Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Денешните бракови за жал кратко траат

v3naru6q.png


За неполни 10 месеци со ново видео

jffuza3s.png
 
Полошо од новопечен фитнес тренер (како пред десетина години ако ви текнува што секој беше фотограф, диџеј) што се исмејува со полнички луѓе е фитнес тренер што се исмејува со фит луѓе. Пишале на ФБ од акаунтот на маратонот дека Пола Редклиф ќе дојде во Скопје и ликов истресол доскочица abe jade li neso ovaa hhhhhh :facepalm: тоа е нус појавата кога ќе мењаш професии, од рапер, преку политичар па до фитнес тренер, јбг, тешко е да мислиш што се збори а што не се збори во секоја сфера.
 

Kje ja zhenam. Ubavica. Bashka ubavo pee, me raspolozhi.
 
Кајги,
Поминав убав ден со ново доселенета комшика.
 
Последно уредено:
Кајгии вчера беше денот шо го чекав цела недела. Требаше да се видам со чупето шо го бендисвам(патем заедно работиме) и планој цела недела како ќе бегаме ова она... Дојде денот кејј бегаме и ме прашва кога си слободен да ојме на кафе(јас во мене :zloo:) и пред бегање иди прашањето имаш женска? Јас неее , а ти дечкоо? -Actually i don't like boy's :kuracc:... уште се мислам дали ми праеше april fool
 
Синоќа за момент помислив дека живеам на Караорманска. Пладневното уживање на тераса ми беше нарушено од мини земјотрес и викотници по зграда. Сурија чекори се здадоа нагоре- надоле, бркотници по скалите. Излезе недоебената, спрат под мене и почна да се дере. "Само ако ве фатаам, ах ако ве фатаам. Ќе видите вие убаво невоспитани едни.."
Излегов на скали и гледам позади ѕидот на ходникот, ѕиркаат очи. Ќе ме видат, ќе се скријат. Им дигнав рака. Ми дигнаа и они. Ме фати некоја смеа...
Почнаа полека да излегуваат и да се отпоздравуваме: пионерски поздрав, спок, peace, дабот на Погба. :D
Пак почна да грми зградата од оваа доле:
- Синишааа, Синишаа бе. Остави тоа фудбалот, дојди ваму да ги воспиташ дечиштата.
Овој и се дере од внатре.
- Тргај ваму бе кога ти викам. Со тебе ли ќе се расправам цел ден. Оди фати ги и превоспитај ги.
Ете ти го Синиша истрча надоле по скалите. " Сега ќе ве фатам, мамичето мамино ќе ви го расплакам." Не ги најде па почна мрзливо да се качува до горе..Овие одма се сокрија од страв. Му викам, што се деси бе комши?
- Абе дечишта некои, невоспитани, ѕвонат на врата, досаѓаат. Не можам на раат фудбал да гледам.
Аааа тоа ли е работата. Ко божем којзнае што направиле. Се разбира, не ги најде и на крај си отиде. :)
Ја одма на децава сигнал да фаќаат патот полека надоле. Овие ја дувнаа. Додека се свртев, ги снема. Се вратив на тераса онака насмеан. Гледам во двор на зграда десетина деца како ми салутираат. Ми го направија денот. :aplauz:

Утрово идам во маркет да пазарувам. Стојам до тоа рафтовите и се мислам што да земам. Поминуваат едни родители со дете. Малиов се врти на кај мене и ми праќа пионирски поздрав.
Oва е почеток на едно ново пријателство.

Поздрав до дечките од Аеродром.

Soviet-photojournalist-Vasily-Kafo-2.jpg
 
Драга,

Ништо полошо од тоа да ти се одовлекува пмс-от повеќе од што треба. Се заглавуваш во некое такво бош, тапо расположение во кое за ништо не те заболе. Ех, има време, ќе биде, не ме замарај. Колку лошо толку и добро уствари. :D
Пак си купив нова книга. Саем годинава изгледа нема да има ни во Борис. На месец пред демек одржување они уште се договарале, така што, џабе се израдував дека таа недела ќе ми се поклопи со роденденската. Се надевам дека нема да добијам уште некој коментар дека книги сега се читале во пдф. Книга се знае како се чита, физички да ти е тука, мирисот на книгата, да се нервираш дури ги вртиш тие страниците и не стојат како што треба, па и да треснеш нешто ако пишаното те изнервира. Книги во пдф се читале, кои ретарди. :kuracc:
 
Драга,

Вчера ги напишав најбудните емоции што ми дојдоа за неа. Којзнае зошто ни доаѓаш, Сила наша.

Утрински сеанси за себебе. Прекрасно звучи. Две во едно. Интересно за да се напише. Што се чувствува; е космос и материја. Не верував дека толку ќе станам осетлива на светлосни промени; ама ги гледам. Подобро е да споделам.
Има некоја неподнослива леснотија во станувањето потешка секој ден. И во тело и во емоции.

Слушавме африкански битови и племенски заспивалки за бебиња. Посакав да ги гушнам сите мајки на светот. Новата димензија се отвори. Небитно ми е меѓу луѓе. Смислата си доаѓа од внатре. Нема друго чувство како овој страв и катарза дека ќе станеш нов човек давајќи нов живот. А ветеров ми мириса на келтски алгирани мориња. На Сирша и ѕвездениот прав од очи и митот за детето бела фока. Ќе и раскажувам ѝ неа, дека секакви нѐ има. Се расплакувам наутро. Собата е розова утроба на фламинго. Тој спие до мене и аура на лук и вчерашни електрицитети го облева просторот. Го отворам прозорецот и слушам бранови. Нема поважно од добар сон опточен со кратки будења за да го провериш пулсот на својот страв.
Контактот со себе внатре е јазичен и полн препреки кога замижуваш. Мирис на подрум, пекарница или обичен звук на чекори, ти прават толку лесно да се отклониш од замисленото. Предолго сум давала шанса на невистинитата стварност. Никому не должиш објаснувања. Ако ти се плаче од тага што се собрала во најмалиот ќош на прстот, извади ја. И не заборавај да пиеш вода и тивки зборови. Одредени луѓе ми стануваат поинакви во визурата. Не ги гледам само јас веќе. Имам почист перископ. Најдоброто е што вчера доцна купив кафе и утрово свежо ќе го дегустирам. Имам и домашни еклери. Камбаната се одзва. Балконот ми е спремен за нови цвеќиња и шери домати. Си ги гледам сенките од сонцето во дневната соба. Паѓаат директно врз картонскиот кроки урамен цртеж на Боуви. Ја преживеавме ли Месечината, војводо?
Имам совет. Скришум е напишан и на тело. Не плаши се. Во тебе има и клуч и врати. Некогаш е преполно луѓе. Кажи им да си одат. Тивката вода не го рони, го храни брегот. Нашата перцепција го деструира секој благодет поголем од нашите општочовечки апетити. Сакам Љубаништа со нив двајца летово. Ќе перам на рака мали парчиња сон. Ќе има макало и белвици. Навечер јамб и неспокој ко на јадица дека сме поголеми од она што можеме да издржиме. Книгата ја напишав за да имам нов дом. И навистина бидна. Понов дом од ова што досега си создадовме, не постои. Во него има љубов и многу несоници. И многу грижа за ситни бемки и лузни. Не планирам. Само многу силно сакам да се случиме. На универзумот му оставам мирно поле. Не можам да му дадам кога и јас од него излегувам. Оставај мирно поле зад себе. Ваљда има смисла. Сега сфаќам дека завесите се полни со кружници и мандали. Дека отворчето за оџак е ставено од создавањето на зградата. Дека околу мене има многу меки и обли форми. Ќе да е тоа зачнување мисла.
Набљудувам. Не можам да знам. Она што го гледам е слика на реалноста испреплетена со мои проекции. Ќе почекам да се расчисти и одам да го будам и да варам кафе. Сакав и дејствував и не се колебав. Си го згазнав егото неколкупати, си ја изголтав гордоста бескрајно многу. А уствари не требало ништо. Баш ништо. Само мирување додека нештата се наместат додека ти им даваш координати. Трчаме. Затоа губиме насоки на пола пат.
Колку ниски и колку високи фрекфенции се во прашање; wow. Човечкиот ум е една непредвидлива релјефна мапа полна структуирани кодови. Најинтересни се микро грешките.

Точно една година заеднички чорапи се вртат во машината за перење. Го памтам мирисот на станов кога влеговме. Надеж. Тоа си ти.
Тоа сме ние.
 
Јас не знам каков е тој живот во Македонија, да се направи цело време мобинг на работа за да се казнат службеници за да се напуни касата на државата, се покачуват цените на гориво, платата останува иста!!!! Ахх тоа ли е тој живот хммммм
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom