Јајчарице!
Мразам!
Се!
Луѓе најмногу!
Не заслужуваат живот!
Го мразам воздухот кој го делам со сите!
Го мразам просторот кој го делам со сите!
Ги мразам разговорите кои ги водам!
Ја мразам смеата која ја споделувам!
Слабаци,ме правите слабак!
Ве мразам!
Мразам се живо и диво и се надевам дека се живо и диво ќе пати!
Ај поздрав!
Хм.
Ајде да анализираме.
Мразам!
Се!
Луѓе најмногу!
Уште од самиот почеток, очигледно е дека субјектот Е мизантропски настроен но да заклучиме дали ова е симптом на тогашните 17-18 години.
Го мразам воздухот кој го делам со сите!
Го мразам просторот кој го делам со сите!
Овде веќе насетуваме дека можеби проблемот е сепак на локално ниво. Револтот во субјектот веројатно е поттикнат од, според горниот цитат, од кохабитацијата која очигледно му е наметната.
Ги мразам разговорите кои ги водам!
Ја мразам смеата која ја споделувам!
Слабаци,ме правите слабак!
Тука за прв пат се наѕира егоцентричната природа на субјектот. Очигледно е дека светот во кој битисува за него не претставува ништо значајно. Тој своето интелектуално ниво го перцепира како повисоко. За жал, само од ова, не сме во способност да го утврдиме неговиот ментален капацитет и потенцијал, но можеме едноставно да потенцираме на она "Ги мразам разговорите кои ви водам!".
Очигледно е дека начинот на живот кој му е наметнат воопшто не му прилега, според сево ова можеме слободно да претпоставиме дека субјектот смета дека неговиот начин на егзистирање се диференцира од оној дефиниран во општествените норми, па затоа и разговорите кои ги води очигледно се надвор од неговото поле на дебатирање.
Бидејќи се користи со терминот слабаци, можеме да претпоставиме дека субјектот своите познавања ги перцепира како покруцијални од оние кои ги поседува спротивната страна.
Мразам се живо и диво и се надевам дека се живо и диво ќе пати!
Крајот, очигледно е повторно еден излив на емоции, револт кој излегува на виделина.
Сума сумарум, овој лик после 2 години сеуште битисува. Егоцентричните испади, обидите за интернет вознемирување и слично можеме да ги земеме како показател кон фактот дека неговите ставови ескалирале.
Дали имаме комплекс на супериорност на масата?
Хм.
4:10 натака