Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
А да заборавив да додадам, планирам да отворам тема - Како да направиш женско дете?
Па турвајте адети, марифети, Кегелови вежби, вежби на дијафрагма и слично.
Малце да ви противречам бе. Секако ве има многу. Гласни сте. Се што беше со ум се иссели од недојдијава.
Затоа и гласачкото тело овде е толку едногласно и дрка на такви ко Милошевич. Гледаме и кај ве однесоја таквите лидери испратени директ од Машкото Царство Небеско. Се што имавте (и можевте да имате) ви растурија и оплачкаја. Парите кои ви ги зедоја и ви ги земаат на дневна доза не се ништо. Луѓето со лицата наведнати во книгите ви ги зедоја. Тие сега работат за други држави. Места каде гласачкото тело не е 99% за Милошевич и Аркан. Места каде можат да дишат.
Балканот е тврдо-колаче. Нема играчка. Такво и нека си остани де, не ви противречам јас до толку. Биди она што си.
Со турско име - бал-кан, крв и мед. Појќе крв од мед ама нвм.
 
Испит спремам,глава боли .... Целиот сум кроки ....Само шо научив една глава,друга одма испомешав и не ми доаѓа како идеше. Нервоза ме фаќа,апла чуство што го мрзам највеќе.Никад не сфатив .
Професор те оценува за цела година со две прашања,не ми знаеш,дојди ми на друга сесија,како шо праеше еден мој драг професор кој лежи притвор сеа.
Кај и да е,чекам уште еднаш да паднам како пред 10 години.Да ми се таложи само стрес.Јеботе Македонија и живот . Попаметни не се овие со пасошите. Живот да видат барем . Ми иде и јас,пиши магаре. Барем чоек ќе бидеш за јавање.
 
Драга, еве го овај шо го лапна китот има АМА на редит, па ако сакаш да го прашаш нешто.
 
Знаеш што е кринџ? Кога во машки домаќински муабети ќе стават слика од некоја цура, и читаш коментари. Можеби треба да се размисли за воведување категорија - попатетичниот пол.
 
И оваа година не го забораваме твојот лик и дело, за нивни инает. За жал тие уште владеат со нас и одлучуваат за нашите судбини како што одлучиле за твојата но да се надеваме дека нема уште долго.

Слава ти Рацине, младината ќе те памти, ќе те памтат младите Велешани и Македонци па и нивните деца и со тоа вечно ќе живееш и ти и идеалите кои денеска се и наши идеали.
 
Мирна си веќе неколку дена Кајгано... бан за едните, страв за другите... така било, така е, а така и ќе остане
- чунки правилата се за кршење, ама ако добро ги научил човек да ги користи претходно :)
 
Дојде денот што го очекувавав цел живот, ќе пишував по Грузија ама не ми дадоа емоциите, сега пак во мене еуфорија, пукам од радост пред мечот, не ни замислувам што ќе се случува по победа, ќе гори градот, пиротехниката набавена и тоа у поголем број отколку таа за баражот, сега само се чека 18 часот и сите емоции во мене да експлодират на најјако до сега.
Колку само сакав со овој дрес носен на натпревар на терен да го носам на ЕП во Букурешт ама околностиве си го направија своето, иако обновувам пасош и ќе правам што ќе правам ама за 1/8 финале доколку се укаже можност морам да бидам на стадион !

Ајде Македонија !

200340112_232780091660494_7897838977433438970_n.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom