Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Погоре постот за женската интелигенција и убавина е така патетичен што човек да го жали тој што го напишал...
Работава испаѓа дека само неубавите жени (да не речам ружни...) се интелигентни, а оние поубавите и позгодните се со IQ 20, глупави, неарни во главата (цитирам од постот) итн...
Постов мене ми личи дека го напишал некој многу 'добар маж' што до себе има грдотија па си лечи комплекси со овакви постови. Друга причина не гледам...
Секој си е приказна за себе...Убава, просечно убава, најубава, грда, дебела, слаба, згодна = приказна за себе и секоја со своја интелигенција, писменост и степен на образование. Ама комплекси пусти, шО да праИш...:cautious:
 
Кајг,
се чудам како може сообраќајнава полиција да каже или поточно да се фали низ медиуми, дека деновиве направиле„ акција“ и казниле возачи кои возеле побрзо од дозволеното и под дејство на алкохол!??! па тоа треба да го прават секој ден, тоа им е работа, тоа не е продавница, па ај ќе направиме „акција“ со продажба и распродажба!:facepalm:
Кајг,
уште нешто се чудам, како може да се направи анкета низ цела МКД за условите во затворските ќелии и услови на затворениците, па процентот 100% одговорени прашања, од каде знае анкетираниов народ за условите? биле затворени? ги посетиле тие простории? има медиумски емисии со анкети како изгледа истражниот затвор и како се третира затвореникот? :toe: ова испаѓа дека анкетираниов народ во МКД се екс затвореници штом знаат да одговорат за условите на затворските соби и третманот кон затвореникот!!?? :facepalm:
 
Се ближат слави мојот орбитрек ќе биде од есенцијално значење каде што капутите на гостите ќе бидат сместени во истиот даден момент без тревожење за дефицитот на закачалки.
 
Кајгана драга, не дека си ми драга, но така те крстиле, додека вртам и барам да не има нешто ново на форумов, нешто интересно, некоја нова тема или кавга и додека минуваат саати а ништо ново, само здодевно, пак ми текна...абе стајте игри да играме, да не манијачиме бадијала:mad:
:lut::boksix::duel::kafence::oleee::uzi::shok2:
 
Драга,

Скоро со сите жени што сум бил, ми викале дека многу убаво бакнувам, бакнување што не можат да си го заборават. Во дилема сум дали стварно е така а јас не сум свесен во моите способности или сите жени лажат и на сите машки им викат така
 
Се собрале група жени и тешат една друга женска, дека воопшто не е битна големината и тоа од 5см, туку љубовта и можело цел живот да поминат среќно, само со раскажување на приказни и гледање филмови пред спиење. Да, да. :icon_lol:

Никогаш ја немав прашано жена ми за вакви работи и си викам ај ќе ја прашам што ќе прави ако таа е на местото на таа женска и гледам си ќути и после 5 минути ми праќа слика. :pos:

Screenshot_20191103-191542~2.png
 
Драга,

Ја разлистав и јас темата што ја листал Форца.
Не ме чудат тие ставови. Жените самите го ставаат сексот на некое битно, ама не најбитно нешто во врска, па затоа имаш еден куп незадоволени девојки со години во врска/брак и слично. Тешење у велико, али ќе те направат партал ако им го плеснеш истото во фаца.

Периодов се убив од гледање нови серии и на сите им најдов мана и не ги продолжив после некоја епизода. Мислам дека станав многу попребирлива од тоа што бев порано, што во изобилието на неквалитет на секое поле што го нуди животот, не само во серии, јас сум заебаната.
 
Кајги...
Чудно како расположението може да ти зависи од една личност, од едно како си, што правиш.
И кога си со еден куп луѓе околу тебе се осеќаш осамено бидејќи мислите одамна ти залутале на друго место.
 
Драга Кајгана.
Живеам во страв дека ако продолжи Милан да губи у итаљантцко, ќе морам да купам нов телефон со поголем екран за да знам кога ќе биде следното дерби на кое место на табелата се комшиките.
 
Се враќаме во саботата од семинар во Скопје и колегата пуштил радио во колата и ја пуштија онаа жалната „Не плачи, не жали“ од Куку Леле. Ја слушам и ми текна на една интересна работа од детството...

Татко ми, и порано а и сега, досадните луѓе ги нарекува „камбани“. Не сум го прашал точно зошто, ама веројатно пошто таков човек само лупа како камбана а не ти кажува ништо корисно... Небитно, и јас до некаде го имам примено како фраза па и јас така го употребувам понекогаш.

И баш нели песнава беше актуелна кога бев мал. И во текстот вика: „Не брои ги деновите, не слушај ги камбаните“. И јас дете како дете фино лепо сфатив дека типката уствари не треба да ги слуша „камбаните“ т.е. досадните луѓе и да не се замара што и зборат. И така си минеа години и дури отпосле кога го укапирав целиот текст сфатив што глупости сум мислел.

Така и ден-денес оваа заблуда ми е втора најголема заблуда од детството поврзана со текст на песна. На неприкосновено прво место ми е безвременскиот хит „Градинарот“ на Дуо Трио. Требаше да влезам во пубертет за да сфатам што значи „Ти нервозна, три дена ти касне“...
 
Последно уредено:
Октомври месец ми беше срање, покачен притисок, вртоглавици, анксиозност, сето тоа на нервна база... уште депресија фали да ме фати и да се куртулам од животов
suicide.gif


Нејсе, ми се оди во село, ми се оди во кооперација, и се прави муабет со тамошни луѓе додека во позадина тивко свири народна музика. Преку кур од Скопјево, брзиот начин на живот, загаденоста на воздухот, луѓето кои ги мрзи да живеат. Ќе споделам една мисла од Игор Џамбазов која одеше вака:
"Да живееш на село, и на крај да умреш од глад, тоа не значи дека ти си бил сиромав човек... туку си бил мрза од човек"

:uzi: Скопје
:backa: Село
 
Дк,

Пола година живеам спроти босанска бурекџилница и на два дена пред селење реков да си купам бурек да се почастам. Стрв ме фати, одам таму пола шведски пола босански се разбираме со тетката, нарачав некако четврт со месо, земање теткава да го паковат бурекот во фолии, во картони, во ќесиња. Жено дај ми го в рака завиткан со едно хартивче и не глуми лудило двете идаме од истото срање, не ти замервам.
Одам дома 5 мин го отпакувам бурекот, мајка ми на цвеќара бовчи праеше едно време ама помалце материјал користеше. Нејсе, го изедов бурекот и одам да фрлам ѓубре. Арно ама и вчера фрлав ѓубре, вчера ѓубрето собирано една недела, ова денес од бурекот. Па ми се погоди истата комшивка в лифт ко и вчера, и ми одржа лекција демек многу ѓубре сум произведвела ко за некој сам шо живејт. И Швеѓаниве не се то шо беа, обично си се нервираа во нив внатрешно ама си чутеа барем.
Низ нос ми излезе и бурекот, кај го зедов кај се запустив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom