Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајгано

Се нервирам :))))
За вечер на драмско требит да имаме сите спремено по некоја рандом приказна која требит да ја кажиме... немат ограничувања на темата, жанрот, реалноста, фантазијата... и баш то е проблемот :D Да кажвам нешто рандом шо ми се десило, ќе е премногу глупо и секојдневно, да се филмам нешо фантазии а-у немат да успеам да се исфилмам ко шо требит и ко ќе видиш пак ќе сите ретарди. -.-
okay, take the time, take the time, take the f@#$%^% time.
bullshit-ови

п.с. синоќа си поминав супер, ништо не се споредвит со муабет со интересни, нови фацки и нови места.
п.п.с. мама ми купи убај чизми! :D

ај чао :)))
 
Од утре има спартански да пристапам не може повеќе вака.....

 
Драга,
Чуството кога сите пишуваат а ти зјапаш во тестот е неумено а посебно кога ќе ти дојде проф над глава и да те праша зашто не пишуваш а ти се вцрвенуваш како јаболко, и капак на се не те пушта да си излезеш. Затоа веќе нема така, од сега вртам нов лист, ова го имам кажано милион пати али сега озбилно :D.
Ај сеа идам пред тв бингото почна.
 
Драга...

Многу е кул кога ќе се соберат главоболка, добиено, затнат нос и апетит ко слон.
А ја ноќна смена на работа.

До наредните розеви облаци, изволте малку депре музика.
Бендов би можел да дојде во Скопје, а јас да вриштам на него.
 
бреееејјј мора ли толку да студи да му е..... излагам сабајле за на работа мразови паѓаат... а јас сакав во Русија да му ја летнам.... брррррр...
Него, друго ми беше муабетот. иако сум многу за никаде, смрзната, уморна, немаспана, има една светла точка... го сакам бре! и тебе те сакам Кајганче :)
 
Драга,
WTF???!!!o_O
3-та другарка која , заминува без збор, а знаеш зашто ?! Поради дечко!!! Никогаш не можам, ниту пак ќе можам да ја сфатам таа теорија... Се плашела да не го изгуби! А не се плаши дека ќе си ја изгуби другарката??!!
Да Драга, мајка ми пак ме праша дали не се гледам веќе со неа што да и речам?! ,, Па мамо знаеш и оваа фати дечко и ме шитна ,, -.-
Залудно е да ме проштеваш на оној кој не знае ни дека погрешил ...
Залудно е да му зборуваш на оној кој не те разбира...
Едноставно не можеме да направиме нешто за некого кој и самиот не знае што сака, што мисли, што носи во себе...
Но можеме да научиме какви НЕ треба да бидеме...
Има една убаа поговорка што ја почитувам а таа е: ,, Нашиот живот зависи од сите што ги ЗАПОЗНАВАМЕ. Од секого можеме да научиме по нешто !,,
Веќе не се трудам секогаш јас се борам но веќе НЕ!
Се трудам а таа ни со прст не се помрднува !
Нема ни да простувам веќее! Простував многу пати, а таа пак ги прави истите грешки !
Нема ни да плачам! Плачев доволно! Додека не сфатив дека животот се потпира на 3 нешта : ЖИВОТОТ ОДИ ПОНАТАМУ!

А јас ќе се навикнам на оваа болка и на секоа следна другарка која ќе ме прегази ;)

Благодарам Кајгич ♥
 
офф..
срцке,

јас не сум јас за време на колоквиум, полагав денес.. полагам деновиве... и скрос заборавив дека и е на мајками роденден.. пред 40 мин дознав.. а најтрагичното е што јадев торта и од што бев толку збркан не ми текна зошто торта ..

крш

Многу ми е криво за ова, не покажувам многу чувства пред неа ама еве Среќен роденден мамо да си жива и здрава, следна година ветувам уште сега ти спремам изненадување
 
Драга

Ќе се отрујам!
Седат дома, учат само, имаат 15 прашања само на заокружување и паѓаат и тешко им е:eek:

Јас воспаление на прсти добивам од што неможам по 40 прашања на раскажување да успеам да напишам и они ќе ја водат државата и ќе имаат поубава плата.

Касно сфатив дека во земјава не треба да се иде преку се за да се исполни желбата, џабе мачењето.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom