Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
На работа се деси една случка, некој човек се онесвестил, кога се освестил кажал дека му фалат 6000 денари и во тоа време таму била една колешка и тројца луѓе што си чекале ред. Баш кај што се онесвестил човекот нема камера. Колешката му помогнала и се запнаа сите колеги дека таа ги украла парите. Онака за инает, колку само да се направи нешто лошо, да се намести некој. И полиција викнаа.

Собраа петиција да се казни со дисциплинска зошто срамота било за институцијата бла бла. И викнаа еден куп луѓе демек сведоци и комисија. И мене ме ставија во комисијата.
Прво сведоците што биле таму почнаа. Сведоци колеги.
- Јас лично ја видов гледаше лево десно да не гледа некој и си ги прибра парите.
- Јас видов ги зеде и одма замина да ги скрие.
- Јас не видов дали ги зела, ама видов како се качуваше нагоре испаничена.
- И јас ја видов бледа испаничена кога дојде полицијата.

И сега таа кажува.
Доаѓала на раб и на скали онесвестен човек, никој не се замарал, му донесла вода, викнала брза помош и чекала, човекот се освестил и кога го качиле во брзата помош тогаш кажал дека му фалат парите и тогаш дојде и полиција. Толку.

Комисија бевме 7 колеги, никој од сведоците во комисија. Гласавме анонимно, само едно имаше дека не е крива-моето. Значи 6 колеги од комисија, околу исто толку сведоци и плус двајца раководители, околу 15 луѓе од кои тројца не ни беа воопшто присутни тогаш гласаа да се додели дисциплинска на колешката.

Одма и ја напишаа, значи одма сместа.

По два дена дојде човекот и рече дека парите ги ставил во книшката не во новчаникот, заборавил тогаш не бил при себе....

Нека не ве чуди кога друг пат ќе видите онесвестен човек а околу сите се прават дека не го гледаат....
Лајна од луѓе!
 
Слушам само шта има по ТВ-а (Лупетају)
Синови им се по геј прајдевима шетају!
не шетајте худом јер че да вас изрешетају.
Пандури верно бране ГЕЈ ПАРАДА - спонзор окупљања - ВАЗЕЛИН ПОМАДА!
Бум! Бум! Бум! - ротира буренце - не постои више јебање у дупенце!
 
Кајгано, фала Богу денеска го завршив преводот на Упатството за работа на ФГА. Колку нови кованици во техничкиов јазик, термини на кои да се утепаш не можеш да им најдеш соодветен збор во Македонскиот :facepalm: А па и да им најдеш, толку смешно изгледа, што подобро на кирилица да си го напишеш англискиот збор и мува да не те лази:toe:
 
Сакав и ја ова да го ставам тука со коментаров на оваа за знамињата на wizzair авионот.

"Солзи немам да ве исплачам" беше од диво месо репликата, ама за оваа подобро ќе биде "мочка неам да ве измочам"...
Дно.
 
Кајги
Знам дека државичкава ни е дно, вукојебина, мизерија, проклетија идр.
Но уште некој саат, ќе застанам на македонската химна, ќе запеам, ќе пуштам една солза и ..и КЕ НАВИВАМ...
Напред Македонијо..

Ајде Наши

Олеолеоле.....:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oleee::oleee::oleee::oleee::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:


 
Да го повториме предлогот на само 1 час пред историскиот настан:

Бан за сите што во периодот од 18:00 до 20:00 ќе дискутираат на било која друга тема што не е првиот настап на македонската репрезентација на ЕП

@Acid океј?
Океј.

LETS FUCKING GOOOOOOO

:oeoeoe:
 
Драгано
Вчера за првпат навивав за двајца играчи од Милано.Живот, морници, емоции упм
:несвест:

Forza Eriksen, forza Kjaer:aplauz:
 
Неможам да гледам од работни обврски, да во недела.
Ама,
Animated-Flag-Macedonia.gif


Цела моја фамилија ќе гледа, со умот сум кај нив.
 
Кајг,
немам живци со ова фудбалов кога играат нашите, типкам тука на тастаурата, као не ме интересира, а со едно око ѕиркам туууууу бе, го растурија нашиов голман!
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom