Драга Кајгана (виртуелен дневник)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Драга Кајгана,
Убаво рекле, какви ти се мислите таков ти е животот.
 
Луѓево, дали нееволуирани или обземени со таа нивна желба да се изборат на пиедестал се чудни, стварно чудни суштества. Не ми е јасно зашто скоро секој се води од оној анималистичко-приматски нагон да биде центар пажња, создавајќи привид дека е најсилен. Барем меѓу животниве, се знае... тој што е најјак/најспособен у ловење/акција , никад не е гладен и ќе ебе, кај нас тоа е never ending competition, пошо нели сме еволуирани и мора да имаш социјален арсенал за тоа како ќе создадеш привид кај останатите собитија дека си најдобар/најдобра.

Преку кур ми е од луѓе, најсериозно. Вчера, по којзнае кој пат бев присутен на "собиранка/искачање" кое за 15 минути се претвори во "арена за лечење комплекси, мерење курови и глумење алфа мажјаци и кралици". Ќе си речеш, ајде у присуство на женски стануваме такви ние машките,јер има потенцијален "плен" у близина, ама не ... level up направија луѓето. Веќе не бираат ситуација во која што сами ќе се истакнат "колку се јаки,моќни,цареви,кралици,центар на универзум" (ова го зборам за двата пола).
До толку се замараме за мислењето на другите, што тоа ни завладеа со умот, буквално луѓево живеат за мислењето на другите . До толку сме заглаени у глумата која демек ни носи (привидна) душевна благосостојба бидејќи у "арената на курчење и изигравање мангупи/кралици" мораш да бидеш однапред психички спремен тип топ.
Собир/дружба со релативно поголема група на луѓе (4ца па нагоре) веќе ми е досадна и излишна.Тапа. Губење време е да слушам близок/неблизок/блиска/неблиска како со зборови сака да си го boost-не егото и да добие привид на вишо битие само затоа што соговорниците ќе слушнат посолена приказна околу тоа колку е cool,убав/а, паметен/а,јак/а, интересен/а и тн и тн.

И таквиот мајндсет на македонскиот народ (особено на младината) е присутен скоро секаде и во секаква ситуација. Многу ретко, ептен ретко се случува луѓе да седнат и да праат најнормален и најрационален разговор, со единствена цел да си поминат убаво, да станат поквалитетни суштества преку разговор и приказ на дешавки. Едноставно да шират позитивна енергија меѓусебно. И сите да ја делат таа енергија која ќе не напраи подобри битија сите заедно.

Сум глеал луѓе како буквално менуваат боја на фаца коа ќе слушнат дека некој (објективно) прогресирал кон подобро, дека некој (објективно) ги надминал во нешто, некаква особина, или дека почнал да фура добри и здрави навики. Онака, инстант љубомора и исфрустрираност настанува. Ко болка да чувствуваат во тој момент. Незнам психички као тоа се дефинира, ама дефинитивно е одраз на ниска самодоверба и очигледно преголемо замарање со животот на другите. А за жал, се помалце и помалце луѓе ја немаат таа психичка маана. Вистинска реткост станаа "нормалните" во денешно време. Нов тип на endemic species.
 
Некни на куманофски:
Њекња : )

Додуше у Куманоо збор њекња га употревуеф по села, тоес ако каеш њекња, одма си сељак
Не сте сфесни колко се разликуе куманофски у град и куманофски по села. Скроз различно
А какфи имиња имаф некои куманофски села...
Цфетишница
Пукофско
П'клиште
Беле Грамаде хахахах
Лопате
Скачкофце
Војник :eek:

Драа
Онј пут е градски превод за њекња хаха
 
Драга,

Не може да биде пооткачено од ова.

Седам дома, покриена со три ќебиња, си мезам салатиче и рокам Блага Петреска и Евто Пупиновски.

Нек се угоде.

М

 
Дечки, Донев беше јасен на два пати за цитирањето, после ќе испадне не знаев, не прочитав, не видов...
 
23905593_1492680720846882_3925992745337323832_n.jpg
 
Мрзаам :mad: Месец дена не си работел,па мора да почнуваш на ново место и втора смена со влечење и куку-лекање дека сакаш да останеш дома у кревет .... Претходно,двојна смена на нозе,нема проблем баце,че останам ....Сега ми треба кран да ме дигне на нозе:giggle: Морам зш требаат пари,ама не сакам,ама сакам ......:oops:
 
Не знам што е поголема казна, да влезеш и да читаш во група за трудници и мајки кај што имаш параноични жени на куп или да читаш во групана ѕид на сообраќаен срам кога ќе почне секое второ копито да постира слики од шалт таблата како некогаш кренал 200.
 
Сум станал налик патетична средношколка несреќна во љубовта. Вчера се начукав и оп залепив некое " ja mislicu na tebe" видео на фејсбук. А доволно сум возрасен за такви работи. Боже Господе ( се крсти ).
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom