Денес имам сто крилја да полетаааам.

Па Бога ми со тие глупи штикли, порадо ќе полетав, него ли што одев.

Иако достигнав рекорд, двапати по ред ги носев, а не паднав, што е за мене немогуча мисија.

Али болат нозе, мајко мила.

Може не паднав со штикли, ама паднав со патики, хаааааа.

Нема више циле - миле, стиго Миле, Китиќ Миле.

Ај, ај, доста.
Другарка ми ми рече да сум и' извадела нешто од ташна. Кога се распошлакав цела во не доволно затворени пудри, кармини, шминки, лом се направив.

Кај мене на пример е обратен случај.

Мојава ташна повеќе наликува ко да е сопственик некое детенце од забавиште.

На свадба, на испит, на кафе, каде и да одам, јас мора со мене да носам карти за играње, коцки за јамб, листови... дури и тетрис може да се најде.

Од кај знаеш бе кој ќе ти побара да играте карти?

Замисли идеш на испит и професорот ти вика: - Не носиш карти, не може да полагаш. Ако сакаш да полагаш, треба да ме победиш у макао.

Замисли сеа таква ситуација. Само замисли. Таква можност не се пропушта бе.

Башка тоа дупли шпил секогаш мора да се носи, можда брич ќе сака да играте, ако ти фали поенче за 6ка.

Или замисли, идеш у продавница и ти вика: - Ааааа, немаш тетрис, не може да купиш леб. И ти шо ќе праиш? Ееее, нема шо да праиш. Затоа ќе си носиш и тетрис.

Штета што монополот е многу голем, па не го збира.

А кога ќе размислиш, еее, којзнае што сѐ може да ти се случи. Замисли се будиш, ти доаѓа тој Ѓаволот од Том и Џери, со тоа таквото ѓаволско стапче со 3 боцки и ти вика: - Ти, за да се спасиш мора да носиш коцки за јамб иначе идеш у пекол.
И ај сеа да не набројувам тука случки шо најверојатно ќе се случат.

А бе ајде, шминки, не сме мали деца.

Малку се занесов изглеа, нема везе.

Уживај бе па и ти, еееее више па.
И овој пмс, колку го мрзам значи, ненормално.

Ако за нешто љубоморам на машките, тоа е само ради тоа. Добро, и што немаат потреба да видат колку боли топол восок. Иии што нема потреба да носат штикли.

Нејќам да мрчам, али некако све ме нервира, бе.

Ај, ќе помине.

И за Владо Јаневски ти кажав колку го сакам? Ете, сеа ти кажувам.

Рататтатата, нууууусе нусе. Хој море нусе хој.
Ај, многу се раздрндав, не чини. Идам да спијам, чим си запнала толку. Ај, чао.
