога да се решам да одам на факс за да ја земам дипломата, конечно денес се одлучив. Значи само колку убаво звучи : Дипломиран професор по Англиски јазик и литература:pipi: Уште како мала сакав да бидам учителка, да работам со деца, сега завршив што завршив за тоа, нема работа, мислам има, ама денес треба да имаш многу среќа и врски за да го работиш она што отсекогаш си го посакувал. Се надевам дека еден ден и тој сон ќе ми се оствари.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom