Синоќа за момент помислив дека живеам на
Караорманска. Пладневното уживање на тераса ми беше нарушено од мини земјотрес и викотници по зграда. Сурија чекори се здадоа нагоре- надоле, бркотници по скалите. Излезе
недоебената, спрат под мене и почна да се дере. "Само ако ве фатаам, ах ако ве фатаам. Ќе видите вие убаво невоспитани едни.."
Излегов на скали и гледам позади ѕидот на ходникот, ѕиркаат очи. Ќе ме видат, ќе се скријат. Им дигнав рака. Ми дигнаа и они. Ме фати некоја смеа...
Почнаа полека да излегуваат и да се отпоздравуваме: пионерски поздрав, спок, peace, дабот на Погба.

Пак почна да грми зградата од оваа доле:
- Синишааа, Синишаа бе. Остави тоа фудбалот, дојди ваму да ги воспиташ дечиштата.
Овој и се дере од внатре.
- Тргај ваму бе кога ти викам. Со тебе ли ќе се расправам цел ден. Оди фати ги и превоспитај ги.
Ете ти го Синиша истрча надоле по скалите. " Сега ќе ве фатам, мамичето мамино ќе ви го расплакам." Не ги најде па почна мрзливо да се качува до горе..Овие одма се сокрија од страв. Му викам, што се деси бе комши?
- Абе дечишта некои, невоспитани, ѕвонат на врата, досаѓаат. Не можам на раат фудбал да гледам.
Аааа тоа ли е работата. Ко божем којзнае што направиле. Се разбира, не ги најде и на крај си отиде.

Ја одма на децава сигнал да фаќаат патот полека надоле. Овие ја дувнаа. Додека се свртев, ги снема. Се вратив на тераса онака насмеан. Гледам во двор на зграда десетина деца како ми салутираат. Ми го направија денот.
Утрово идам во маркет да пазарувам. Стојам до тоа рафтовите и се мислам што да земам. Поминуваат едни родители со дете. Малиов се врти на кај мене и ми праќа пионирски поздрав.
Oва е почеток на едно ново пријателство.
Поздрав до дечките од Аеродром.