Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Да ме стават некој фактор во државава има да ги исчистам за 24 саати сите цигани од раскрснициве, нема шанса да ги избркаш да не ти ја замачкаат шофершајбната, мршојадите не им се рамни :mad:
Поарно да ми побара 10 денари така да му ги дадам отколку да ми земе уште 250 со тоа што ќе мора да ја перам колата после неговото замачкување.
Втори на удар таксистиве, со чест на исклучоци али поголемиот дел се тешки бараби, пред неколку минути кај Мавровка на зелено светло на семафор во последен момент од трета лента во последна лева си се престрои едно копиле и за влакно фалеше да направи верижен судир на сите позади него, сапун да ги вариш ич да не ти е жал ваквите :uzi:
 
Кајги...
Нема поглупо чувство кога некој што ти значи ќе ти каже дека среќата ќе си ја бара на друго место...среќен си а не сакаш да замине :(
 
Не знам кај ми се собираат секојдневниве нервози. Абе нема ден, а да не се изнервирам поради ситница, чинам дека порано не бев ваков.

Инаку ме нервираат продавач(к)ите што нејќат или едвај ми кажуваат да ми кажат "Добар ден", "Здраво", "Чао". Разбирам да се има лош ден, и јас имам лоши денови, ама сепак и јас наоѓам снага да ги кажам горенаведените реченици.

Инаку за сите што едвај чекаме да дојде пролет, еден поздрав преку песнава

 
Драга,

Ќе дојде пролетта, уште еден роденден, година плус, за првпат предвреме почнав да си ја кажувам цифрата во глава и да се правам постара за некој месец.
Едноставно, се предавам.
Можеби годинава ќе почнам посериозно да се сфаќам, колку и тоа страшно да ми изгледа. Потајно се надевам дека нема.
 
Полесно ќе добиеш документ од Пентагон отколу фискална сметка од македонски таксист.
 
Постојано се жалиме сите дека порано било поубаво време, но кога би се замислиме и не е баш така.

- Ако сум сакал порано да научам странски јазик, требало задолжително да купувам речник и плус литература на тој јазик некои списанија за почетници, ако воопшто ги има во твојот град тие... Сега се што треба е да одбереш една од многуте веб сајтови за учење на тој јазик, со интензитет на учење каков што ти сакаш, ти пласира примери и зборови секој ден. Патем има и апликации за телефон кои може да ги симнеш ради реда и да заборавиш дека си ги симнал, но тие секој ден како нотификација ти пуштаат по некое зборче со превод, и да не ти е во план те тераат самите да ги видиш и да научиш нешто.
- Да сте разделени со некој близок, пример двајца сте пар, но од различни градови, и на лето се враќате секој дома, да ве видат домашните, бидејќи цела година сте седеле во Скопје. Порано имало само писма да се праќаат, па ти објаснувај на домашните дека си во дамла бидејќи некое девојче ти фали со месеци не си ја видел, ниту си се слушнал со неа. Или пак малку понатаму прави пресметки колку пати по колку минути да збориш од фиксен, бидејќи не беше воопшто ефтино или пак неколку години понатаму во почетокот на овој век да останувате од 1 до 5 сабајле бидејќи тогаш пуштиле мобимак пораки за 5 денари... Сега делува смешно, со постоењето на Месинџер/Вибер/бесплатни повици,пораки, можеш да се гледаш, да зборуваш, да праќаш колку сакаш бесплатни пораки, ама тогаш било проблем. За тоа што четири пати требаше да стиснеш 7ца на типките за да ја укуцаш "с" буквата, да не правиме муабет, сега во рок од 5 секунди цела книга раскажуваш на тач екраниве.
- За тв да не зборуваме, порано само два канли имало, си морало да гледаш тоа што ти е сервирано, немало ко сега избор да гледаш што сакаш. Дури и отпосле, кога дојдоа сателитска и кабловска, немало да си приклучуваш лајв стримче со hdmi кабелче, или на телефон да си пратиш некој настан, ако го немало на ниеден канал од понудените, си се помируваш и гледаш друго... Серија ќе гледаш кога ќе им текне на каналиве да ја даваат, може и после 5 години, а не кога ќе излезе на торент како сега, филм исто.
- Да не напоменувам дека порано, ако нешто ти текнало да купиш во сред ноќ, ќе си чекал до сабајлето, сега на 5 минути ќе најдеш Вили што работи до 4 сабјале, бензинска во која можеш да купиш од памперс и влошки, до млеко и брашно ако ти текне да правиш торта во 3 сабјале, пекари еден куп исто за јадење ако не сакаш месо...

Времето е супер, се оди на подобро, луѓето во него не се, ама полесно е да обвиниме нешто што нема уста да се одбрани, отколку вината да ја лоцираме во самите себе. Патем и на вашите деца, внуци за 15 години ќе им викате "е во мое време подобро беше, немаше ....", такви сме идиоти јбг, не знаеме да уживаме во сегашноста, туку само сакаме да си копаме во минатото, истото минато за кое сме викале порано дека е тапа време.
 
Последно уредено:
Драга какво време дојде, да не застанеш некој да прашаш кај се наоѓа нешто... Следниот ден може да се пронајдеш у некој од оние што ги опишуваат на фејсбук органи дека вадат... :popce:
 
Flight mode активирано,wifi исто така.Со тие што сакаш си комуницираш преку viber,за останатите корисникот е надвор од мрежното покривање.Нема појако,бесценето.
 
Доколку сакате да се вратите назад во 2008 или 2009 година не ви треба временска машина, доволно е само да ја посетите темата "Фото хумур и интересни фотки".
 
На филм се дешава некоја збрка и станува дечково што седи со некоја дама се меша во збрката да најде решение, правда да подели и ако стане жустро прво дамава ја заштитува па после се друго, се сетив додека седев во кафич и ги гледав сите мажиња и си викам не дај боже да се деси нешто ќе попискаат мажите ќе се скријат зад фустаните на жените, не знам јас не видов ништо не се мешам, мада што ни збрка нема да се деси сега секој се кара и се тепа на тастатура само, акција фали некој мачо тип избричен со смрдливи скинати чорапи да попизди да искрши масите и да подели по некоја клоца, ова галените мажиња со репчиња и шарени чорапчиња ептен пасивни и незаинтересирани.. Да нема со кој да се истепаш салам, одма ќе те тресне со ташничката и ќе ти ја искуби косата.
 
Со какви срања од луѓе сум јас опкружена, просто да се замислиш зошто се уште ги трпиш бљувотините кои ги кажуваат секој пат кога ќе отворат уста..
Затворете ја, ви труи.
 
Кајг,
добро е, идеме на потопло време, инаку завчера да врнеше дожд вчера ќе имаше метро снег !
п.с.
леле...ова е јако на ТВ вести ...главна медицинска сестра на болницата Штип вели... заразена од морбили жена од 39 години од Штип се хоспитализира, таа жена е хигиеничарка во болницата и затоа и е одредена дијагнозата.... :несвест: ....,,
 
Во Македонија овие две категори се преточени во една.

“I feel that life is divided into the horrible and the miserable. That's the two categories. The horrible are like, I don't know, terminal cases, you know, and blind people, crippled. I don't know how they get through life. It's amazing to me. And the miserable is everyone else. So you should be thankful that you're miserable, because that's very lucky, to be miserable.”
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom